@Nn123 Според мене вака, Односно, ти составив по 3 идеи и за ден и ноќ: Дневни комбинации 1. Floral look: Со лелеава цветна сукња, рамни или ниски сандали и подебели тркалезни обетки. Сукњата може да биде и во лаванда боја/принт, а во тој случај - аксесоарите и сандалите - сребрени. 2. Boho chic: Со лежерни фармерки и сандали со полна пета. Обетките во пастелна нијанса за да се задржи ненападниот изглед. И во оваа и во претходната комбинација може да се додаде тенко џемперче по потреба. 3. Denim look: Исто со шарено здолниште, но во потемна варијанта. Одозгора потемно тексасно палтенце, да го ублажи портокаловото. Изгледот надополент со медиум кафеави чевли (може вака кломпи, сандали, влечки или балетанки). За обетки, како зачин - во форма на срце. За ноќно излегување 1. Business hot: Со медиум сиви фармерки и црно сако. Изгледот збогатен со модерни кружни обетки и секси нежни сандали. Сандалите може црни или вака во боја. 2. Light look- Доказ дека не мора само со топли тонови и златно. Па така, бело здолниште или вака skort и натаму портокаловото освежено со сребрен тон. 3. Тропски гламур: И како во првиот пример, и тука здолништето може да биде со виолетов принт (само темен), а сандалите во тој случај може и црвени да бидат. The end
@IRBBB Според мене вака, Земено во обзир да е покежуал, воедно знам дека си помлада и модерна, ти составив по 3 идеи А и да не го заборавам времето, па затоа гледав да нема долги ракави и дебели материјали За светлите чевли: 1. Pastel classy: Формален изглед во кежуал варијанта. Костимскиот елек може да биде и бел, беж, пастелно корален и сл. Изгледот збогатен со бели аксесоари за дополнително освежување. 2. Шанел вајб: Тексас елек + бели панталони/ бело здолниште. Во случај да не си фан на бели панталони, секогаш може да ги замениш со светли/медиум крем. Изгледот надополнет со тенок часовник и бисерни обетки. 3. Summer look: Поуникатна тексас сукња со поло маичка во нежно розева. Зачинето со кратки цветни обетки да се долови сезоната Исто така, за посветлите чевли можеш да избереш од кошула-фустаните. Може да биде нежно розев, беж, може и со нежен принт (пример). За потемните чевли 1. Casual lux: Тексас струкиран фустан и ранче кое би одговарало на чевлите (нормално може и торба). Изгледот надополнет со златно-зелени аксесоари за баланс. 2. Standard office: Кошулката може и посветла сина. А и не мора да е строго таков дизајн. Може да биде и слична лелеава маичка. 3. Flowy feminine: Лелеава сукња во некој таков маслинест принт со бела полу-формална маичка и златни slightly покрупни обетки. Здолништето може да биде и пр во леопардски принт или тегетен принт со бели цветови. Исто така, за потемните чевли секогаш можеш да избереш кежуал комбинезон во маслинеста, тегет или крем нијанса. Или исто кошула-фустан во тие тонови (пример). И нормално може фармерки + поелегантна маичка. Црни панталони не предложив бидејќи е лето, но секогаш може и така. The end
Zdravo devojki, pokaneti sme na krstevka i potoa vo bocca di lupo restoranot pa sakam da ve prasam dali e prikladno da nosam fustan vo bela boja?Krstevskata ima dress code koj e garden formal ama jas mrazam cvetni fustani i fustani so dezeni. Ako e okej fustanov kako bi go kombinirale?
@Makicaki Според мене вака, Односно, мене лично фустанот ми е прекрасен, го има тој Долче и Габана вајб, особено за тој тип на традиционални настани. Е сега, не знам дали е бело соодветно, не знам како вообичаено тука се носи, можеби мајката планира да облече бело, па не е лошо да прашаш. Што се однесува до комбинирањето, јас лично вака би го носела со цел да се вклопи во тематиката: Pink garden Green garden Blue garden Ако не носиш клопми, секогаш може и антилопни салонки (пример) Синото или розевото дури може да биде земено во предвид во зависност од полот на бебенцето Инаку, можеш и цветниот акцент да го ставиш на чевлите, а нагоре што поедноставен накит (кратки обетки + тенка нараквица)
Ни едно ни друго. За тетоважа се работи. Да искомбинирам три бои сакам. Розево и плаво со зелено. Не знам како би изгледало али мора добро да се размисли. Зашто знаеме дека после тешко се вадат тетоважите ако на крај не ми се свиѓа.
@Dashing:) Аха, хмм, би ти предложила во тој случај пастелна комбинација од тие 3 бои. Нешто во овој стил тоновите, ненападно и нежно што не би ти сметало ни во комбинирање облека
Значи ако правам нападни бои тогаш подобро ќе биде се да е нападно или се нежно. Една членка мислеше обратно. Ама вака повеќе ми се свиѓа. Нападно розево и плаво имам. Значи нападно и зелено да правам.
@Polyincognito Многу ти ги обожавам комбинациите, и тоа колку се замараш да помогнеш... Само еден мал мрч, пуштај некои штикли за носење шо се, не само за на слика...
@Gosh I can'tttt, посилно е од мене, страствен љубител сум на високи штикли Инаку таман работа, јас им постирам на девојките за инспирација и ориентација за боја и отприлика за дизајн што најдобро би стоело (дали отворени, тенки или дебели прерамки, нијанса итн) А од сите чевли што ги постирам секогаш има ниска варијанта, па дури и рамна Е сега нивно е натаму кој какви преферира Ендд тенк ју, ми значи многу комплиментот И не ми е замарање at all
Не можев да се едитирам, ама да си ја доловам поентата преку слики Примерот е за последниот моден совет за белиот фустан. Односно, еве од оригиналниот предлог, исто само пониска и рамна верзија: Тоа значи ел инспирејшн од моите совети. Да се ориентираат, па да си го прилагодат на себе
@Polyincognito, неам ништо против штикли, само овие со шпагетки мене барем ич не ми се практични за носење, особено кога си цел ден на нозе... Ма да сеа е таква модата, шо се фолирам...
@SunnyGirl2 Може ли да постираш слика од нет, за подобра ориентација. И дали ти е потребна идеја за посебна пригода или за секој ден?