Со сè оди. Било која боја на чевли, бидејќи е кремасто. Но ако сакаш да задржиш неутрален тон на комбинацијата, онда крем или кафени чевли/чизми/штикли/патики. Пример јас би го комбинирала ова со крем јакна, а ташната и чизмите кафени.
Девојки ми треба помош. Ќе одам на патување и во програмата е вклучена забава, нешто како after work. Кое од здолниште би одговарало со бела блуза патиките од сликата?
Ај ваљда ја погодив темава. Имам ваков сличен фустан, но не сакам толкаво деколте. Сакам да ставам некоја мрежичка кожа боја , а да не се изгуби формата. Дали би стоело?
@Luna91 Според мене, може да пробаш да го носиш со ленти за гради одоздола, наместо градник. Ако никако не сакаш такво деколте, може вака корекции: Спојлер: Предлози 1. Со нежна чипка Односно, наместо со мрежест дел кој е повеќе за оние пресвечни и свечени бодикон фустани, на фустанот повеќе би му одговарало нежен чипкаст дел. Пример за каква чипка: Може целосно да го опфати V-изразот т.е и нагоре или само долу обратно триаголно парче. За бојата, може иста како фустанот. А доста популарен и елегантен фазон е контрастот, ако сакаш колорблок. Пример, со црна боја или ако фустанот е како на сликата, со виолетов или портокалов тон. 2. Со врвки Може да бидат во материјал ист или сличен како фустанот, пример: А може и вака, пофенси фазон, врвките да бидат синџирчиња: (или вкрстени, со ваков детаљ или вака). Може врвките да бидат уствари и мали ремени како овие. Може само едно погоре на деколтето или два да се стават. Би било доста уникатна комбинација со фустанот. 3. Лента со цвет напред Пример: (Нормално во боја и материјал како твојот фустан или друг матријал што ќе одговара и цветот малку погоре да го прекрие малку деколтето) Цветот исто така може да биде поголем ако ти одговара целосно на изгледот. Ако е изводливо да се тргне ластикот и потоа фустанот да се дефинира понaгоре со лента со цвет напред, за да дојде поблиску до деколтето. Или пак едноставно лентата да биде малку подебела во ширина за да го допира деколтето, но и половината до ластикот.
Ако можеш на кројач да го направи деколтето да биде помало, но да ја задржи формата. @Polyincognito каков друг предлог би дала за ваков фустан имам сличен, но не го носам бидејќи има големо деколте и градите доаѓаат до израз. Не сакам да биде отворен кај градите.
@FlowerMarija Јас лично би го однела на кројач со идеја да го направи халтер топ нагоре. Спојлер: Предлози Односно, да се отшијат деловите горе кај рамената и после вака: Односно можеш класичен халтер, вкрстен халтер, на една страна и слично, со цел напред да нема никакво деколте, а пак фустанот да е елегантен и модерен. И да нема на фустанот доволно материјал да се спои така, би рекла кројачот да додаде ист или сличен материјал, да го спои со краевите, па назад вториот материјал да додаде и ваков шал ефект: А едноставн може од вториот материјал само напред каде недостасува, па дури може и во друга боја, па да го направи исто елегантно шарен. Но, секако, не знам тука колку се добри кројчаите. Па најевтина и практична варијанта е да се купи нов фустан, ем готово, ем нема да му се замараш, а од тој другиот, евентуално макси здолниште да се извади
Со миди сатенска сукња/класични панталони/фармерки.. Можеш со или без кошула под него, зависи од пригодата. Одговара и со сако, капут, мантил или кожна јакна.
Ја купив кошулкава вчера и сеа се мислам со шо и како би ја носела. Ниска сум и малце е широчка така, како да се губам во неа, ама малку. Некоја идеја? Инаку вака, многу ми е симпатична.