@Космонаут Според мене вака Најпрво, секогаш можеш кошулата да ја комбинираш стандардно со класични костимски панталони (црни, тегет, бели, крем, сиви, итн). Лично ти составив неколку идеи за инспирација како плус поразлично може да се комбинира. Во колажите ставив здолништа, но секогаш истите може да се заменат со панталони (со крој по избор). Исто така, не мора струкирани здолништа, може и пошироки, подолги/пократки, во зависност како сакаш да носиш. Исто и за чевлите, предлозите за штикли може да се заменат со рамни чевли, балетанки, сандалки, мокасинки (како што дозволува работниот кодекс и како преферираш). Devil wears Prada: Женствена елегантна комбинација со сиво здолниште. Изгледот зајакнат со бордо чевли и нежни златни аксесоари. Mix & match: Кошулата збогатена со тегет здолниште со суптилни риги (може и без принт). За финишот, помали впечатливи обетки и колор блок крем чевли. Light look: Со екру здолниште и неутрални додатоци. Olive look: Циклама тонот ублажен со маслинест долен дел. Надополнето со златни аксесоари и крем чевли. The end
@Macence2341 Според мене вака Односно ти составив колажи како повеќе идеи за инспирација: Sun charm Pink Panther Soft beauty Ruby glam Olive city Swan lake The end
Предлог што би искомбинирале за свадба кај поблиски? Сакам нешто во стил на стариот Египет или Рим. Мислам дека ако искомбинирам сама ќе е повеќе како за на тематска забава отколку елегантно Секогаш за големи настани грешам со изборот, затоа ми треба вашата помош. Барем шминка и фризура да ми предложите во тој стил.
@Ugly Duckling Според мене вака Спојлер: Intro Односно ти составив неколку колажи за полесно да се инспирираш. Боите се изберени врз основа на твојата боја на коса (од Модните критики што паметам). Воедно фустаните и дел од додатоците се преземени од македонските каталози на Зара и Манго. Во идеален период ти текнало на тематиката, бидејќи сега баш се продаваат антички дизајни, особено накит. Parthenon black tie: Доколку станува збор за помалку свечен кодекс, можеш ваква алтернатива за фустанот + истите аксесоари и стајлинг. Red Sea goddess: Со косата навиткана-расчешлана, за да изгледа пораскошно. За накит, златни нијанси плус црвено-тиркизен микс. Roman chic Caesar classy: Фустанот збогатен со "антички" ремен, за да се истакне повеќе. Надополнето со бели аксесоари. Sun child: При носење ваков нешто лимета фустан, накитот да биде со сончев мотив. А чевлите може и медиум кафеави Artemis wave Спојлер: Плус совет Мој совет е прво да си го избереш фустанот. Цели кон едноставни фустани со драпиран изглед, јазол, асиметричен дизајн, халтер во грчки стил, со тока, итн. Може и пр, драпирано здолниште со корсет-топ. Во зависност од облеката, ќе измериш колку аксесоари можеш да додадеш. Понекогаш фустанот е доволно богат што доволно ќе биде да ставиш римска алка над лактот. Бидејќи е свадба, а не маскенбал, нека си биде суптилна и модернизирана тематската инспирација. Во однос на боите, покрај овие горе, исто така може да избереш и виолетова (потемна или пастелна лаванда) или зелена (ф'стак, неонска или маслинеста). Исто така, црна. Со црн фустан (драпиран или со засеци) и златни/сребрени аксесоари нема да погрешиш. Убаво би било и бело-златно, но бидејќи е свадба, бело не предложив. Во колажите ти вметнав и идеи за фризура. Шминката би зависела од аутфитот, но и од твоето лицe. A бидејќи имаш и специфична боја на коса, затоа ништо не предложив. Но, ако на крај откако ќе си составиш комбинација, ти треба помош и за тоа, слободно пиши The end @Ugly Duckling Да се надополнам Бидејќи спомнав дека можеш и да направиш комбинација со здолниште и топ, па да додадам идеи т.е на што мислам: Cloud Venus: Скулптуриран корсет + драпирано здолниште. Акесоари со лисја-мотив. Може чокер како во примерот и сл. Pistachio Medusa: Халтер топ + драпирано здолниште и аксесоари со змија-мотив.
Верувај, тахикардија од возбуда ме фати додека ги гледав колажите, пеперутки во стомакот од убавини. Ваква бев после секоја слика. Си мислела дури и на бојата на косата што многу често ми е проблем, а особено на слики знае да е чудна во комбинација со некои нијанси. Го немав разгледано накитот во Зара, пресреќна сум има многу избор (скап ). Спојлер Засега овој ми се допадна, ќе треба да го пробам. Но мислам дека сакала нешто како Artemis wave, таа боја и таков накит, со фризурата од Caesar classy. Шминка, таа од сликата погоре на Маченце е добра, секако секојдневно носам eyeliner. Преблагодарна. Да составам нешто па можам и да пратам слика.
@Ugly Duckling Од сè срце, многу ми е мило што ти се допаднаа предлозите, ептен ми значи напишаното и гифот И верувај, подеднакво excited се чувствував кога ти го видов мислењето дека бараш совет, бидејќи сакам вакви предизвици и уникатност Е вака The pleasure was all mine Повели секогаш Спојлер: + Што се однесува до фустанот што ти е на ум од Зара, супер е. Бојата е баш on-point за тематиката. Ти составив и за него додатна инспирација, кога сум веќе тука Пак земена во предвид бојата на косата и тонот на фустанот, мислам дека со темно кафеави сандали најубаво ќе легне целокупниот изгледот. Исто така и бронзени, доколку најдеш дизајн и цена што ќе одговара. Околу другото комбинирање, можеш и со сребрена (медиум/угасена) и со златна нијанса, во зависност од тенот и што преферираш. Пример: Hercules/Moonstone lady Gladiator girl Со косата си веќе како божица, па нема да ти биде потребно многу за да го постигнеш посакуваниот антички ефект. Па така ем budget-friendly ќе биде. Односно, доволно ќе биде од аксесоари - една покрупна металик алка или покрупни обетки. Види и во Parfois за накит, баш од таму е ставен за вториот колаж. (Ѕирни плус на Фешн Груп, имаат попусти сега) И најубаво да си поминеш, да блескаш таму на свадбата
Што си по професија? Ако не си нешто во модата, дизајн, би требало да бидеш, плус и стрплива си да најдеш и помогнеш соодветно на барањето