Нешто вака, има многу комбинации на плетенки, дали позади, дали од страна, дали пунѓата ке е залепена, дали ке е разбушавена... Никогаш не може да се погреши
Ќе ве замолам малку за помош и совет. Вакви панталони звонести со што можам да ги комбинирам на така по класичен начин, со какви патики и блуза или јакна за овој период? Немам носено одамна широки па незнам како да комбинирам... за на работа
Можеби да пробаш со тесна блуза било каква ако ти се пошироки во колковите, само да не е ролка, инаку ќе те затвори. Ако ти се потесни, со кошулка во различни бои можеш(зелена, крем, бела, црвена..). Добро одат со капут или подолга јакна. На нозе јас би одела со чизми со висока потпетица, но ако не можеш повисоки тогаш патики со повисок ѓон.
На вакви широки панталони иде горе нешто што е тесно. Врз нив можеш долг мантил/капут. Ако ги комбинираш со црна тесна блуза, убаво е да ставиш каиш за да се знае кај е пресекот (струк), плус ќе изгледа многу скоцкано. На нозе, реално можеш да носиш сѐ, мене ми се допаѓаат чизми со висока потпетица како што спомна @_beautyy_ горе, а пошо се широки, може да се носат и чизми до колена и кратки чизмички, буквално сѐ. За по спортски изглед, некој џемпер/блуза во било која боја, напред кај копчето може да ја ставиш во панталони (пак да има некој пресек ) и патики со висок ѓон, исто изгледа интересно со кратко палто кое у овој случај со широки панталони дополнително те издолжува. ** и исто ако ти е за на работа, можеш со кошули кои се тесни внатре, ако се широки, јас си ги врзувам на струк
Со што би комбинирале вакви панталони (во живо се посветли 2-3 нијанси)? Ми треба за венчавка/мини домашна свадба (туѓа). Со како горен дел, со какви обувки?
Со бело кошулче класика со кратки ракави, 3/4 ил долги сеедно, накит некој а штикли крем ама ако се широки вака секако покриваат па сеедно
Ова би го комбинирала со палацо(широки)пантолони со висок струк.Мислам можеш и со тесни со висок струк, со чизма висока до глужд и голема ташна,баш би било стилски...Подобро би било со палацо,ама тоа дека ја повеќе си носам широко сеа..Како повеќе би ти стоело,така.А и зависи од стилот како си се носиш.
Еднобојни штикли дефинитивно. Можеш со црни како најдобра варијанта. Или со некои светли бои кои веќе ги има на фустанот. Пример жолти или розови. Јас би носела затворена штикла, салонка. Не сандали. Е сега пошо е со крагна а надвор е ладно, не знам баш за со чизми како би изгледало. Повеќе сум за штикли
Не знам каде да го поставам прашањето Крушковидна форма на тело, каква облека треба ? И имам блед тен кафеави очи . Сини нијанси ми 0дговараат но сакам совети
Ја имам сукњава од зара. Освен со црна и бела кошула/блуза со што друго можам да ја комбинирам? Мислам боја
Па можеш било која трета боја, само еднобоен да е горниот дел. Каков материјал е, тешко да заклучам од сликата?