Можеш со кошула под него, нешто вака да добиеш. Или долго бело сако, па ако ти е топло ќе го соблечеш.
@Luminary Според мене, вака Спојлер: Предлози Односно бидејќи фустанчето е со спуштен бродски дизајн дури под клучната коска + е со прерамки, едноставно нема да изгледа убаво со нешто одоздола. Ќе беше друго доколку стануваше збор за корсет - фустанче т.е без прерамки и друг материјал. Со меш блуза и црни хулахопки ќе изгледа само дополнително демоде. Исто така нема да одговара со чизми бидејќи како дел од летната колекција, материјалот едноставно не му е наменет за "тешки" зимски комбинации. Со чизми само можеби за бохо лето на Коачела фазон. Според мене, идеалното и наједноставно решение е долг капут или кратко палтенце (до таму додека да отидеш) + салонки + неутрални месо боја хулахопки. За внатре и онака спомна дека ќе биде топло. Ако ептен сакаш нешто и за внатре, тогаш можеш да си земеш од поголемите шалови или марами, наменети баш за такви моменти. Ем така ќе можеш да го тргнеш во секој момент или да го наметнеш ако ти застуди малку. Ти составив неколку предлози за инспирација, земено во предвид дека имаш костенлива коса + бел тен. Со капут Капутот може да биде крем, светло кафеав, црн, тегет, па дури може да пробаш и црвен капут. За да го комплетираш изгледот - впечатливо парче накит и поуникатни потемни чевли да се вклопи во зимскиот концепт. Со капут - пелерина Дефинитивно би му го дало тој празничен шарм на изгледот. Пелерината може да биде вака екру, црно, тегет и сл. Исто така и овде чевлите најдобро е да бидат медиум кон потемни. Со кратко палтенце Може да биде вака металик или крзнено, баш во новогодишен дух, без да изгледа нападно, ту мач. Плус панделка детали како погоре. А може и од оние кратките твид.
@Nn123 Според мене, вака Спојлер: Предлози Бидејќи станува збор за крзнена јакна, а не крзнена бунда, сметам дека немаш простор за свечени или премногу елегантни комбинации од типот со костумски панталони, елегантни здолништа, фустани и лаковани обувки. Но, тоа не значи дека не може да изгледа убаво. Напротив, само треба да се држиш до тоа комбинацијата да биде на исто стилско ниво како јакната - секојдневно денско. Со фармерки + чизми Чизмите може да бидат од кратки со рамна платформа, високи рамни, па дури и високи на штикла - во зависност од фармерките. Пример: Значи да изгледа пак едноставно, секојдневно, за да парираат на стилот на јакната. Ако се високи на штикла - кожени, ако се ниски и рамни, може и антилопни. Со карго панталони Кежуал изданија Со тренерки или плетени комплети Со мини плисирано здолниште Доколку јакната е пократка - до половината и доколку се пронаоѓаш во стилот и претпочиташ да носиш здолништа, може да пробаш и вака - со кратко - плисирано зимско здолниште, пак во секојдневен шарм.
Дали е соодветно да носам нешто пократко, над колена, за нг забава со колеги? Дали постои непишан дрес код? Досега обично одев по долги панталони и не знам дали да сменам годинава И предлози за комбинации се добредојдени
@-Iris- Нормално дека можеш, новогодишна работна забава е пак забава и празнично веселење, при што совршено соодветно е и нешто над колена. Плус убаво е да промениш Само треба да биде убаво и елегантно. Во однос на предлози за комбинации, доколку можеш да ми кажеш отприлика возраст, како и боја на коса и тен (доколку не е проблем) Истовремено, дали имаш нешто специфично на ум (некое парче), специфичен стил или отворена си за секакви предлози?
Парче кое би сакала да го носам се вакви слични чизми кои ги имам Спојлер Друго што мислев да купам е ваква сукна ама подолга, ми се допаѓа комбинацијата само се мислам да не е претерано со шљокици. Спојлер А да, и хулахопки би носела како тие на сликата. Други ограничувања немам освен чизмите. Така да отворена сум за предлози. Инаку сум во рани 30ти, светло кафена коса и светол тен (не премногу бел, средина би рекла)
Доколку доле е кратко и светкаво, горе треба пообично. Имаше во New yorker некои бодиња или некоја кошула можеш. А доколку бараш светкав шорц или сукња, имаше во Зара.
