1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    10.961
    Пол:
    Женски
    Идеи со што да комбинирам елече?

    Знам дека може со повеќе парчиња, ама бидејќи ми е за на прослава за детски роденден, со што да му дадам малку така впечатливост, штосност?
    Мислам дека парчето под него го дефинира финишот.
    Еве вака нешто слично. ceb804786a1410a9073020a056ff35b3.jpg
    А да. И надолу што да се носи... Пантолони? Фармерки не ми е пригодата. Здолниште? До каде долго...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    6.520
    Пол:
    Женски
    Може да го носиш со кошула од овој тип, напред да е исполнета. 0-02-05-a95cb4c8fde8a24dfea23985565ca1c1a4c05646a1cacbc97662df046a7f0377_c1bd7cf230c3028c.jpg
    Може да го носиш и со обична кошула, но да вметнеш и марама, дали под кошулата или над (како кравата), но секако не мора марама. 0-02-05-77944a8555dce0d3c9fe930c91ef5306b4e3798fc5d6475633f8a79063f407fe_b35df9a7ef200110.jpg
    А може и со ролка.
    Надолу можеш да носиш пантолони или сукња (широка некако повеќе ми одговара, миди ако е повеќе би дала на елегантност).
    Боите спрема боите на елечето ќе ги прилагодуваш.
     
    На eliesaab и elenaklasik им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    10.961
    Пол:
    Женски
    А Глови, ајде помош и за ова. Што мислиш за фармерки надолу? и штикла?
    Елечето е одбрано, кошулата во тек сум, ќе биде од Зара, ама што на нозе?
    Некако по сукните не сум, ама ако најдам некоја интересна...
    Нејќам ко тетка да личам. Можда и фармерки ќе облечам.
     
  4. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    6.520
    Пол:
    Женски
    Може и со фармерки, убаво ќе изгледа.
    Јас не ти предложив, помислив не сакаш, дека пиша не ти е пригода.
     
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.614
    Допаѓања:
    10.961
    Пол:
    Женски
    :D се вратив погоре да видам што сум пишала. Од вчера до денес се предомислив :rofl:
    Не бе ко ќе е облека во прашање, ко 10 глави да имам, многу се мислам и предомислувам.
    Мислев за прв роденден да не е многу обично со фармерки. Нели повеќето фустанчиња носат, поотмено.
    Ама некако сега накај џинс ме влече.

    Фала ти на помошВа :)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.887
    идеи за горни делови?
    и склад на б0и??
     

    Прикачени фајлови:

  7. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Овие ти се некако како база на аутфитот. Можеш да комбинираш со било што, зависи каков ти е стилот. Црните панталони особено може со било каква боја. Каков ти е стилот? Спортски, елегантен, casual?
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.887
    немам нешто одредено :)
     
  9. Juana24

    Juana24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Што мислите за комбинација корсет врз кошула? Јас ја хејтав до скоро ама почна да ми се допаѓа :lol:

    И каде се продаваат такви равоти освен во Бершка што имам видено (како овој долу cupless corset на пример) :inlove:

     

    Прикачени фајлови:

    На Sophitas му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Како да комбинирам миди сатенска сукња со леопард принт?
    Црно горе и црно на нозе?
    Други идеи? :D
     
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Vanilla15 Ако може да постираш слика од здолништето или барем некоја слична слика од нет? За подобра ориентација да дадеме совет :D

    Исто дали ти е потребна идеја за посебен елегантен настан или идеи за секојдневен изглед?
     
  12. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Vanilla15 Според мене, вака: Односно, еве како јас лично би ја искомбинирала сукњата за елегантна пригода во зимски период.

