Ве молам помош, може и за елегантна варијанта со салонки/чизми на штикла, а и едноставно, со ниски чизми или патики.
Ми требаат идеи за формално облекување за работа за зимно време Е сега проблемот е што дел од панталоните што ги имам ми се над глужд некоја должина, што не ми се за зимно време. Имам долги до доле сиви широки и кафеави flare. Од чизми имам црни на штикла до глужд, и некоја камел боја високи до под колена (малку широки се нагоре, како набрани). Дајте идеи што да купам, за правење повеќе комбинации. На Пинтерест или не знам да барам, или ми излегува повеќе смарт кежуал (или како и да го викаат), кратки суќни и слично
@pamelche Според мене, Спојлер: Предлози Не е дека панталоните до глужд не се за зимно време, туку само ти фалат соодветни чизми. Доказ дека со сооветни чизми, и пократки панталони може да изгледаат совршено во есен/зима: И бидејќи дел од панталони ти се до глужд, (значи не е еден пар во прашање), финансиски попаметно е да инвестираш во купување еден или два пара нови чизми, отколку да земеш да купуваш повеќе нови панталони. Исто така, нови чизми е попаметно, земајќи ги во обзир чизмите што веќе ги имаш. Бидејќи - за црните до глужд треба да накупуваш повеќе долги панталони. А камелот се покомплицирани бидејќи бојата е специфична, ем нагоре се широки и набрани, па ќе треба уште поспецифични долни делови да купуваш. Односно, за почеток, она на што треба да се фокусираш е higher cost per wear, а специфичните парчиња остави ги за понатаму. Прво изгради си побогата основа. За чизмите За почеток јас би ти рекла да си купиш чизми на штикла кои се повисоки (над глуждот, а под коленото), а потесни горе, за да ти легнат под панталоните, ем да ти ја издолжат ногата. Таквиот дизајн ќе се вклопи и на кратките и на долги панталони. За бои, за почеток можеш со црни и/или темна taupe. Зависи какви конкретни се тоновите на панталоните кои ги имаш дома за да дојдеш до пресек што би се вклопило со повеќето или сите. За горните делови Она што можеш сега повеќе да си купиш се елегантни формални горни делови. За почеток кошули - една бела и една бледо сина. Овие два тона ќе ти се вклопат и со сивите и со кафеавите, како и други панталони што имаш. Кошулите може да бидат класично памучни, свилени и креп. Покрај класични кошули со копчиња, можеш и елегантни џемперчиња во стилот на Шанел, потоа структурирани блузи со фина плетка, кошули со панделка, елегантни блузи со boat necks и сл. (Ако кодексот е формално кежуал, од плетено можеш и кошула + плетен елек одозгора, структурирана плетена поло блуза или ролка) За боите во глобала гледај да се некои неутрални, ненападни, но и земи ги во предвид твоите лични карактеристки. Од светли можеш: Бела, екру, бледо сина, песок боја. Од темни: Тегет, бордо, медиум taupe, khaki. Понатаму, можеш да започнеш да си правиш комбинации со сакоа врз кошулите. Исто така, долг елегантен капут одозгора. Сумирано, за да ги искористиш повеќето панталони дома, гради ги комбинациите околу нив. Нови чизми + различни класични елегантни топови + долг капут, за почеток ќе ти дадат добра основа. Исто така, за накит: Часовник, кратки обетки, ремен, добра чанта
Фала ти најмногу Ако може некој да ми предложи каде да барам чизми, обично од овие страните по фб и инста нарачувам, ама не најдов некој ваков модел да ми фати око
@pamelche Нема на што Спојлер: Предлози за чизми Еве неколку предлози за чизми, може да си разгледаш, може нешто ќе ти фати око: (Ти подесив директно на такви пократки чизми, скролни низ моделите) Зара https://www.zara.com/mk/en/woman-shoes-ankle-boots-l1259.html Манго https://shop.mango.com/mk/en/search/women?q=ankle boots Може да провериш и на Фешн Груп, може да има некој модел на намаление. Исто така, Пеко. Нормално и локалните помали продавници, како Биана, Белмондо, Обуча Метро и сл, сигурно има избор. Ако се досетам на некои конкретно, ќе допишам @6utterfly За некоја посебна пригода или мислиш онака, за секој ден?
