@SunnyGirl2 Според мене вака, Односно ти составив неколку летни идеи за инспирација. Истите може да се носат преку ден, на кафе, на одмор, за на шетање некаде, забава преку ден + идеи за вечерно излегување: Coastal look Vibrant summer Daily casual Neutral elegant Safari look Night safari Monochrome glam Инаку, за кежуал секогаш можеш да ги земеш основите. Пример: -Бела маица на кратки ракави + бели нежни патики -Бела маичка на тенки прерамки + тексас палтенце/кошула + рамни сандали или беж еспадрили. (Може и ленена кошула одозгора). -Сезоната е и секогаш одлична и да се носи statement топ во баш летен дух односно со некој принт, лелеав дизајн со отворен грб или летна боја, пр за идеи што би одговарале: За овие секогаш надолу можеш соодветни влечки. The end
Здраво @Polyincognito . Како би го искомбинирала овој фустан. Освен за чевли, потребна ми е идеја и за шминка и фризура. Настанот е крштевка. Фала однапред
Можеш вака,со следниве тонови на виолетова. И штикли во таа боја..А шминка суптилна,нежна..затоа што фустанот е нежен,да одговара..
@Kolache na mama Според мене вака Фустанот е преубав, баш ми го има тој вајб на 'euro summer'. Земајќи го во предвид дизајнот и материјалот, како и пригодата, треба да биде toned down, балансирано и префинето, наместо кич. Односно, избегнувај сјајни металик чевли, драматични шминки и фризури. Еве неколку идеи за инспирација: Pink lemonade Комбинирано со пастелно жолто /мат медиум златно. За обетки може и понежни и пократки или пак, долги и тенки како една линија. Pearl look Може да се надополни со бисерни обетки, кратки или долги, а надолу може и со сандали. Coquette Искомбинирано со плишени детали. Soft glam Универзална шминка за сите 4 идеи: Значи можеш и no makeup-makeup или како на сликите подолу , важно вака нежно, поприродно и свежо. Универзални идеи за фризура: Тоа зависи од твојата коса, нормално и личниот вкус, но поедноставно-подобро. -Со општо фенирана коса нема да погрешиш; -Пуштена испеглана или нежно брановидно навиткана; -Високо или ниско коњско право опавче. The end
Овој фустан планирам да го носам со овие сандали и ваква фризура (повод:кршетвка на моето дете) Дали е во ред комбинацијата и дали може предлог за накит и шминка (конкретно:боја на кармин) ?
@Sofi.ja Според мене вака Комбинацијата ми го има тој countryside boho шарм и со оглед на тоа дека е во прашање лен и антилоп, јас би вака: Предлог за шминка Свеж неутрален изглед со нежно розеви усни. Притоа очите истакнати со маскара, наместо со туш или драматични сенки. Предлог за накит Лежерно едноставно ланче со медиум должина, таман да дојде slightly подолго од V-изразот на фустанот или само кратки обетки.
Шиев фустан со сатен материјал крем, златна боја. Некако многу ми е прозирен кај колковите и од назад, како гола се чувствувам. Веќе си го зедов а подстава не стави шијачката. Што можам да ставам,облечам? Или да се дошие подстава?
@Lina-Detelina Во зависност од дизајнот на фустанот, можеш вака: Слип дизајн Или одделно: Градник + здолниште или вака:
@Lina-Detelina Би требало да има речиси во секоја поголема и локална помала продавница. Еве неколку предлози Спојлер: Предлози Women's Secret Надолу сврти, ќе видиш, имаат различни дизајни: https://womensecret.com/es/es/mujer/ropa-interior/combinaciones Некои од нив ги има и преку Fashion Group т.е од таму можат да се порачаат. Yamamay https://www.yamamay.com/hr_en/high-waisted-shaping-shorts---principessa-bpnd99x007/p?skuId=1170 https://www.yamamay.com/hr_en/shaping-chemise---principessa-bind99x003/p?skuId=1142 (Преку Магнетик) https://magnetik.mk/yamamay-долнаоблека-2194 Sara Fashion https://www.sarafashion.mk/mider/3969-mi-zenski-mider-2758-mi https://www.sarafashion.mk/mider/3935-penti-zenski-mider-seamless-sort-korse Зара https://www.zara.com/mk/en/short-shapewear-slip-dress-p01355808.html?v1=371362606&v2=2419807 https://www.zara.com/mk/en/shapewear-shorts-with-low-cut-back-p01355814.html?v1=371362609&v2=2419807 https://www.zara.com/mk/en/shapewear-shorts-with-low-cut-back-p01355814.html?v1=380985318&v2=2419807 H&M https://www2.hm.com/en_us/productpage.1178251002.html https://www2.hm.com/en_us/productpage.0952983003.html Овие ми излегоа на Гугл СК https://sara-kolant.com.mk/produkt/anil-2445-korset/ Lily https://lily.mk/collections/shapewear А провери ги и badbunny.mk на Инста
@Hortenzija Според мене вака Со исклучок на третата комбинација, во сите други имам ставено ремен или брош. Тоа е за да се дефинира изгледот на фустанот и самото тело. Лично сметам дека е така многу поубаво би изгледало, односно јас лично така би го носела. Dolce vita: Малена вајб. Ем комотно за носење, ем елегантно. NYC cherry: Шарлот/Бредшо вајб, комбинација која може да се носи за некоја коктел забава, пригода и сл. Relaxed fit: Сосема опуштена комбинација за вршење на секојдневните обврски. Ratten summer: Летна шармантна комбинација со сламено-кафеави детали. Wedding attire: Со посвечен брош ставен на страна на половината (слично на втората комбинација) или ваков. Надополнето со бели детали. The end