@Emotional123 Според мене, вака Покрај црни, може и вака да пробаш: Со вакви сини тонови Со вакви розеви и виолетови тонови Со вакви нијанси на принт Исто така може и со медиум жолт/портокалов тон, доколку мислиш дека ти стои бојата
@Polyincognito само да ти кажам со задоволство те читам. Иако ја обожавам модата и постојано сум по тие страни, ти се восхитувам како се со трпение и умешност знаеш да ги скоцкаш сите комбинации.
@macka91 На толку убави зборови, неминовно е на човек вака да му е во главата и срцето Ти благодарам од сè срце
Вакви панталони за на нога што би можела да купам. Јас сум патика човек во поголем дел од времето и само тоа имам. Како првите имам и црни. @Polyincognito И овие дали можам за некоја дневна комбинација да ги носам? Облечени ми се два пати
@macka91 Според мене, вака Спојлер: Предлози (Ставив во спојлер, може малку подолго испадна ) За панталоните Бидејќи спомна патики, значи дека потребно ти е да е удобно. Па дефинитивно би рекла вакви мокасини во стилот на LP. Ем удобни, ем елегантни. Плус, сега за летниот период, секогаш можеш и со некои наједноставни помодерни, а удобни влечки: За чевлите Што се однесува до комбинирањето на J'adior-ките, даа можеш! Всушност баш и повеќето ги носат во секојдневни покежуал комбинации. Ти составив неколку колажи за инспирација: Olive chic: Со сиви фармерки и плетена блуска баш во стилот на Диор. На ваквата комбинација, секогаш можеш да додадеш и кратко кожено црно палтенце. Инаку, блуската во колажот е од Зара, од претходно, но често изложуваат вакви. Neutral refined: Со ленена комбинација. За боите можеш било како. Пример, целосен тегет ауфит, крем шорц + црна кошула, тегет шорц + бела кошула и сл. Basic line: Под тренчот можеш да носиш буквално од basic бела маичка до свилена кошула. Нема да погрешиш. За боја можеш бела, сина, црна, жолта, розова, со принт итн. Wimbledon classy: Супер лежерна и пријатна комбинација за носење, а истовремено баш eлегантна без да биде нападна или свечена. Покрај бела, може да биде и целосно тегетна. Nautical cozy: Бели фармерки + блуска на риги. Не мора да биде плетена како во примерот. Denim brunch: Тексас здолниште + лежерна кошулка (а може исто блуска - памучна или плетена). Здолништето може да биде макси, миди, асиметрично итн. Шарена чантичка или во боја за да ја размрда комбинацијата. Coffee break: Фармерки + џемперче. Фармерките може да бидат потемно сиви, сини, посветли итн. Џемперчето шарено или еднобојно, по желба, како што преферираш. Сумирано, не им се плаши да ги комбинираш со фармерки и основни кежуал парчиња. Како на пример, тренч, сако, едноставни елегантни блуски, кошули и сл. Покрај фармерки, се подразбира, можеш и со костимски панталони, а нагоре слично како од колажите. Исто така и со лежерни фустани, пример и пример. The end
Леле фала ти најмногу. Горе доле ги имам парчињава, по нешто фали можеби. Комбинацијата со сукњата ми е лудило, ќе седнам сега да барам таква некоја.Комбинациите топ, ми даде многу идеи, а и саатот ми го погоди на виш листата е. Влечкиве знам од Зара се, имам кaко тие од десно Birkenstock.. Не знам што работаш ама како стилист можеш да работаш.
@macka91 Баш ми е мило што ти се допадна и што ти помогнав Повели секогаш Саатот - you have the right wishlist Ако ти треба помош да најдеш некое парче, како сукњата, пиши слободно Ии тенк ју вери мач на комплиментот
Ќе ми помогнеш ако можеш. Каде да барам таква сукња и фармерките од првата комбинација ми се свиѓаат многу
Ми треба помош какви панталони би одговарале на крем кошула машка? Спојлер Повод - крштевка Се мислам со тегет дали добро ќе стои или можеби темно сиви панталони? На нозе кондури/патики?
можеби крем панталони за монохром момент би биле кул, исто некоја нијанса на кафеаво може да биде интересно или бело тегет исто секогаш проаѓа а за сиво би рекла не пошто е поладна боја за разлика од крем која е потопла. патики бели секогаш поминува или кондури зависи од комбинацијата(црни или кафеави класика)
Од накит само обетки бидејќи е затворен фустан, златни или сребрени. Чевли и чанта златни, сребрени или црни. Некако според мене најдобитна комбинација со црвено е златно.
мИ ТРЕБА сериозна помош! Го имам фустанов и не знам какви штикли/чевли да купам за да искомбинирам. Сакам да го носам на формален настан, значи сандали и нешто во ваков стил ко на сликава it's a no. Преферирам да е штикличка со затворени прсти и не мнг висока ама стванро не знам каков стил., боја... Обични балетанки би стоеле можда ама не сакам балетанки да носам за настанов...help... и не ми се даваат мнг пари....
супер совет, уште да ми стоеа ко што треба за жал имам проблематични стапала требаше погоре да го спомнам оваа Носам голем број и имам огромно кокалче на десното стапало што ептен ми отежнува и движење и носење на модели кои се стеснуваат напред (плусс ради големи што ми се стапалата не ми ни стојат тие со шпиц напред форма)
Каков материјал е овој фустан? И дали случајно сте го сретнале негде во некој бутик да може да се проба? Многу ми се свиѓа, ама освен овде не го имам на друго место видено. А овие само онлине работеле, па не ми се ризикува баш.