@IRBBB Според мене, вака Spoiler: Предлози Односно, бидејќи станува збор за тесен фустан со миди должина, мое лично мислење е дека нема простор надолу да се носат обувки што ќе ти го затворат зглобот. Па така според мене треба да избегнеш класични рамни сандали со обични ремени околу зглобот или на врзување, како и сандали и еспадрили со дебели ремени. Според мене, најдобар избор би бил следниот, да тераш некој, Сицилијански Долче и Габана стил, бидејќи самиот фустан е накај тој вајб - сексипилно, ама лежерно Поелегантни влечки Влечки со тенки ременчиња Што понежно, толку подобро Отворени кломпи на потпетица Потпетицата не мора да биде ултра висока. И на 4 цм висина ќе изгледа супер. Санадали на потпетица - со ременот позади Сандали на потпетица каде предниот ремен паѓа на косо (не околу зглобот) Ако претпочиташ полна пета, тогаш само вакви - ременот позади зглобот и општ нежен изглед За бои, покрај од тонот на фустанот, зависи плус од твојот тен и боја на коса, секако и личниот вкус. Покрај бело и екру, може нежни пастелни тонови, како розево, корално, минт, путер жолта, песок, бледо кафеава итн. Може и нежно златно. Исто така може и шари: леопардско, нежно змиско, полка-дот, цветно
Ептен ме погаѓаш, како да ме знаеш скрос каков тип на човек сум Каде да барам вакви/слични сандали кај нас? Да не се со астрономска цена.
@IRBBB Ехх, како да не те погодам, кога уште паметам колку ти се допаднаа тие едни Џими Чу кога ти ги постирав првпат кога ти одговорив тука Инаку досега барав и ова е сето моментално на што наидов Spoiler: Предлози Конкретно сандалите што ти се допаднаа се од PrettyLittleThing кои доставуваат и до кај нас. Сандалите моментално се намалени на 15 фунти или околу 1000 денари. Повели линк На сајтот имаат и други слични модели, пример. Исто така, има верзија од нив и на Асос, и тие праќаат до кај нас, еве линк за секој случај Ги има и по други страни, амa се поскапи, па затоа не ги постирав. А оригиналот инаку се на Тони Бјанко, околу 200 и нешто евра. Е сега за кај нас, паметам лани во Зара имаше 2-3 модели како што бараш, па како што ги повторуваат дизајните, може пак ќе излезе нешто приближно Инаку, моментално, вака набрзина што разгледав, би рекла како алтернатива да ги ѕирнеш овие од Манго: Модел 1 - ги има и скроз бели Модел 2 Модел 3 Модел 4 Модел 5 - ги има и нежно кафеави Модел 6 Едни од House Brand и едни од Тему - не се со тока- ремен детаљ , ама остантиот дизајн е доста сличен т.е исто скроз отворени од едната страна. Исто имаа и доста добри модели на кломпи, разгледај си. Инаку и тие погоре што ти ги постираше DeadFlower се доста добри, многу убаво стојат на нога. За фустанот не би одговарале, ама онака можеш да ги пробаш Ако видам некаде по наши каталози приближни на тие од PLT, или по Инста страни, обавезно ќе постирам, нема да заборавам
@IRBBB Нема на што, задоволството е мое Секогаш повели Инаку, плус на овие наидов сега на Инста Spoiler: Предлози Пред 2 дена се постирани, но за нив немаше цена во описот. Инаку ги има вака крем, црни и црни со темно леопардски од страна. Страната е