@L.i.n.a.a Ако може да ставиш слика од фустанот Исто така, за каква пригода станува збор и воедно боја на коса и тен, за да имам сè подобро во предвид Може и во порака, ако тука не сакаш, не е спорно
Феминки хелп, ми треба помош. Купив фустан долг, црвен, елегантен и има шлиц. Е сега градите ми стојат свиснати и малку тој дел ми паѓа, како да не се чувствувам удобно. Што можам да ставам внатре? Дали да и речам на шијачката да стави жица или да купам некакви потполнки за да стојат покренати и постегнат тој дел. Зашто вака како рамно ми е, како да се спојува со телото а сакам малку да се истакнат и да можам комотно да играм, да не го кревам. Што можам според вас?
@angelche16 Според мене, вака Спојлер: Предлози Односно, пробај со ваков тип на балконет push-up градник, бидејќи само обичен балконет нема да биде од помош. Во однос на носење кај шивач, не знам искрено колку е изводливо да ти стави жици и сл. А и да речеме ако ти стави како вграден градник, мислам фустанот пак ќе паѓа така кај деколтето, освен ако целосно горниот дел не се стесни малку повеќе. Ама пак тогаш, може и тесно да ти биде општо за носење. Според мене, ако го носиш кај шивач, подобро да ти додаде повисоки цветови на горниот раб, па така суптилно ќе се реши проблемот со деколтето, односно и да се движиш и фустанот да се помести малку, пак цветот да си ја врши својата работа. Пример: Само напред, секако не мора целосно и од позади Или вака, да речеме еден цвет вметнат суптилно каде се слева срцевидниот дизајн, баш да го опфати "проблематичниот" дел:
@spacegirl92 Според мене, тогаш вака Спојлер: Предлози Односно, повеќе би ти одговарале нежно златни/шампањ сандалки. Пример за тон: За косата, сè зависи од самото лице. Но, може нежно брановидна:
Го имам истиот фустан, со исти модел на врзување сандали сакам да го носам, на сандалите има нешто малку сребренко напред, ташничка бела со нешто сребрено е исто како сандалите, што да носам горе? Нешто бело или да искомбинирам друга боја?
На што мислиш кога викаш горе? На некое палтенце или нешто така? Ако ти е за во случај да залади, можеш и марама која ги покрива рамењата. На пример во нежно розе боја. Или пак некое нежно џемперче исто така во нежно розова боја.
@Mumoftwo30 Според мене, вака Спојлер: Предлози Сако Дефинитивно бело сако, ваков нешто тип, подолго, ем елегантно, ем ненападно. Ако сакаш нешто малку полежерно и си фан на оверзајз-от, тогаш може вакво: Наметка Можеш и подолга кимоно-наметка во некој нежен тон (пример бледа сива), ако се пронаоѓаш во тој стил