@Panda00 Дали бараш еден заеднички предлог и за двете комбинации? Исто така дали фустанот ти е скроз тесен долу или онака паѓа и има малку повеќе простор? И дали и за двете сакаш да не биде штикла во прашање?
Изгледа ни ја не знам што сакам. Се двоумам меѓу двете комбинации, која е посоодветна? Иначе, фустанот не е скроз тесен, има простор долу. И да, пожелно е да не биде штикла, туку поудобна варијанта.
@Panda00 Според мене, вака Спојлер: Предлози Бидејќи сме зима, а сакаш рамно, нема простор за друг тип на рамни обувки, освен рамни чизми. Е сега, сакото + панталоните даваат класичен изглед на поелегантен костум и истиот едноставно не би изгледал добро со рамни чизми. Од друга страна, кога некој би ми рекол to tone down the dress, за да изгледа поедноставно, би го облекла со војнички чизми и puffer јакна со ремен, како на сликите подолу: Но, поради горниот дизајн, фустанот едноставно не ми е прикладен за нешто работно + денски + не толку свечена пригода. Па затоа, my honest take e, да одиш со сакото + фармерки + елегантен топ + капут одозгора + рамни чизми со мала платформа. Вака ем би изгледала елегантно без притисок, ем би ти било супер комотно без да изгледаш воопшто обично. Пример: +долг капут. Капутот може да биде во темна боја, но може и светол, па дури и црвен, ако сакаш боја. Фармерките може да бидат црни, сиви, темносини, па дури и светли. За крој - тоа што ти одговара и врз основа на тоа, чизмите може да бидат одозгора или одоздолу. За топ, можеш класична кошула, свилена кошула, кошула со панделка напред, поелегантен топ на долги ракави, свилена блуза и сл. Елегантиот фокус едноставно задржи го во горниот дел (торзо + глава). Односно, косата да биде средена (може исфенирана, благо брановидна итн), шминката on point. Потоа, додади медиум големи обетки како пример што носи моделот погоре на првата слика во колажот. Може и помали, но да е поелегантно. Изгледот надополни го со помала фенси чантичка and there you go Ќе изгледаш effortlessly софистицирано и младелашки, без да мора да носиш штикли или било што неудобно. На крајот од денот ова е секако работно и како што рече, ништо премногу свечено. Ако бараш исклучиво меѓу твоите идеи да е, тогаш избери ја првата идеја што ја имаш, со сакото и панталоните. А за чизми, пробај со вакви на дизајн, што имаат сосема мала kitten штикличка.
@Marija_Magdalena Комбинации за каде? Воедно, панталоните на дизајн какви се? Доколку може да прикачиш слика од Интернет, приближно, како стојат? Дали се долги, широки, струкирани до зглобот или како? Исто така, твоите карактеристки? Боја на коса, тен, отприлика возраст? Твојот стил? Дали сакаш скроз бои или бараш решение како да ги неутрализираш панталоните? Доколку нормално не е проблем да споделиш
И матичен број заборави да и побараш Комбинации " некоја скроз бела кошула или бело -шарена кошула но да има и од оваа истава боја, бели штикли и бела ташна.
панталони со висок струк и широки ногавици во жива виолетова боја, Moze, mi se dopaga kombinacijava Gi zemav pred dve godini, istiov period, vo eden butik, mal, so preubavi raboti. Samo nemozam da im najdam kombinacii
Дали ваква комбинација блуза + долга сукња би одела со вакви чизми на штикла? За на предновогодишна прослава од фирма ми е.
@Witchy-style Според мене, Бидејќи самата комбинација е доста елегантна со кадифените детали, и фали нешто со цврст, чист дизајн, to elevate it. Затоа со кожени обувки (чизми/салонки) би изгледало подобро, a со лаковани би било дури chef's kiss. Баш би изгледало festive, ама polished, без да изгледа претерано, туку елегантно. Пример: Неопренот едноставно не ми се вклопува во елегантниот изглед, го прави да изгледа обично
Фала ти, имам црни кожни салонки ама барав поудобна варијанта. Тогаш би можела сличен модел на тој што го пратив, само кожни. Вака нешто? Знам дека со тенка штикла е поелегантно ама сакам да ги износам. Црни салонки имам, тоа ми е последна варијанта, ако ништо друго не одговара.
@Paula123 За каде? Посебна пригода или? Воедно, доколку не е проблем, да споделиш боја на коса, како и отприлика возрасна група?
За вечерно излегување. И дали може нешто да ми предложиш комбинација за предновогодишна прослава од фирма. Ќе ти оставам некоја слика, иако панталоните не знам дали се за таква пригода. Инаку, имам кавеава\смеѓа коса и во средни 20ти. Ти благодарам однапред.
