1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Emotional123 Според мене, вакви. Крем пвц со сребена панделка. Ем ненападно да парира на опуштениот дизајн на фустанот, ем гламурозно за пригодата.

    Фустанот е елегантен, но е лежерeн гламур. Па така, треба да ја следиш таа линија на лежерност при комбинирањето.
    Односно, класичен свадбарски кич изглед треба да се избегнува.

    Истовремено поради должината и материјалот, најдобро е slingback тип на сандали т.е што имаат ремен позади (како првите). Сандали со ремен напред само непотребно визуелно ќе те сечат.

    2315110111_2_1_1.jpg
    Линк од Зара: https://www.zara.com/mk/mk/сандали-од-винил-со-потпетица-и-панделка-p12315110.html?v1=255009109&v2=2187767
    [​IMG]
    Линк од Манго: https://shop.mango.com/mk/women/sho...l-sandal-with-rhinestone-detail_47094403.html

    За остатокот од аксесоарите:
    Чанта во темна кристална боја. Ту мач би било сето да е сребрено. А вака поцелосно, исто ненападно и нема да го двои изгледот на посебни делови.
    [​IMG]
    За косата, зависи од типот. Но, цели кон едноставно и софистицирано. Може брановидна, испеглана или во ниско коњско опавче.

    А изборот на накит пак ќе зависи каква фризура ќе избереш. Ама пак да биде нежен.
     
    Последна измена: 7 јуни 2023
    На IRBBB, mal.ecka и Emotional123 им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.580
    Допаѓања:
    40.010
    Пол:
    Женски
    Дали си имала до сега вакви сандали? Дали се удобни?
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Emotional123 Мораш да си пробаш, бидејќи според мене,,тоа е многу индивидуална работа.

    Пример сестра ми и мајка ми душа им вадат на нивните пвц штикли, уживаат да ги носат, а јас помалку :D

    Тие од Зара напред имаат тенок ремен само, не е цела нога пвц, па не би требало да се неудобни.

    А ако прашуваше за дизајнот т.е со ремен назад, такви носам и рамни и штикли. Мене ми се топ, баш пријатни, ама пак сечија нога е различна и најдобро е да си пробаш :f:

    Во случај да не ти одговара калапот и дизајнот, ќе предложам други за фустанот, ќе се најде решение :*:
     
    На mal.ecka и Emotional123 им се допаѓа ова.
  4. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.860
    Допаѓања:
    7.342
    Пол:
    Женски
    Лани носев на свадба сличен фустан, можеш со прозирни сандали како што ти кажаа погоре, убаво ќе стои пошто се нежни и фустанот ќе биде во преден план. Ама имај во предвид дека ако ти се потат стапалата, пластиката станува заматена и тогаш не изгледа убаво. Можеш да искомбинираш со металните тенки каиши (има во синсеј/ла бутик...) и ташната и сандалите да одговараат. Ама у секој случај сандали, пошо класична штикла не стои така убаво, испробано. За накит, нешто мн нежно и не премн накит. А за косата, како тебе ти стои најдобро според лицето/вкусот така.
     
    На Emotional123 и marsilia им се допаѓа ова.
  5. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    2.477
    Пол:
    Женски
    Мене такви пвц штикли не ми се допаѓаат како стојат и не се комотни, само вака на слика се убави кога се сликани. Се поти ногата во нив, се лизгаат и тоа после изгледа ужасно заматено како што ти напиша и @Selena01.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.287
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Јас два пара имам, не ми потат нозете, не ми се заматуваат и многу ми се удобни. И едните и другите ги имам земено евтино, не се некој бренд.
     
    На mal.ecka, Emotional123 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Потењето и замаглувањето е исто индивидуална работа. Ете и јас имам носено и никогаш сум немала таков проблем. Ниту пак сестра ми, ни мајка ми.

    А во секој случај постои спреј за сталала за таква намена (против потење), како и посебни трикови за носење пвц чевли, па дури и за лизгање на стапалата.
     
    На sani99, mal.ecka и Emotional123 им се допаѓа ова.
  8. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    1.325
    Може ли слика од тој спреј да споделиш и каде има да се купи ?
     
    На Polyincognito и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @sani99 Мислам дека во секоја аптека има, бидејќи има повеќе избор на различни фирми. Има во форма на спреј, пудри, дезодорантски креми за стапала итн.

