1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    3.947
    Пол:
    Женски
    Како да го искомбинирам фустанов сега за пролет ? :) Да напоменам зимурлива особа сум така да по кратки не би била за ова време :)

    Screenshot_20240229_214441_ZARA.jpg
     
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @doll.a За секој ден, за на работа или некоја пригода? :*:
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    3.947
    Пол:
    Женски
    За секој ден и за работа :D
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @doll.a Според мене вака,

    Сите предлози ми се осмислени за да не смрзнеш, а сепак да е пролет едишн :D

    :*:Work предлози
    1. Ладен светол изглед (за рана пролет):
    Колку што видов на каталогот, фустанчето е одреден тип на плетено. Па така, одоздола би предложила бела кошула (може и потесна или боди-кошула) за да не ти прави проблем. Одозгора сино-сив мантил и поштосни чизми. Хулахопки секако, ама неутрални (месо боја).
    Polish_20240301_003612178.jpg
    2. Безвременска класика: Одоздола исто кошула, само светло сина. Кремаст мантил и на нозе може и високо, може и рамно. Пример, кафеави кожени мокасинки или лаковани бордо помодерни балетанки.
    Polish_20240301_010141632.jpg
    3. Шанел вајб: За да не си на кратки ракави, а да не е се кошула, можеш и кратко џемпече. Ако сакаш по разиграна комбинација, може вака на риги. За чевли, ако носиш штикли, може во овој стил како сега што се носи или пак едноставни црни балетанки. Светлиот мантил е бидејќи е во за пролетта :sun:
    Polish_20240301_011950083.jpg
    За работните комбинации можеш и кратки чизмички за сите, ако е поладно времето, а балетанки и сл за потоплите денови.

    :*:Everyday предлози:
    1. Сиво и лимета секогаш ми се top notch комбинација. За да пак не си на кратки, а за покежуал би ги предложила тенките долги џемпери (или knit coats што ги викаат). На нозе некои нежни патики исто така.
    Polish_20240301_013952604.jpg
    2. Пак предлог со долг џемпер, но во светла варијанта. Исто така, и поелегантен предлог, но пак кежуал за на кафе и слично.
    Polish_20240301_014911074.jpg
    3. Малку посмела денска комбинација, ама пак кежуал. Тексас палто со некои штосни чизмички (може и патики) и мини ранче. Исто како за сите претходни комбинации, хулахопки секако (неутрални).
    Polish_20240301_021055171.jpg
     
    Последна измена: 1 март 2024
    На GIGI69, Glowy, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  5. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    3.947
    Пол:
    Женски
    Леле фала ти (y) :inlove:
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    7.257
    Пол:
    Женски
    Секогаш даваш одлични предлози, доколку не работиш нешто поврзано со мода дефинитивно треба да размислиш за можноста.
    :f:
     
    На lana_li, eliesaab и Polyincognito им се допаѓа ова.
  7. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Eve ti nekoi idei...

    denim-jacket-skater-dress-lace-up-flat-boots-large-17003.jpg

    преземање (3).jpeg

    images (3).jpeg

    images (4).jpeg
     
  8. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @mamaJana Ти благодарам од сè срце, навистина ми значи напишаното :f::l::*:
     
    На mamaJana и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.887
    карирано сако до под газ должина
    Screenshot_20240307-014000_Chrome.jpg
     
  10. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Црна сукња или кратки пантолочниња, црни хулахопки, бела блузичка и црни чизмички
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.423
    Допаѓања:
    17.029
    Предлог комбинација за долга тексас суќна? Имам кратко крем палтенце што би сакала да го носам, со обувки сум за никаде, ама би купила нешто што би го носела почесто. Дали некои кежуал патики или ме знам што.
    Ептен сум з анигде со нова гардероба, морам да освежам плакар и секаков предлог е добредојден.
     
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @pamelche Ако може да постираш слики (може и од нет слични), за какви поточно парчиња станува збор (тон на сукњата, дизајн, модел и тон на палтенцето и сл), за подобра ориентација :*:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.423
    Допаѓања:
    17.029
    Директ од пред огледало :D
    Screenshot_2024-03-11-17-52-22-169_com.miui.gallery.jpg
     
    На mal.ecka, Taylorr и Polyincognito им се допаѓа ова.
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @pamelche Според мене, вака:

