Прво што ми падна на памет е вака Но, можеш и со свилена кошула или некој топ, а за полежерна варијанта и некое џемпрече може да заврши работа.
Наједноставното црно боди со долги ракави (има во Зара). Може да стои убаво и ако бодито е со деколте или некој краток топ црн со сако.
Металик сребрен, бордо, темнозелен топ/свиленкаста кошула, Црна полупрозирна блуза, Ако е за преку ден може и по обична бела блуза/ кошула.
Zeni Kako bi se oblekuvale za na rabota?Rabotata mi e vo kancelarija i so deca rabotam,Easy style si teram. Pomos-i od kade da zemam raboti a da ne se ogin i plamen.
Еве неколку идеи. Поевтини парчиња гардероба се наоѓаат во Waikiki, калина кај зелено пазарче, обнова на семафорите после кјуби.
Накит златен. Или нешо шо наликуе на злато, таа боја. Ептен ќе го истакне фустанот. Чевли... би оделе и кремасти салонки, слична боја ко и фустанот. Но правило според кое јас се водам е чевлите и ташната да бидат иста боја. Така да бели салонки/сандали на штикла и бела ташна. Но гледај таа бела да не биде дреч, посмирена боја, да се задржи смирен тон на севкупниот изглед.
Луѓе кажете што да носам за на свадба... Немам поим што се носи на зимска свадба, све што иимам ми е летно, треба да купувам
Ако имаш нешто што не е толку цветно, со летен материјал а и зависи од стилот. Јас на зима имам носено краток фустан тесен со тричетвртни ракави,имам краток фустан цел од чипка носено ама онаа како везена што е со проѕирни чипкани ракави. Јас не сум баш по оние свадбарски фустани затоа ти реков зависи од твојот стил.
Што поедноставно тоа подобро. Секогаш одам со црно пошто нема утка. Ни ја не сум по балскине фустани. Сакам некој едноставен долг уз тело и со штикла и таман ќе е.
Ако не ти се носи или ако немаш во план фустан, искомбинирај некои панталони ако имаш со некој впечатлив топ. Или сукња со топ. Од Зара една сатенска ја утепав од носење за вакви настани. Моделот го има насекаде периодов. Или некои панталони покласични, или од некој понежен лелеав материјал, со светкав топ или каков било друг топ, баш убаво ќе изгледа.
Купив едни панталони со циркони пред Нова година од New Yorker (мислам дека ги знаете од Тик ток ги видов хит беа). Можам со обична црна маичка отворена,а ама па фустан на свадба ми се носи...
Тие не се за на свадба повеќе се за некое вечерно искачање а и сите на свадба носат краток фустан не е важно дали е со кратки ракави внатре е топло а ти можеш да си го комбинираш со некој убав капут или бунда одозгора и чизма или убава салонка.
Секогаш имам по некое парче дома што послабо знам да го комбинирам, а многу го сакам. Ташнава е најтазе, кожна е средна до голема. @Polyincognito ме воодушеви со вештините што ги имаш, секоја чест, може овде помош?
@Ketrin Blue Пред сè, ти благодарам на убавите зборови, многу значат Што се однесува за чантата, според мене вака: Спојлер: Предлози Самата ми е баш Ралф Лорен и Клое вајб, односно кантри-вестерн/бохо стил. Што е супер, бидејќи особено бохо модата ќе се носи 2025. Ти составив неколку колажи со идеи, бидејќи немав време за посебно склопување на индивидуални комбинации. 1. Секојдневен изглед со антилопно палто/мантил и фармерки. Ова е најлесниот начин за комбинирање. А можеш да замениш со панталони, во зависност од личниот стил и потребите. Нагоре обична блуска, кошула, кошула со карнери, итн. Кошулката може бела, пастелна зелена, бебешко сина итн. 2. Идеи за зимски комбинации Панталони со некој лежерен кардиган, особено може и ваков модел, баш Аспен вајб. Потоа, дебелка ролка со здолниште и чизми или комбинезон (може тексас, велур итн). Чизмите може да бидат кожени, антилопни, каубојки итн. 3. Пролет/Есен Лежерни макси или миди фустани или здолниште со чизми и некое палто со реси, или пак класично сако + некој поголем ремен со кантри мотив, да си се вклопи со чантата. 4. Пролет/Лето: Широки кошула фустани со кломпи или влечки во боја како чантата. Тенки бохо фустани со или/без тренч. За лето можеш за фустаните и светла пастелна зелена, светла пастелна портокалова итн. Во глобала за боите би предложила вака неутрална палета и плус можеш медиум пастелна портокалова или тиркизна/медиум сина. Пример, можеш некој принт макси фустан на долги ракави во + кафеави чизми. Пример ваков модел и боја. Ќе почнат сега по Зара да ги копираат актуелните трендови и ќе има доста бохо фустани и блузи сигурно. Но, секако зависи од личниот стил и вкус. Ако си повеќе по класиката, би рекла држи се до Ралф Лорен за инспирација и нема да погрешиш
Можеш и вака, ако имаш некој летен црн фустан. Само една кошула ти треба бела. Долу можеш и темни хулахопки со кратки чизми. Стои штосно, а сепак не е досадно.
Зимската комбинација со џемпер и долго здолниште прва ќе се износи, а имам и кафени антилоп чизми. Баш ми отвори очи да ѕирнам подлабоко во плакарот за заборавени парчиња @Polyincognito ти благодарам и уште еднаш, браво за модното окце ❤️