Сега конкретно за крштевка ми треба, ама би сакала и потоа да го носам па сакам комбинации погодни и за секојдневно носење.
@6utterfly Сега мислиш, овој период, зимскиот е крштевката? Или и тоа е на пролет? Да не испадне лошо сум разбрала
Би одела со собрана коса во пунџа, две праменчиња виткани напред да оставиш малку, ако сакаш да играш на сигурно: розе штикла/сандала, ако не, можеш да вметнеш и друга боја, дали крем, дали бело или нешто сосем друго контрастно. Со шминка би одела со поприроден изглед, особено бидејќи ќе ти треба дневна шминка претпоставувам, ништо пренападно. Нежен златен накит, евентуално висечки обетки, белегзија или прстенче.
@6utterfly Според мене, вака Спојлер: Предлози Бидејќи Март како месец е синоним за баш променлива прогноза, времето може да биде и ладно и топло. Односно, ти составив колажи за инспирација земајќи го ова во предвид: Ладен Март Доколку времето е поладно, тогаш долг елегантен екру капут + светли беж салонки. Косата е доволно да е исфенирана. Топол Март Сличен концепт само скроен за повисоки температури. Односно долг светол тренч + нежни беж салонки. Ако испадне топло за сандали, тогаш вакви. Косата пак, доволно е да биде исфенирана, но може и вака. За шминка За косата, како и за шминката, зависи од твоите лични карактеристки и што ти стои. Но еве инспирација, неутрално и класично, со доза на умерен розев акцент на усните. За накит И во двата случаи, keep it simple. Мала до средна големина на златни обетки + може прстен или бразлетна. Пример за инспирација: Еден од елемените може да биде и пример во форма на цвет. Прочитав во другата тема дека си кума, па затоа целокупната поента е да изгледаш classy и префинето. Без толумби на главата и свадбени кич изгледи Секојдневни идеи Бидејќи колку што можев да заклучам, станува збор за тул фустан, не ми иде премногу идејата да биде носен скроз обично, пример како со џемперче и патики. Но, тоа не значи дека не може никако да се искомбиниран, туку само му се потребни поцврсти-кежуал форми. Идеја 1: Со краток неутрален тренч + меш балетанки во топол корален тон. Идеја 2 Со фармерско палтенце со ремен + темно кафеави антилопни балетанки за есен. Со посветло фармерско палто + крем балетанки за пролет. The end
Ти благодарам за комбинациите баш ми се допаѓаат, се гледа дека ја сакаш модата и си спремна секогаш да помогнеш
Лани го купив овој период околу попустите.Не сум стигнала баш да го носам.Како би го искомбинирале, да се вметне во модерни и класични комбинации?
@Salome Според мене, вака Спојлер: Предлози Не прашав за возраст и лични карактеристики, но претпоставувам дека си помлада. Во секој случај, комбинациите може да одговараат и за повозрасна личност. Претежно се со чизми, дека за овој период. Врз комбинациите, долг елегантен капут треба да се додаде. Капутот може да биде црн, тегет, бордо, екру, сив. Со црни панталони ти е најсигурно, но и со фармерки исто така. Не прашав дали носиш здолништа, но пак црно, екру, темни сиво, тие некои неутрални тонови исто ќе одговараат. Идеја 1 Со класични црни панталони со зглобот + елегантна нежна плетена блуза со бродска јака + црни кожени чизми. Во оваа комбинација, палтото + панталоните, можеш да носиш црна, бела, екру и крем блуска. Можеш и кошула, во истите тие тонови + бледо сина, бледо розева, шапмањ, бледо зелена и сл, зависи кои тонови ти стојат. Идеја 2 Со темни фармерки + црна кошула со панделка + црни кожени чизми Овде можеш и со нежно кафеава/бела/екру/др потемен тон на елегантна плетена блуска или кошула. Идеја 3 Со медиум светли класични фармерки + нежно сина елегантна кошула + црни кожени чизми. Овде можеш и со бела или екру кошула/плетена блуза. Идеја 4 Вака нешто целосен светол изглед, со тоа што можеш вакви панталони или панталони во тон како што е палтенцето на сликата. Идеја 5 Со тегетни или сиви панталони + светла кошула и крем чевли. За сите комбинации, би одговарале кратки обетки + убав часовник.