@-Iris- Според мене, вака Спојлер: Предлози Шљокиците сами по себе се супер за новогодишен аутфит и да, ова е новогдишна забава, ама на крајот од денот е пак е, работна забава. Воедно, високи чизми + шљокици многу лесно може да дадат изглед повеќе како за night out со друштво, па би рекла таа идеја да ја искористиш за новогодишната ноќ. Понатаму бидејќи чизмите + црните хулахопки рече ти се a must (како лимитирачки фактор), самиот тој склоп е веќе со силен впечаток, па нагоре треба целото да биде отмено - едноставно. Во тој случај, ти составив неколку предлози како лесно да постигнеш елегантен младешки изглед измешан со work attire/boss glam: Фенси костумски изглед Истиот може да го постигнеш со класичен сако-фустан, подолго сако + matching кратка сукња одоздола или костумски фустан со впечатливи копчиња за поразигран изглед: Со кратка сукња + елегантен горен дел Сукњата може да биде костумска или волнена. Горниот дел може да биде: Свилена кошула, свилена блуза, лелеава кошула, елегатен халтер топ (со или без ракави) и сл. Целокупно, топот со здолништето на крај отприлика вака да изгледа (Со халтер топот, здолништето може дури да биде миди и да се поврзува со чизмите, баш би изгледало софистицирано.) Краток фустан на долги ракави Фустанот може да биде со ефект на преклоп, голи рамена итн. За косата: Keep it simple, испеглана коса или sleek bun е најдоброто решение. За додатоците: Плик чанта или мала чантичка, а за накитот - едноставни, а впечатливи обетки (мали или медиум). Да додадам, контекстот е важен. Ако работиш во посериозна средина (стандардно корпорациско, право, технологија, финансии, администрации и сл), шљокиците би биле off. Но, ако работиш во забавната, медиумска, креативна индустрија и работната забава би било баш ноќна забава, во тој случај, океј е и шљокици. Или ако веќе си си купила такво здолниште, во тој случај, нагоре мора да се внимава да е многу едноставно, а сепак елегантно. Пример: Едноставна свилена кошула, едноставна фризура, минимални аксесоари, неутрална шминка како кај девојката од десно. The end
Леле фала ти премногу за трудот и одвоеното време Дефинитивно ќе идам со опцијата 2, баш е според мој стил па ќе се чувствувам комотно во целиот аутфит. Повели виртуелна торта во знак на благодарност
@-Iris- Нема на што, баш ми е мило што помогнав Спојлер: Предлози за бои Погоре прашав за твоите карактеристики, а потоа не спомнав предлози за бои, па еве плус врз основа на тоа кога веќе ја избра втората опција Комбинациите се предлози за тонови кои можеш да ги комбинираш, не мора само црно на црно да имаш во предвид. Односно, еве како може да е со други бои, да биде во тој празничен дух, ем пак супер елегантно: Светло кафеав топ + медиум крем здолниште Бордо топ + црно здолниште Светло зелен топ + темно зелено здолниште Dusty rose топ + бордо здолниште Светло кафеав топ + темно кафеаво здолниште Сив топ + црно здолниште Син топ (може бледо, индиго итн) + сиво здолниште Шампањ топ + црно здолниште Се подразбира, исто така, на црно здолниште може било кој од овие бои на горни делови
За предновогодишна забава планирам да носам бордо кожен комплет јакна-сако со пантолони. Јакната е за број поголема па планирам да ставам некој топ/корсет и да ја носам откопчана. Каква боја да биде топот и каков модел? Многу пати сум гледала комбинации сако со градник, само да не биде премногу нападно
@Youknow Дали може да поставиш фотографии за каков комплет конкретно станува збор? Може и фотографии од Интернет, нешто најприближно, за подобра претстава, доколку не е е проблем
@Youknow Според мене, вака Спојлер: Предлози Односно ја видов сликата што ја постираше, (не знам дали е избришан одговорот, не го гледам), воедно видов и како изгледа палтото од комплетот - ако е истото како од видеото на бутикот. Врз основа на тоа, за топ најдобро би било: Корсет Струкирана корсет - маичка Можеш и боди без ракави - ролка, бродска јака или квадратно деколте. За материјалот, покрај стандардното, топот може да биде кожен, цврста струкирана чипка, антилопен, волнен, сатен (ако е добро искомбиниран) и сл. За боите, најсигурна опција ти е црн или во иста боја како комплетот. Исто така, можеш да пробаш и со чоколадно кафеаво и сиво. Ако сакаш посветол топ, тогаш бело, екру, нежно розево како горе во примерот. Сè зависи од твоите лични карактеристики. Градник сметам дека не би одговарало од причина што целиот аутфит дава slightly елегантен bulky изглед, поцврст волумен, а градникот/бралетот само ќе се изгуби во истиот. Плус палтото не ми е баш сако-сако за градник. Воедно панталоните колку што гледам се со средно низок струк и ќе треба нешто малку подолго од бралет. А сигурно во некој момент ќе посакаш да го соблечеш палтото, па најдобро е да ти биде комотно и со и без истото. За должината, топот/корсетот не мора да биде скроз до долу - поврзан со панталоните, може и V-струк
Ќе носам црно сако, вака нешто како на сликава, само не е фустан туку е класично сако, кое ќе го носам со обични црни пантолони. Е сега, прашањето ми е што би можела да носам од обувки, што би било соодветно? На штикли нема да издржам, не знам колку време ќе се задржам на настанот, а на патики не ми одговара некако. И каква јакна би ми одговарала?
Вака нешто побарај, sock boots. Имаат дебела штикла така што лесни се за одење, а сепак се шпиц. Или можеш кондури на мала тенка штикличка.
@Panda00 Според мене, Најпрво, за каков настан/пригода станува збор? Денско, вечерно, работно, приватно? Одоздолу под сакото дали ќе носиш нешто и што? Боја на коса? Воедно, во која отприлика возрасна група припаѓаш? За подобра претстава околу одговорот
Денско, работно. Конференција е, а после ќе продолжиме во ресторан. Црна коса, во средни дваесетти сум. А под сакото, не знам, најверојатно обична црна маичка/топ. Втор план ми е фустан да носам, долг и црн. Ваков е, идентичен како на сликата. Само да не е ,,ту мач" пошто настанов е чиста формалност, не е нешто премногу свечено.