Розевото и плавото се нападни. Значи зеленото да го искомбинирам со светла боја. Ми се свиѓа идеава. Фала
Со црни панталони, како блогерката од сајтот фемина- средната слика. Не се овие црни де, ама тој стил нешто.
Благодарам, бели шорцеви немам, но имам долги бели панталони Сум го пробала со ист модел бели, баш ќе пробам и со црни, Благодарам
Значи експерт сум за ова Дека си пробала со бело мислев. Малце важна да се направам дека моето ти се свиѓа.
Имам црн комбинизон (панталоните се долги а грбот е отворен), косата планирам фатена за да дојде до израз грбот. Боја за штикли, ташна и обетки? Ланче не можам бидејќи се закопчува на вратот комбинизонот.
Златна боја според мене. Или rose gold. Сите овие работи во иста боја најдобро да се или ептен слична да е. Спојлер Пример вака: АI генераторов не е толку лош, баш ко што замислив ги напраил
Бојата за ташната и штиклите гледај да биде иста. Само бело не зашто досадна е таа комбинација веќе. Обетки можеш некој подолги. Зависи каков ти е вкусот. А бојата на ташната и штиклите можеш светло сина да биде. Невообичаено и убаво.
@$ophia Доколку може да постираш за поконкретно каков модел на комбинезон станува збор. Дали е со долги ракави, на прерамки, ролка и сл?
@$ophia Според мене вака, Односно, ти составив неколку комбинации за инспирација за сезоната пролет/лето 1. Greek goddess glam: Златен гламурозен изглед каде сандалите и обетките се со покрупен впечатлив дизајн. Дури може да додадеш од алките што се носат над лактот. Ташничката во црна боја за баланс. 2. Floral garden look: Пролетен елегантен изглед. Некои такви среберени сандали искомбинирани со statement цвет-обетки и како цреша на шлагот - минт чантичка. Баш онака шарматно и елегантно. 3. Морски изглед: Тиркизни сандали со секси дизајн надополнето со обетки во облик на морска ѕвезда и школка-чантичка. Идејата ми беше да е нешто како "Under the sea" - океанската колекција на Версаче, бидејќи сепак иде лето и да се разбие црното 4. Романтичен изглед: Понежна варијанта во пастелно розева, нешто како Miu Miu вајб со панделките. Last but not least, земи го во предвид твојот тен (+бојата на косата). Пример, ако си природно потемна, златниот тон како во првата комбинација е идеален. Ако пак си побледа, комбинацијата бр.4 повеќе ќе ти прилега. The end
Фала ви премногу, @Polyincognito си се потрудила макс, мене ништо живо не ми текнуваше а барав и инспирација на интернетов, алал да ти е... Природно сум бледа, а поводот е апсолвентска. Фаворит ми е втората комбинација т.е. Floral garden look. А за на море дефинитивно оваа Морски изглед ( да кажам и дека и тиркиз ми е премногу свежа, смирувачка боја и втора омилена многу е блиску со сината а сината ми е бр.1 ). Праќам и ќе објавам финален резултат.
@$ophia И јас мислам дека втората е најдобра ем за поводот, ем тенот. Честитки и на успехот и најубаво да си поминеш
@Polyincognito, Ве молам и за мене некој совет за комбинација со чевли и обетки. Баш ми се допаѓаат Вашите комбинациии
@Nn123 Отприлика за која возраст станува збор, а и дали ти е потребно идеја за посебна пригода или општо идеи за носење?