@Baby-Blue Според мене, костумски (полиестер, мешан со вискоза, штоф, итн, различни се на состав) и кожени сукњи. Пример: Може и плисирана кожа
Ваква боја на фустан со каква боја на обувки оди освен на сребрени? Имам крем лак салонка но не сум сигурна колку одговора...
@Butterfly1212 Ќе одговараат. Други бои што исто може се бели, розеви/виолетови (медиум или нежни), нежно златни, црни (пр. сандали со ептен тенки ремени). Се зависи од моделот на самиот фустан.
@Hortenzija Може, ќе одговараат. За првиот фустан: Бели или вакви, а може и нежни маслинести За вториот вакви, а може и некоја жолта нијанса
@Astra. Според мене вакви. Медиум крем да го неутрализира бордото, а кристалните детали да го надополнат неговиот светкав изглед. Сандали т.е отворен дизајн без платформа да парира на лесниот материјал и кратките опуштени ракави. Ем елегантно и модерно, ем освежително
Фустанчињата се предобри,баш како за сезонава. Со старки во која било боја мене би ми се сложиле,бидејќи,старките на се се сложуваат.
Фустанот ќе го носам на свадба, со какви штикли можам да го комбинирам? Бели, сребрени? Исто и за чантичка ме интересира
Бели сребрени крем црни, зависи какви имаш. Подобро е слика да ставиш, пример теоретски сребрени ке изгледаат најдобро ама ако имаш црни со тенки прерамки тие ке се подобри.
@koritsaki Според мене, вакви. Во ист син тон како фустанчето, но металик или со ситни светки, со цел да го надполнат светкавиот изглед на фустанот. Така целосно ќе биде супер елегантно. А сини исти како фустанчето бидејќи колку што те имам забележано во темата за коса или шминки беше, имаш баш уникатна фризура и боја на коса. Па така лично мислам дека било каква друга боја, бела, сребрена и слично само ќе создаде непотребен дефокус. На овој начин сметам комбинацијата ќе биде ем компактна, без да биде здодевна и скроз ќе те надополни/истакне. Фустанчето, како и самата ти сте доволно уникатни, па не треба ништо плус или различно. Може и вакви, малку нагоре што се врзуваат. За чантичка, може едноставен clutch во медиум сребрена нијанса.
Здраво.Совет ако може за полуматурантка?Со фустанот дали повеќе одат патики converse со платформа или сандали?
Сандали. Ако не сакаш на штикла да се, можеш рамни сандали, преубави модели има. Нежен е фустанов за со патики да го носиш.
@Ermina Mina Според мене, Converse со платформа и тоа ваква боја. (Може и друга пастелна секако). Бидејќи патиките ќе го "ублажат" делот со проѕирен корсет за возраста, а од друга страна совршено ќе го надополнат долниот дел на разигран начин. Односно фустанот и не е толку нежен, иако е бел, бидејќи надолу има специфичен помасивен и слоевит тул дизајн. Па вака би било штосно, ултра модерно и нежно за една полуматурантка. Barbie vibe
Дали фустанов е ок за на свадба? Има каиш на половина, на сликава гледам нема. И како би го комбинирале, со какви штикли и накит и ташна? Дали фатена коса или пуштена повеќе би одела? Ваква боја е А еве го моделот поубаво да се види
@Emotional123 јас би го носела со сребрени штикли и сребрена ташна, а за косата можи пуштена извиткана брановидно
Да, преубав фустан. Сега се во мода овие фустани. Јас би носела впечатливи сребрени обетки со кристали, би носела пунџа со напред пуштени и извиткани прамени. Сребрен плик и сребрени сандали исто така.