@Paula123 Според мене, вака Спојлер: Предлози Најпрво, за одоздола. Бидејќи топот е иридисцентен и светол, воедно самата ти си со смеѓа коса, би препорачала одоздола да носиш сребрено-сиво парче, што ќе легне како дел од блузата. Покрај тоа, може и со бел, ако надолу и долниот дел е бел. Црн не, затоа што не би стоело убаво, туку демоде. Пример: Исто така, најдобро е со бралет, bandeu топ или маичка, не со класичен градник одоздола. Исто така, не со чипка, туку само нешто мазно. За комбинациите, ти составив неколку идеи за зимно време. Врз сите одозгора можеш капут или полегантна јакна. NY urban Со фармерки + металик детали. Фармерките може да бидат класични, со светки или вака, со металик ефект. Неутрален изглед. Комбинација во taupe тон, што е измеѓу крем и сиво. И пак надополнето со металик аксесоари. Girly fancy Со бело фустанче одоздола + салонки кои се во ист фазон како топот. Изгледот надополнет со онир скроз мали чантички на синџирче. Инаку може да биде и со бел бралет одоздола + бело здолниште или бели панталони. За предновогодишната прослава од фирмата Врз основа на парчињата што ги постираше, според мене вака: За топот Би рекла, најсигурна опција е да го искомбинираш со слично драпирано здолниште и да направиш еден целосен изглед. Пример 1: Ако здолништето е пократко Пример 2: Ако здолништето е миди, може да ги додадеш и чевлите што ги имаше постирано. Можеш да пробаш и со сиво здолниште. Исто така, ако не сакаш здолниште, можеш и со црни костумски панталони, струкирани до зглобот, таков некој тип. Врз која и да е комбинација, одозгора се подразбра долг капут. За чевлите Ако се само тие во прашање, би предложила вакво некое фустанче, може и костумче. А може и миди костумски, без ракави. За кожените панталони Единствено би функционирале ако сте онака во некоја урбана/забавна професија, повеќето кул млади лица и забавата би била повеќе младешка, баш журка. Во тој случај, ќе постирам комбинации. Ако е онака класична фирма, млади и стари, со поформален кодекс, тогаш не би ги предложила панталоните. Но, ќе додадам дека и, иако и тие може да се вметнат во елегантна комбинација, за вакво парче многу е важен и карактерот, ставот, едноставно има луѓе кои знаат да ги изнесат и луѓе на кои едноставно не им стојат вакви специфични работи.
@Polyincognito Фала ти многу за предлозите Инаку, забавата ќе биде баш како журка и повеќето сме млади скоро па 90%. Плус, мојот стил е повеќе casual, па мислам дека убаво ќе се вклопат. И не знам дали би можеле да се искомбинираат со бордото штикли
@Paula123 Нема на што, задоволството е мое Спојлер: Предлози За панталоните, во однос на бои за комбинирање, покрај стандардното црно и бело, ти составив неколку идеи за инспирација, земајќи го во предвид фактот што рече дека имаш покежуал стил. Топот може да биде плетена ролка без ракави, халтер топ, блуза на голи рамена, асиметричен топ, боди без ракави со бродска јака, корсет - топ, било што помодерно, што би ти се совпаднало со личниот стил. Може и оверсајз кошула, вметната во панталоните, за кежуал шик изглед. Чоколаден изглед Најсигурна, но и hot варијанта, панталоните комбинирани со ист или сличен чоколадно кафеав тон. Чоко-јагода Панталоните искомбинирани со нежно розев топ + крем чевли. Чоко - ф'стак Со пастелна ф'стак зелена + бордо чевли Чоко - банана Со екру нијанса + бордо чевли. Ако сакаш пофенси топ, може да пробаш со свилен халтер. Пример: За аксесоарите, мала чантичка и накит во зависност од комбинацијата и самата себе, можеш поглеми металик обетки како во примерот, можеш чокер или поголем прстен и сл. За црвените чевли Дефинитивно се tricky за со панталоните. Мислам дека доколку панталоните се подолги и пошироки (wide-leg), да ги покријат речиси скроз чевлите, освен нивните врвови, можеби и би функционирало. Но, мора да се проба. Ако панталоните си се straight и пократки и чевлите долу ќе бидат повеќе откриени, тогаш не. Во тој случај, би биле едноставно прегласни и glossy за панталоните. Но, земајќи ги нив во обзир, дека најверојатно сакаш пониско, затоа такви и ставив во колажите