Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Или пак со фармерки (цефка) можеш и со штикли да ја носиш, овде се и балетанки, римјанки..
     
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Блузичката ми е баш јака, и би ти препорачала да одиш со што е можно потесни фармерки, најдообро е црни за да има контраст.
    Не би одела со сиви и розеви хеланки зашто ќе се изгуби блузичката ако ја комбинираш со исти бои.
    На нозете високи штикли, ако имаш розеви или сиви ТОП!
    И можеш црни долги обетки
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Шери.
    Или многу тесни црни панталони, или пак некои убави црни хеланки, ама така подолги(ваљда ме разбираш)
    Е јас би облекла и црни чевли, од причина што маичката сама по себе е шарена и доволно е само таа да се издвојува од останатото на тебе.
    Од накит, или црни поголеми обетки, или една така поголема алка. ;)
     
  4. fashionista-15

    fashionista-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    Имам кремови балетанки.. со што да ги комбинирам?
     
  5. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    131
    Со црни цевка фармерки и сиви салонки одма би ја носела 8)
     
  6. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    [​IMG]
     
  7. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Со што не..кремавото како боја не е тешко за комбинирање,еве неколку лесно изводливи идеи.
     

    Прикачени фајлови:

  8. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Сакам да носам светло плави цевка фармерки, плава кошула со цветчиња, кафен (како таа боја што се носи сега) дебел каиш и иста таква боја ташна, црно палто и црни штикли на плута...
    Одговара ли вака комбинацијава???? :^) :^)
     
  9. andgodmadefashion

    andgodmadefashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Prvo da kazam deka mi se dopga sajtot!
    Jas ziveam vo Belgrad i pisuvam moden blog so aktuelni temi od modata a i nudam razni ideji za sekojdnevni kombinacii....
    Povelete posetete i pisete mi***
    www.andgodmadefashion.blogspot.com
     
    На LinaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    мислам дека тоа е супер комбинација, освен црната боја...што знам можеби ке одговара бидејки имас и црни штикли но, се плашам дека ќе биде премногу шарено, можеби грешам но, сепак види си.... :) ;)
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Девојки, ај чисто онака да ве прашам и замолам за совет, затоа што повеќе ума секогаш раѓаат подобри идеи, иако сум доста своеглава кога се работи за мода ама прифаќам секакви предлози :)

    Ситуација: свадба кај многу блиска другарка.
    Време: топло, жешко, скопско лето.
    Намена: ем да сум убава и лепршава ко за на свадба, ем да сум едноставна, ем да не сум вриштечки накинџурена, ем да го искористам аутфитот и за други излегувања.

    Си го таксав ова хаљинче.
    [​IMG]
    Предлози? Може? Не? Со што? Итн :)

    Се мислев со едноставна црна плик ташна и некои црни кондурчиња ама и ако имате и други идеи, повелете и многу ќе ми помогнете ;)
     
    На la-chicka, rossonerka и girl1985 им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.225
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    И јас да ве прашам за помош.
    Замислете фустан сличен на овој [​IMG]
    Само горниот проѕирен дел е ист како долниот (без шара) и има V израз. И нема такво што се врзува на струкот.

    Како би го комбинирале? Само не ми велете да ставам каиш - тоа ни кога би се работело за живот или смрт :D

    Едит: Ситуација - свадба, важна. :)
     
  13. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Со што да го искомбинирам ова со црвени, сребрено или бело..(пликче,накит,сандалки и нешто на косата што ќе имам панделча на пример)
     

    Прикачени фајлови:

    • RB4912.jpg
      RB4912.jpg
      Големина на фајлот:
      69,8 KB
      Прегледи:
      359
  14. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    Како би го комбинирале? Само не ми велете да ставам каиш - тоа ни кога би се работело за живот или смрт :D



    Јас би ставила долги менѓуши и некоја преубава нежна алка, борди салонки и борда мала ташна со темно црвен кармин, а косата би ја врзала во пунџа :)
     
    На unique123, LivingGlam и LoVeR им се допаѓа ова.
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Прво за Пирамидка:
    Фустанчето е бонбона.
    Како што кажа сама, за свечена прилика и јас би одела со црни чевли и црна чанта, само да не бидат тоа салонки, зошто се страшно досадни!! Друга варијанта која ми текна мене, е да комбинираш со крем-кафеаво, некоја нијанса на темно крем, ни јас сама не знам како да се изјаснам. Камила боја :D
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    чанта слична нијанса.
    А за накит можеш на златесто и бронзено.
    Ова е еден предлог, што мислам ќе направи да делуваш многу свежо и не монотоно. :)


    Ливинг, со црново имаш доста избор за комбинирање.
    Јас би облекла некои виолетови чевли и би ставила сребрен накит.
    Или пак, на нешто посигурно ако одиш, со крем чевли и накит на бронзено и златно.
    Моја препорака е да не облечеш црни штикли, не знам зошто тоа на сите им го викам, ама во твојов случај многу би те затворило.
    Ако изразот напред е подлабок, оди со некое убаво ланче-камче. А ако е позатворен, стави си поголеми обетки.


    И за Lover уште да кажам.
    Не би комбинирала ниту со црвено ниту со бело, од причина што малку комбинации вакви делувале пријатно за око. Во тој случај, најсигурно ти е сребреното.
     
    На Angiie, FBI, rossonerka и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Добро би било со бордо ама косата сакам да ми биди пуштена некако и плус со прамени ќе ја прам ама не знам сеуште како
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јасно дека не ни помислив на салонки! Не да се здодевни, абе колективно зевање предизвикуваат! :) Фала многу Старфишке креативна, некако ми се вклопи во вкусот ;)
    Е да, точно знам на каква боја мислиш затоа што хаљинчево рака на срце, на кампањата е комбинирано токму со такви чевли.

    Супер идеи! :*
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ај и јас да ве прашам.
    Замислете дека сте на летна свадба.
    Која од овие 2 опции ќе ја изберете :D
    -Дреч фустан, со неутрални чевли и накит.
    -Или неутрален фустан, со дреч чевли и накит :)

    За првата опција фустанот би бил тесен и сакам корално нешто црвено/розе/портокалово или нешто така. Со кремасти чевли. И нормално кремаста чанта, некој накит исто.

    А за второто кремасто фустанче, си бендисав едно, лепршаво е, краткичко но не е тесно, туку со ремен од самиот материјал се врзува на половината. И кога ќе се подизвади материјал од ременот многу убаво стои.
    И ова со некои чевли дал тиркиз, дал плави, дал розе. Па и таква некоја алка, прстен и ташна.

    М? :)
     
  19. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    131
    ^^ Јас сум за втората комбинација....
    Барем мене лично поубаво ми делува едноставна гардероба со откачени кондурчиња и ташна ...
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    јас сум за првото ^_^
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.