јас би ја комбинирала со рамбовка ( сега немозам да кажам каква точно боја,затоа што не се гледат убав боите,може со циклама ил тиркиз или зелено е тоа) рабовката во сукњата и некое ланче во вид на бисерчиња пуштено надоле или пак ако имаш еднобоен топ да го ставиш во сукњата и да изгледа како фустанче!
Боите на сукната се црвена, бела ,црна и зелена . Со овие блузи би одговарало?( гледајте ги неистуткани )
кога мораш да бираш помеѓу овие две со правата , иаконе ми се свиѓа многу ќе ја изгуби убавината на сукњичката,тркни купи си една рамбовка за 130 денари доле во гтц во кинеска мислам дека е,веднаш до шехерезада во сутерен!
И јас сум за бела рамбовка со некој тенок кафеав каиш, кафеава ташна и бели римјанки, а од накит би ставила некои големи алки
Јас би ја искомбинирала со бела маичка или ромбовка . А како додаток интересно ланче или поголеми алки
и ти со рамбовка не се шалам иако можеш ако сакаш покежуал комбинација, мене ми е убаво оваа сукња со бела кошулка по спортска внатре во сукњичката со три четврт ракави! и косата во високо опавче и штиклички било какви можеш и црни и сиви
Јас не би со рамбовка бе... Рамбовка ми е повеќе за трчање на кеј. Мислам дека би одговарало со маичкиве, пикни ги внатре. Пробај Линн, имам маслинесто-сив тексас минич па го убивам од носење. Етеако имаш и штикли во таа боја, можеш да комбинираш со било каква маичка или кошулка
Сега чепкав, па најдов уште едно забаталено парче. Некако многу ми е свечена блузава, + со гол стомак е незнам ни како ни со што би ја носела. Предлог?
Бидејќи е со гол стомак , можеш да носиш црна ролка и над неа да го носиш блузево. Со црни фармерки, сиви салонки и сива плик ташна. Па пробај , може добро ќе изгледа
Со фармерки цефка,ташничка мала преку рамо сива,сиви штикли сандали до глужд,и некое џемперче одозгора сиво,бело...малку раскопчано се надевам ппомогнав малце јас искрено не би го носела...
Девојки на 15 мај сум на интервју во стопнаска банка,е сега проблем ми е што да облечам да оставам впечаток значи не сакам да сум ептен официјализирано но сакам да оставам впечаток. Имајте предвид дека сакам да носам бело кошулче со руска јакичка кое се закопчува до последното копче и така изгледа многу скромно и убаво..е сега врз основа на тоа предложете ми преостанатиот дел со што да го искомбинирам,а нај проблем ми е обувката незнам што да облечам....предложете нешто позз Размислував за ваква комбинација што мислите?Само тоа на нозете не го гледајте.....
Linn светкавата маичка воопшто не ми се допаѓа. Вакви шљокести работи веќе не знам кој носи, а ако се земе во предвид дека и гол стомак има, за мене е големо No! Dejana.M мене ми се допаѓа комбинацијата. За да не бидеш ептен костумосана, и јас предлагам некое ланче што ќе разбие монотонија. Не знам какви чевли планираш, ама можеш да носиш чанта во некоја повесела боја, да отскокнува малку. Косата не ја собирај, а за шминка веројатно си знаеш.
Па зависи од салонките, какви се, каков материјал се.... А вака гледајќи го, го замислувам во комбинација со лакирани црни салонки
Салонките се вакви,знам дека не одговараат,ама сакав да се понадевам,зошто стварно немам со ништо друго да го искомбинирам,значи нема да го носам