Освен со бела кошула одоздола, со што друго можам да го искомбинирам комплетов за вакво бош, зимно време?
@Miss666 Според мене вака Спојлер: Предлози Односно, бидејќи колку што гледам, комплетот е ленен, јас лично не би го комбинирала со ништо одоздола. Односно, би го комбинирала со елементи одозгора. Идејата е да можеш истите комотно да си ги носиш цело време, наместо да ги соблекуваш како класична јакна. Не спомна специфична боја и пригода, па општо составив за повеќе аспекти. 1. За кафе и кежуал шетање Со дебел зимски џемпер и мокасини. Примерот е за белиот комплет, но идејата може да се примени и за останатите, само во друга боја џемпер + чевли. 2. За на работа Кратко подебело елегантно џемперче + антилопни салонки/балетанки (одозгора капут секако). Пример, за синиот комплет да го претвориш во позимски изглед, може да се комбинира со тегетно џемперче и бордо чевли. + Идеја за розевото како да го претвориш во зимски изглед Да се комбинира со чоколадно кафеаво, за да се смири пролетното розево. Примерот е пак за на работа, но може да го претвориш и во кежуал варијанта за кафе, пример: Сакото + некои вакви патики Кафеаво џемперче + антилопни бордо балетанки За рана пролет понатаму, може да пробаш и со сив или крем елемент. Пример, сиво-бело кратко џемперче на риги и нежни патики долу.
Девојки се породив пред 3 месеци.Имам +18кг.. Не сум на диета оти дојам и додека цица бебе не планирам да се ставам на диета,по битно ми е да имам млеко. За 2 недели сме на свадба..цело време гледам по интернет слики од плус сизе девојки,не знам што да земам.. панталони и некоја кошулка?океј ли ќе биде?ако имате некоја сликичка пратети ми... Сакам нешто што ќе ми "подскрие"некое килце.Не би се осеќала пријатно во ништо по отворено
@Bettina23 Според мене вака Спојлер: Предлози Односно јас лично би ти предложила ваков тип на фустан наместо кошула со панталони, кои мислам помалку би ти помогнале во целта. Халтер со кој може да се изгледа елегантно за на свадба, ем надолу раскроениот дизајн суптилно да ги потсокрие килограмите. Манго Зара (Се подразбира само во друга боја) Или евентуално од овој тип, каде колорблокот визуелно би помогнал за потсокривање на килограмите. Зара Нормално сè зависи и од самата фигура, висина и како се распоредени килограмите. Односно, сакаш да го потскриеш само стомакот, само рацете/деколтето или и тоа и тоа Воедно и нозете или сакаш кратко?
@Polyincognito Последново фустанче ми се допаѓа,сега ќе видам на Зара дали го имаат. Инаку не сум баш за кратко,највеќе би да го скријам долниот дел од стомакот "mommy belly" и нозете(бутовите) Фала
@Bettina23 според мене можеш да искомбинираш од сатенските сукњи во Зара со кошула. Неможев да најдам таков пример на интернет зошто повеќето се со блузи над. Вака : но и пантолони со кошула се ок зошто да не.
И јас последниве години качив неколку килограми и за мене како најсигурна опција за настани ми се фустаните на преклоп. Со преклопот за затскрива стомачниот дел, а должина би избрала нешто под колена или малку подолго. Но, сепак зависи од твојата фигура и од тоа што ќе успееш да најдеш.
Ви благодарам на сите за идеите,земав црни панталони и крем кошула.Кошулата негде на половина има раб и надоле како форбели одлично ми го прикри стомакот.. Шетав многу,пробував и фустани,сукњи,блузи,ама толку ужасно си изгледав во свои очи.. Во ваа комбинација се пронајдов за сега,па здравје по натаму кога ќе ослабам ќе си зимам нешто по отворено..
За секој ден (кафе,шопинг)…Скроз обичен е.Мн мек и нежен.Се премислувам за патики?Салонка не,сандала не,балетанка НЕ(ги мразам)…Чизма?
@joy1 Според мене, вака Спојлер: Предлози Односно, баш го зумирав на каталогот и го погледнав составот дека станува збор за еден вид медиум плетен фустан. Па земајќи го тоа во предвид, јас би ти предложила вака За есен и зима - високи чизми до колената До колената за да се поврзат со фустанот и да ти ги издолжат нозете и на штикла за да го "поткрене" целиот изглед и самата фигура. За боја, земајќи го во предвид фактот што паметам дека си убавица со црна коса + сини очи: •Црни - Со црното би било класичен контраст и елегантно. Кожени како на сликата или вака кадифени. •Медиум темно црвени - Со ваков тон би дал богат контраст со изглед на луксузна софистицираност. Ем ќе се вклопи со фустанот, ем ќе ти ги истакне очите. •Змиски принт - Модерно, смело и впечатливо, без да биде нападно. Во однос на моделот, дали шпиц напред или коцкасти, тоа е личен избор, како и висината на штиклата. За рана пролет - ниски патики или еспадрили •Ниски патики - Бидејќи мислам дека си пониска, може и со платформа. Но, дефинитивно да бидат со нежен женствен изглед. За боја, дефинитивно светли да се вклопат. •Еспадрили со полна пета (затворени скроз, и напред и назад) - Ако носиш секако и ти одговараат на нога. За боја, може да пробаш со светли или тегет. Не дадов балетанки или мокасини, бидејќи колку што те имам запаметено од модната тема, мислам дека нешто повисоко подобро ти прилега. Во однос на салонки, може да му дадат елегантен euro-style изглед на фустанот и да го носиш пример на некој ручек/вечера така со помала чанта. Во однос на боја, би рекла или кадифени сиво-смеѓи , чоколадни, црни: A може и бели кожени, мазни но не лаковани, ако преферираш уште пофабулозен изглед. The end
Јас не би го комбинирала со патики што изгледаат премногу спортски. Иако во денешно време се практикува да се носат патики со фустани, мене лично не ми се допаѓа. Евентуално би го комбинирала со патики што не изгледаат премногу спортски, што се поелегантни и поженствени. Нешто како измеѓу патика и кондура. А инаку најмногу ми го комбинирала со црни кратки чизми над глужд. За дневна варијанта скроз рамни или со мала дебела штикла, а за вечерна со потенка штикла или пак со салонки.