@spacegirl92 Според мене вака Спојлер: Предлози Односно, јас лично мислам со патики, особено бели патики ќе изгледа некомпатибилно бидејќи фустанот изгледа малку поелегантно. (Секако, друго е ако станува збор за свечена пригода со високи бели салонки.) Ти составив 3 кежуал комбинации за пролетта, чисто за претстава (во неутрални тонови бидејќи не знам дали носиш бои). Со црно кожено палтенце и црни балетанки Сметам дека црниот тон многу подобро ќе го смири/ублажи синото, отколку со бела боја кога станува збор за секој ден. Со краток тренч и мокасини Со кратко џемперче и едноставни балетанки Ова може да го изведеш и пример со тегетно џемперче + беж или тегетни балетанки и сл.
Мислам дека ќе стои, бидејќи во живо материјалот не беше толку елегантен како на сликава (во друга боја го видов, веројатно е ист материјал).
@Polyincognito здраво може ли да ми пишеш Пп за една консултација,јас не можам зошто ти е затворен профилот
Боја на коса темно кафена накај црна, а тенот малку посветол од девојката на сликата што ја имам ставено. Немам толку темен тен.
@Mrs.Precious Според мене, вака Спојлер: Предлози Односно, ти составив колажи и за тон и модел, за да полесно се инспирираш. Затворен тип Овие повеќе би одговарале доколку пригодата е сега, т.е пролет, исто така и есен и зима. Модел: Отворени назад, затворени напред. Може со тока напред. Ако се со ременче околу зглобот, најдобро истото да биде како првите - кристално, за да биде што понежно. Боја: Црна и сребрена. Избегнувај крем и златно. Визуелен пример За летни пригоди Сандали може да избереш за летните пригоди. Но, не како што моделот ги носи на оригиналната слика, бидејќи такви не би одговарале. Модел: Слично како за пролетта, односно назад отворени + овде и напред отворени, сето со тенки ременчиња. Може и украсени со крстали. Можеш и евентуално околу зглобот како последните. Боја: Сребрена, шампањ и црна. Ако носиш и сакаш бои, слободно пиши да дадам посебен предлог за тоа. Овие се понеутрални предлози, за да и полесно ти биде за шопинг.
Да. Не мислам дека има причина зошто не би. Ама повеќе би одговарало сандала штикла. Бар јас така би го носела фустанов
Крем кошула,танка на долги и црни панталони,црна ташна,имам крем штикли и црни штикли ама црните се отворени кај прстите,за денеска..кој по ваше повеќе би одговарале?
Ми треба помош. Сакам да искомбинирам нешто со зелена кошула или со зелено палто. За сега две опции ми се вртат во глава зелена кошула со крем панталони и палто, или зелено палто со црна кошула и црни панталони.
Според мене зелена кошула со крем панталони и палто. Поскладно ми звучи. Сепак зависи и каква нијанса е зелената боја и каков тен имаш.