@Polyincognito Уште едно прашање и не те замрам повеќе Горе дали да облечам бела маица со црните панталони или не?
@Nn123 Конкретно бараш идеја бидејќи сакаш нешто да носиш одоздолу или? Бидејќи вака, парчињата сами по себе веќе се комбинирани. Воедно, штом ти е за прослава, за чевли - салонки, но може и поелегантни чизми, и одозгора долг капут. Пример за бои: - Крем чевли + долг крем, тегет капут, може и портокалов. - Црни чевли + било каков капут, вклучувајќи и бои како црвени, бордо, темно виолетово. -Темно кафеави чевли + темно кафеав, тегет или крем капут -Бордо чевли + бордо, црн, крем тегет капут итн. За акесоари, зависи што носиш, што ти прилега и каква ќе ти биде фризурата. Може кратко нежно ланче или пак покрупни обетки како што се копчињата на корсетот, или пак нежни спуштени + мала чантичка како за на рамо
@Nn123 Да, можеш со црвени салонки и златен накит. Со нив, ако сакаш да носиш нешто одоздолу, најдобро со кошула. Кошулата може да биде класична, свилена класична или свилена ваква со панделка горе. За бои може бела, вака нежно сина, екру, шампањ. Ако сакаш бои, може да пробаш со виолетова (свилена - бледо или потемна) или бледо зелена (исто свилена) или праска, доколку ти одговара на карактеристиките
kombinacii za vakvo fustance? Za proslava od narabota. Inaku si go zedov letovo, voopsto ne go oblekov , ima svetkavi sprinkls, malku e kusicko, no ne mnogu, i grbot e gol samo gorniot del, do kaj prslukot. Ne e mnogu leten, so postava e odozdola.
Океј е фустанов за предновогодишна со повозрасни колеги? Во дилема сум дали да го купам, на граница ми е на кјут и кичерај. Чизми високи имам црни и светло кафеави-каки, крем имам до над глужд ама не се залепени за нога и лошо стојат на гола нога. Со шпиц чевел да не ми бидат многу голи нозете?
@IRBBB Според мене, вака Spoiler: Предлог Проблемот не е во фустанот. Фустанчето е елегантно, festive и со класичен modest дизајн, при што се вклопува во пригодата. Проблемот е во стилизирањето на оваа силуета за зима. Тука лесно може да премине од кјут во кич. Односно, поради неструктурираниот дизајн и бродската јака, (а свечено), со чизми тешко може да се добие убав изглед. Со кратки чизми, само ќе изгледа непропорционално. Со високи е ризично и ретко успешно, со салонки + месо боја хулахопки ќе изгледа баш голо, ладно и недовршено. Spoiler: Со чизми Со чизми, може да изгледа океј евентуално само во случај доколку фустанчето e intentionally оверзајз + личноста е со ситна или многу слаба градба, па сето да изгледа вака нешто, едиторијалско effortless: Во тој случај ќе одговараат чизми, кожени, не антилопни, бидејќи на фустанчето му е потребен чист, цврст, мазен дизајн. Но, фустанчето од твојата слика повеќе ми има нежен A-дизајн, а не оверсајз секако. Затоа my take is, за да изгледа префинето и целосно вклопено за пригодата и сезоната, е да се стилизира во овој стил, темни хулахопки + елегантни салонки (не мора отворени назад). Пример: + Долг капут одозгора и мала црна чантичка. Капутот може да биде и светол, не мора само темен. На овој начин, ќе се смири светкавото, да изгледа по classy и ненападно, односно кич. Ќе изгледа доволно елегантно, а истовремено компактно, свечено и соодветно за работен настан
Пак јас Дефинитивно се откажав од фустанот погоре, во дилема сум меѓу овие два (приближно исти се како на сликите, со таа разлика што вториот нема толку длабок шлиц, вториот е долг до глужд). Фаворит ми е првиот, подобро ми стои, ми ја истакнува фигурата, ама ме буни тоа што е со голо рамено, дали е воопшто соодветен за зима, па и за предновогодишна забава со колеги во ресторан (не елитен). Двата би ги комбинирала со црни салонки и долг бел ванила капут. @Polyincognito те молам кога ќе имаш време дај ми малку насоки кој би ми бил подобар избор и како да го искомбинирам со шминка, фризура, чанта, накит (иако јас мислам дека не би носела никаков накит со ниеден од овие два фустани)?