    1. Луксузен изглед со Сан Лоран вајб: Камел со светло сина свилена кошула (нормално, без црни хулахопки :D ). Сино да го разбие кафеавото, но воедно да го надополни леопардското. Изгледот завршен со елегантен капут и модерни чевли од ваков тип. Капутот и чевлите во иста боја. Накитот златен.
    Polish_20240203_175336538.jpg

    2. Нежен женествен изглед: Леопардското омекнато со целосен млечно бел (екру) тон. Едноставно, а пак елегантно и моќно.
    Polish_20240203_183000618.jpg

    3. Зимски chic изглед: Плетена блуска во стилот на Диор, а во некоја маслинеста нијанса за да го направи леопардското пошармантно. Изгледот надопилнет со бордо штикли, а можеш и бордо високи чизми. И сето завршено со сив капут или сив тренч баш целосно да го заокружи изгледот.
    Polish_20240203_184828058.jpg

    4. Сексипилен модерен изглед: Леопардското отсекогаш е баш секси елемент, па класична атрактивна комбинација е секогаш полн погодок. Бел асиметричен топ со кратко кожено палто. А изгледот зачинет со црвени салонки. Може и малку потемни, не е спорно. Доколку не сакаш смело црвено, секогаш можеш со темно кафеави, црни, крем.
    Polish_20240203_185016014.jpg

    Lastly, извини што вчера не доби веднаш одговор, иако прашав за здолнишетето. Ама дури сега имав време да составам колажи за да си ги доловам моите предлози :D

    The end :*:
     
    Последна измена: 3 февруари 2024
    На Purpleheart, Vitamin, joy1 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Лелее браво :o :o :o
    Нежната комбинација ми е погодок прав, дефинитивно така ќе идам, и се баш имам од комбинацијата :inlove:
    Никогаш немаше да ми текне, многу ти благодарам :$
     
    На eliesaab и Polyincognito им се допаѓа ова.
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Vanilla15 Многу ми е мило што ти помогнав и повели секогаш :sun::*:
     
    На Vanilla15 и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    Мене баш ми се допаѓа ова комбо,доаѓа до контраст,ептен е впечатливо и тренди,мислам дека ќе се носи вака допрва.:nod:

    А вакви корсети сум видела доста по онлајн странициве за нарачка,по фб/инста.
     
    На Juana24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anettta

    Anettta Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Како да ги искомбинирам за пролетта? IMG_8629.jpeg IMG_8628.jpeg IMG_8628.jpeg
     
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Anettta За одредена пригода, секојдневие, за на работа или? И отприлика за која возраст? :)
     
  19. Anettta

    Anettta Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Секојдневие, +25
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Anettta Според мене, вака:

    Односно јас лично вака би ги носела парчињата во кежуал варијанта за различните делови од сезоната.

    :*:За првото палто
    1. За рана пролет
    би избрала светли фармерки + пастелни бои. Moreover, за да биде баш flowy коминацијата, би избрала вака широки фармерки, со нежна обична блуска и долу антилопни крем едноставни чизмички/чевли со правоаголен врв. Доволно модерно и classy, а сепак да го поедноставни палтото за секојдневието.
    Polish_20240216_005405701.jpg
    2. За средина од пролетта би го поедноставила палтото во малку поелегантна варијација.
    Медиум сиви фармерки + бела маичка, а на нозете балетанки, но со некој studded/рок детаљ за да се избегне здодевноста.
    Polish_20240216_010813916.jpg
    3. За доцна пролет, кога станува потопло, па може да се носи кратко. Би избрала кошула фустан и мокасинки. Може и маслинести риги со светло кафеави чевли.
    Polish_20240216_012116468.jpg

    :*:За втората јакна
    1. За рана пролет
    би избрала бели, екру или класични темносини фармерки, нежна блуска со тенки црвени риги и надолу и бордо чизмички.
    Polish_20240216_023757971.jpg
    2. За средина од пролетта можеш црн или темно кафеав памучен фустан до под колена со темни мокасинки на нозе. Исто можеш пак маслинеста миди сукња со бела блуска нагоре и бели патикчиња на нозете. Also, можеш нежна кошулка со светли зелени линии и класични медиум сини фармерки или исто бели.
    3. За доцна пролет би избрала млечен кежуал изглед. Односно, кратко shirt фустанче во млечна бела, надополнето со млечно кафеави антилопни чевли. Да се разбие монохроматското, би додадала мини чантичка во виолетов или црвен тон.
    Polish_20240216_021407687.jpg

    The end :*:
     
    Последна измена: 16 февруари 2024
    На Anettta, Salome, lana_li и 2 други им се допаѓа ова.