    :*:Односно, еве идеи за со се палтенцето:
    :*:Основен кежуал изглед бр.1: Спомна патики, па првата идеја гледав да ги опфатам и нив. Би препорачала вакви нешто, со измешани неутрални бои кои ќе се вклопат со палтенцето. Можеш и маслинести. За блуска, најобична бела (може исто сива, маслинета, црна, со апликации и сл.) и мини неутрална чантичка.
    Polish_20240311_184203776.jpg
    :*:Основен кежуал изглед бр.2: Класично и безвременско. Блуска на риги (може тенка плетена, памучна, на кратки ракави) и едноставни црни балетанки. Секако по желба, балетанкитe може да бидат и поуникатни (пр, mary janes, spiked, итн).
    Polish_20240311_190545683.jpg
    :*:Кежуал-работнa комбинација: Бела поелегантна маичка и темно кафеави рамни чевли. Ако преферираш повисоко, слободно избери класични кафеави салонки. И црвена чанта да се разбие малку неутралното. Црвеното супер ќе се вклопи со се твојата боја на коса.
    Polish_20240311_185119879.jpg
    :*:Малку пофенси комбинација (пр за некој настан, за вечерно излегување и сл). Костумски корсет врз сукњата, ниски сандалки и палтенцето така на рамената нагрнато.
    Polish_20240311_181850440.jpg
    :*:Работна / Денска комбинација за рана пролет кога сè уште е поладно и може чизми да се носат. За кошула можеш класична боја (бела, екру, нежна сина, нежна розева и сл) или пак вака нешто, нежно со суптилни шари. Надополнето со кожени аксесоари.
    Polish_20240311_181155588.jpg
    Отприлика сите идеи ми ротираат околку неутрална-кафеава и маслинеста палета, бидејќи во предвид ја зедов и бојата на косата. Односно, нема потреба од носење темни утепни тонови :sun:

    Исто така спомна дека треба да го освежиш плакарот, па најдобро е да почнеш со основни неутрални парчиња кои полесно ќе можеш да ги комбинираш со сè.

    :*:А еве додатни идеи за сукњата без палтенцето:
    :*:Црни/тегетни комбинации
    Polish_20240311_193944455.jpg
    :*:Поуникатни комбинации
    Polish_20240311_194404719.jpg
    :*:Исто така можеш секогаш да искомбинираш со исто тексасна кошула нагоре, а надолу некоја впечатлива боја (неон розеви салонки, зелени, црвени сандали итн).

    :*:За изглед со патики, секогаш и можеш основни бели и нагоре памучна или плетена блуска, која може да биде и шарена (колоритна) или пак пример едноставна тегетна (може и тегетна коушлка).

    :*:За друг тип на палто може тренч мантил, bomber јакна, кожено кратко палтенце, сако или џемперче. Сè зависи од пригодата секако.

    :*:За пролетта секогаш можеш и кратки чизмички на штикла со сако или тренч. А за лето доволно нагоре некоја маичка +патики/еспадрили или свилена маичка + штосни сандали на врзување
     
    Последна измена: 11 март 2024
    На mal.ecka, Kolache na mama, Космонаут и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    6.520
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да прашам од каде е палтенцево? Многу е убаво
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.423
    Допаѓања:
    17.029
    На mal.ecka и Glowy им се допаѓа ова.
  17. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    44.859
    Пол:
    Женски
    Идеи за формални комбинации за на работа со палтенцево? Screenshot_20240318_134504_Gallery.jpg
     
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Luminary Според мене, вака:

    :*:Безвременски изглед
    - Можеш и обратно т.е црни панталони + бел топ.
    -Може и скроз монохроматско, односно бели панталони + бел топ или па скроз темно.
    -Ако сакаш бои, на белите панталони можеш да додадеш пастелен лимета топ, праска или лаванда боја.
    Polish_20240320_153544688.jpg
    :*:Preppy stylish
    Мислам дека си помлада, па затоа таков тип на здолниште :D Секако, можеш и покласична сукња или пак сиви костумски панталони. На нозе некои помодерни бордо чевли со цел да се размрда сиво-темната палета.
    Polish_20240320_154345724.jpg
    :*: Еднобоен елегантен изглед
    Тука мислам нагоре џемперчето кога би било носено како блуска, вметнатно во темните фармерки. За помодерно, маслинести салонки + златни средно крупни обетки.
    А секако можеш пример и светло сиви фармерки + сребрени обетки. A одозгора можеш темно кожено палтенце.
    Polish_20240320_163524204.jpg
    :*:Едноставно пролетно
    За топ, може бела блуска, бела или светло сина кошула и надолу поуникатни чевли да ја разбие монотонијата.
    Polish_20240320_170826355.jpg
    :*:Ако носиш кожени парчиња, можеш слободно да избереш црни пошироки коженк панталони, или пак кожена сукња. И натаму пак бела кошулка и класично комбинирање.
    :*:Нежен елегантен изглед со фармерки
    За да се задржи елеганцијата, најдобро е фармерките да се вака медиум сиви. Потоа пастелен топ и надолу може да се надополни изгледот со ваков тип на чевли со панделка, кои нормално може да се и балетанки или општо пониски.
    Polish_20240320_172706663.jpg
     
    На NoirSerpentine, lana_li, Kolache na mama и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    44.859
    Пол:
    Женски
    @Polyincognito прекрасни предлози, од срце ти благодарам :inlove:
     
    На NoirSerpentine и Polyincognito им се допаѓа ова.
  20. Anettta

    Anettta Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Ми треба помош како да го искомбинирам.
    Секогаш носам фармерки или сукни со висок струк, ама оваа не може да се носи со висок струк бидејќи има отвор и не стои баш добро. Многу ми се допаѓа но никогаш не сум го облекла. Ми стои скоро две години.
    Сакам да го носам за вечера, излегување
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8923.jpeg
      IMG_8923.jpeg
      Големина на фајлот:
      396,5 KB
      Прегледи:
      55
    • IMG_8924.jpeg
      IMG_8924.jpeg
      Големина на фајлот:
      414,4 KB
      Прегледи:
      52
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.