    Еве на Фитофарм
    https://fitofarm.com.mk/mk/product/спреј-за-стапала/

    Во Зегин
    https://zegin.com.mk/mk/esensa-dr-plant-pudra-za-stapala-100-g


    https://www.zegin.com.mk/mk/lidera-deo-krem-za-noze-50-ml

    И по Авон и Орифлејм имам среќавано
    https://mk.oriflame.com/products/product?code=33034

    А против лизгање на стапалата напред, трикот е да се нанесе лак за коса :D За се има решение :*:
     
    Последна измена: 8 јуни 2023
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    16863949456783489132448655435911.jpg прслуче е ,го добив на подарок ама не знам како да го комбинирам. Како топ нема шанси немам толку самодоверба :)
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    11.818
    Пол:
    Женски
    @Гладиоли бидејќи е украсен јас би го носела или со бела или со црна кошула. Со нешто вакво
    Screenshot_20230610-131035_ZARA.jpg
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.860
    Допаѓања:
    7.342
    Пол:
    Женски
    Јас ваквите прслуци ги носам како корсет со над него некоја свилена кошула, и притоа можеш да ја подоткопчаш кошулата и нема да е вулгарно бидејќи како што гледам има чипка до врат градникот. Или над градникот можеш да носиш од оние попрозирни свечени маички.
     
    На Glowy и Гладиоли им се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Гладиоли Според мене, вака.

    Бидејќи е halter neck тип т.е со дизајн затворен горе околу вратот + груба чипка, не може баш да се носи под класична обична блуза.

    :*:За секојдневна комбинација
    (Како за излегување и слично)

    Горен дел: Лелав проѕирен дизајн што горе е исто затворен, за да одговара и го следи дизајнот на градникот одоздола. Што почист едноставен дизајн, колку да те прекрие, но не и да те затвори.
    Screenshot_20230610-144608_Chrome.jpg
    Линк од Зара: https://www.zara.com/mk/en/semi-sheer-asymmetric-top-p03048036.html?v1=254066563

    За долен дел: Може било што со повисок струк. Тоа претежно зависи од твојот личен вкус.
    Може убави модерни фармерки, долго или кратко здолниште (кратка кожена, лелеава долга, костумска), поелегантни панталони итн.
    За боја, долниот дел не мора стриктно црн да е.

    :*:За свечена пригода:
    Фустан со вака исечено деколте, при што чипката на градникот ќе го надполни фустанот и ќе ти даде halter neck фустан.

    [​IMG]
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  14. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    2.767
    Пол:
    Женски
    Ќе одговара ли со сребрени сандали и плико?

    Screenshot_20230612_102823_Facebook.jpg
     
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    На spacegirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.580
    Допаѓања:
    40.010
    Пол:
    Женски
    Женски ми треба совет за приѕирно бело фустанче.
    Тесно е, кратко, ама ми се познава вешот, т.е се гледа.
    Не ми е пријатно танга да носам, ќе има доста возрасни луѓе, најголем дел мажи, сите роднини, а во тесно просторче. Се осеќам ко газот у фаца дека ќе им го пикам.
    Тие што се гаќички без рабови, за 2 мин кај мене стануваат танга.
    Има чаре?
     
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Има едни тенки, подсуќни ги викаат мислам. Да побараш по продавнициве за долна облека, или пак мислам дека на Женски Пазар ги има. Ама зависи каков е моделот на фустанчето, работата е да не се гледа од некаде. Вака изгледаат: 025_ok.jpg
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Emotional123 Според мене, решението е носење тесен слип во неутрална или бела боја.
    Screenshot_20230613-112206_Chrome.jpg
    Линк од Yamamay: https://www.yamamay.com/hr_en/shaping-chemise---principessa-bind99x003/p?skuId=1142

    Или ваков обичен горе или без прерамки, се зависи од дизајнот на фустанот нагоре.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Или само долен дел обликувач како здолниште.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 13 јуни 2023
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Не најдов таква тема а мислам дека оваа е најблиску до тоа што го барам
    Не носам многу фустани но сега летово сакам да почнам повеќе да носам, ако може да ми предложите некој модел на пошироки фустани кој би можеле да се носат со патичиња, по можност кратки бидејќи мислам дека долгите не би ми стоеле убаво :inlove:
     
    На TinkaGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Kumanovkaa :f:
    Според мене, еве неколку идеи за какви фустанчиња најдобро би стоеле со патики, а да се кратки и пошироки.

    Најдобро е исто самото фустанче да биде опуштено т.е или медиум лепршаво/лелеаво или со ластик некој модел.

    Можеш на 3/4 ракавчиња, може со спуштени рамена, квадратно деколте итн. Но, исто така имај во предвид и дизајнот на патиките да биде нежен, не некои премногу груби/спортски секако. И не мора да бидат строго бели.

    За боја, зависи што најмногу сакаш да носиш. Може со принт, а може и еднобојно, не е спорно.
    plus2.jpg
    mccall.mitchell.jpg
    9a7817908fc7cec67cec920e09d7e268.jpg
    GettyImages-1160856717.jpg
    6f811764cfdf4747dd5c135a250e7ca2.jpg

    За тоа каде да најдеш вакви некои фустанчиња, провери по бутиците како Зара, Бершка, Страдивариус, Њујоркер, Котон. Секако и по локални бутици и Инста страни може да се најде :f:
     
    Последна измена: 21 јуни 2023
    На Kumanovkaa му/ѝ се допаѓа ова.