Зависи за која пригода. Ако е настан/искачање, црна кошула, штикли. Ако е за на работа нешто по кежуал, со маица обична у било која боја, и спарка некоја со патики, конудри, чизми кратки.
Панталони, кошула, или некоја блуза поформална малку, сако може ама и не мора. Не мора пределовно да изгледаш, нека биде и бизнис кежуал. Место кошула, можеш и ролка ако носиш, во понеутрални бои некоја. Дискретно све и ненападно да биде. И парфем нежен, не јак некој загушлив. Со среќа.
Сега дека ладно е, над кошулата што да облечам. Имам еден црн капут. А на нога што? Јас сум си поише спортски тип и таква ми е гардеробата а другиот дел од гардеробата ми е ептен свечена. Или ептен како за викенд искачања што не доаѓа во предвид за во банка. Значи немам баш деловна облека. И затоа проблем ми е што да искомбинирам. Ама знам дека битна е облеката за во банка. Не може да се облечеш ептен секојдневно. @Hoping Фала многу
Кошула и панталони или сукња до колена и сако, може и некое капутче. Е сега прочитав за на нозе ти е проблем, можеш некои чизмички до глужд со ниска штикличка ако не сакаш салонки.
Слободно со капутот, можеш и сако и плус капут. Свежо е. Зависи што преферираш, некои штикли како салонки или слично, не превисоки, не се измачувај со високи, или па и мокасини може, поедноставни, што даваат пософистициран изглед, или некои со врвки кондури, како оксфордки, има баш убави модели такви. Хахаха па не свечено секако, поделовна да биде и претставителна да си. Во банките стварно убаво се облакаат луѓето, многу скоцкано, да ти е мерак.
Мој совет ти е панталони, кошула , сако и салонки ( не мора високи ). Првиот впечаток што ќе го оставиш е многу важен а особено внимание обраќаат баш на тоа.
Облечи ролка и фармерки со капут, штом немаш деловна облека. Не мора кошула. И некои кратки чизми на средна штикла Сигурно си од Скопје. Кај нас не се дотеруваат ич. Последно кога бев во патики беше една од вработените што никако не ми оди со работното место. И за сите институции кај нас е така. Какви имам видувано по судовите пиц пец, не марка ама онака средено за очи, кај нас влези во судот никаков кодекс на облекување.
Е не дека сите се пиц пец по институцииве и во Скопје, како не.. Идат и баш несоодветно облечени. Не е ни до пари толку, колку што не знам или немаат мерак, или не сакаат да се замараат, па и вкус може немаат, а при толку многу идеи што ги има по интернетов. Мислам, во институција да работиш, не ми иде ко до маркет да се облакаш. Кој вика брендирано да се носиш, и со прескапи алишта, али малце бе попретставително. Тоа е, кога нема дрес код, ќе си идат како сакаат. А во банките, да, колку што сум приметила баш океј си се, ко што треба. И преубаво изгледа тоа. Секој може ако сака и ако се потруди малку, пристојно да изгледа.
Има убава линија но многу чудно деколте, рамена и ракави. Не е ни затворен, не е ни деколтиран, ни угоре ни удолу. Влече кон old money стил што е сега актуелен и мене лично не ми се допаѓа, ама нормално, за вкусови не се дискутира. Јас би го носела со црни салонки, од накит би ставила обетки, sleek bun коса и убав капут било каква боја и да имаш.
елегантна пунџа, без ланче, долги тенки обетки или бисери обетки, јас би рекла да комбинираш со друга боја за да не е се на црно, а со црна најмногу одговара бордо... бордо ташна, бордо салонки.
Со црни високи штикли и црни хулахопки. Од накит само злато. Лак црвен. Од шминка можеш исто црвен кармин со потемни сенки на очи. Коса фенирана. Пробај вака искомбинирај, бомба ќе бидеш
Салонки црни, металик златни или сребрени (зависи каков накит преферираш). Или некои добри црни високи чизми. Јас би носела прозирни хулахопки чисто да освежат, затоа што фустанот е со долги црни ракави. Собрана коса е добра затоа што гледам веќе некој волумен кај рамената, а со собрана коса одат крупни обетки и некое минималистичко ланче. Ако се решиш за пуштена коса - тогаш фенирана и можеш со некое покрупно ланче.
https://www.instagram.com/p/DCSJSxWvZcp/?utm_source=ig_web_copy_link&img_index=5 Некогаш многу сум љубоморен на вас жените што имате вакви работи за носење... Инаку разгледај, скоро сите чевли што ги носи Луциа се од овој тип Mary Janes и има доста инспо. Инаку сем ова можеш и да комбинираш со црна прозирна хулахопка-чорапа ама треба да ти е смислен цел аутфит за да работи ко што треба.