Не знам каде да го поставам прашањево. Знам дека е рано ама ако Со каков градник носите маички на ремчиња? Оној без рамки што е мислам дека би ми паднал во секој момент и не би ми било удобно
Јас би ти рекла бели или жолти.Најубаво ми се сложуваат со бојава.За сребрени,не би ми изгледале добро на ваква боја на фустан.
@L.i.n.a.a - Златни би биле универзални (Ќе го смират и неутрализираат синото) - Нежно розеви и лаванда боја (може и металик) - Бордо (зависи од дизајнот на фустанот) - Кафеави (зависи од пригодата)
Секакви, само црни и сини не. Циклама, зелени, жолти, портокалови, црвени, кафеави. Битно нијансата и интензитетот на бојата да се погоди.
Можеш да одиш со најсигурна форма - црна штикла или иста боја на штикли како фустанот и иста боја на мали класични обетчиња искомбинирано со црна мала ташничка
што мислите на ваков фустан дали е потребно да облечам нешто горе за свадба во ресторан ? и на пример што..
@Sielo❤️ Мантил со класична должина или вака помодерно и помладешки, до самиот струк на фустанот: Ако е во лето ептен, не мора ништо. Носење на долга марама преку рацете ми е повеќе за повозрасните дами.
Фала ти сега за скоро ми е. Инаку да те прашам да не спамирам во другата тема пак, да не имаш сретнато нешто ваков фустан или во овој стил , да ми предложиш.
@Sielo❤️ Да разгледам и ќе пишам баш што ќе најдам Иако не ми текна каде имам ваков видено, дефинитивно провери во Ламас, Нана, Тед Бејкер, Бела, Макпримат, Мотиви. Тој тип најчесто таму го имам гледано. (Исто провери и во други бутици за свечени фустани) Во случај да не најдеш сличен, можеш да пробаш да искомбинираш слично (цветно, тул, А-форма итн.) здолниште со елегантен топ. За ова може да комбинираш и од Зара, Манго итн. Во продолжение некои предлози, од она што видов досега Спојлер: Предлози Фешн Груп / Guess https://www.fashiongroup.com.mk/fustani/424584-fustan Нана Ted Baker (Овој е посличен во шарата повеќе) https://tedbakermacedonia.com/collections/dresses-2/products/womens-lovez Манго (Не е сличен, но исто елегантно цветен) https://shop.mango.com/mk/women/dresses-and-jumpsuits-midi/printed-pleated-dress_47005881.html Модиш Ако утре наидам на нешто ново и поблизу до тој што го постираше, секако ќе допишам Не знам инаку и какви други да ти предложам (и која возраст отприлика е во прашање, да не ја утнам). Ако имаш и некој друг модел во предвид или друга замисла, слободно постирај
А што да облечам, може предлог? Постојано сум во панталони, фармерки, тренерки ова би ми било после 100 години фустанче да облечам.