@IRBBB Според мене, вака Spoiler: Предлози Помеѓу двата, подобра одлука е првиот од повеќе аспекти. 1. Првиот подобро ти стои - ова е најважното. 2. Бидејќи е забава од работен карактер - подобро е да носиш нешто со миди должина, отколку долго. Долгиот ми е повеќе или за забава со млади колеги или за забава во елитен ресторан. 3. Првиот многу поубаво ќе ти се вклопи во концептот со црните салонки и долгиот ванила капут. 4. Првиот изгледа поелегантно и festive за пригодата и условите, без да изгледа нападно. Тоа што е на едно рамо е сосема океј. Не станува збор за некое risky деколте, туку за едноставен асиметричен дизајн. Е сега, бидејќи спомна дека станува збор за забава во ресторан, кој не е премногу елитен, па за да се вклопи во целиот вајб, целта е фустанот да биде toned down. Половина ти е веќе поедноставнет со салонките + капутот, а другата половина најдобро ќе ја постигнеш со неутрална шминка + едноставна everyday фризура. Значи избегни ги фризурите за на свадба, нешто што е презатегнато, исполирано или навиткано. Поради цветот на рамото, за пригодата, косата мора да биде многу едноставна и секојдневна, за да се доведе изгледот во баланс. Пример: Примени средени стилови кои вообичаено можат да се носат и денски. Half up - half down: Косата горе малку соберена со мала шнолка или репче. Плетенка Класична испеглана или само исфенирана Ниско или средно коњско опавче Би рекла да избегнуваш локни, бидејќи се ризични и лесно може да дадат по официјален, преелегантен или свадбен изглед. За шминката, Зависи што ти стои и како си се шминкаш, но претежно би предложила да е неутрално и свежо. Како пример што носи Роуз погоре на последната слика со испегланата коса. Со туш и може вештачки трепки само на крајот од окото, колку да ти даде подефиниран изглед, да не испаде ептен no makeup - makeup. Ако ти стојат сенки, може и вака, пак нешто вечерно, минимално, ненападно: За накитот Доволни се кратки обетки + тенок часовник. Може и само обетките, ако не носиш часовници. Вака сето надополнето, комбинацијата ќе изгледа елегантно и професионално, без да изгледа преформално или предотерано/префенси
@IRBBB ако смеам да се вмешам. И двата фустани се тотално мој стил. И опишав на ВИ како би ги носела и ова би изгледало отприлика вака. Забелешка: Сликите се од вештачката интелегенција конструирани.
@Polyincognito првиот е долг до глужд, вториот е до под колена, само шлицот не е толку длабок како на сликата, негде до над колено е. Тотално предобар ми е првиот, ама пак да не сум многу официјална. Не ми стои лошо вториот, напротив, само првиот повеќе ме издолжува и ми ја истакнува фигурата. Благодарам за предлозите, дефинитивно ако го носам првиот, косата би ја носела half up half down. @Katie90 секое мислење ми е добредојдено, ја означив @Polyincognito оти секогаш знае да ме погоди и најактивна е во темава. Благодарам за сликчињата, на сликиве подобар впечаток ми дава вториот.
И јас сум за вториот, посуптилен е со оглед на тоа што нагласи дека ресторанот не е елитен. Првиот ми е посвечен, така што за во такво место јас дефинитивно би одела со втората опција.
@IRBBB Горе имаш напишано: И јас така го сфатив, дека ролка фустанот е макси, а тој со едното рамо е миди, затоа го предложив првиот. Во овој случај тогаш, вториот е подобра опција. За накит и шминка, предлогот останува ист (може и неутрална шминка + црвен кармин, ако носиш). Саатот може врз ракавот. А за фризура, може пак истите предлози, вклучувајќи: Првиот чувај си го за новогодишната ноќ
@IRBBB јас би си ги купила и двата. Безвременски се. Првиот ќе го носиш на свадби, дипломски итн. А вториот би го направила миди и баш ми се допаѓа шлицот. Би го носела после забавата со рамни ама високи чизми на денски кафиња, прошетки. Со соодветно капутче, шалче ќе го износиш. И двата се преубави важно што и да се одлучиш нема да згрешиш.