Jaс имам вакво пудра боја, доле обична бела маичка можеш да облечеш, онаква еднобојна, доле панталони црни или бели, сукња исто така, штикли или чизми.
Женски хелп, фустанчето ми е ваква боја како на сликата, тегет, креп сатен, кратко малку над колена. Сакам да го искомбинирам со крем штикли. Ме интересира која варијанта повеќе ќе одговара дали велвет штикли, сјајни или “кожни”? Што мислите вие? За свадба ми е.
јас би идела со мат, да ‘угасни’ малку, ќе даде сталоженост на комбинацијата. И не би крем, туку посветло, слонова коска, ванила. Може и кафеави, угаснато златни, црни, бургунди. Сепак не е лошо моделот од фустанот да го прикачиш и пригодата за која што ќе го носиш.
Го немам моделот, ми го шијат а немам слика според моја некоја замисла ми го шијат. Таков тегет, сатен, краток над колена, не многу уз тело. За на свадба ми е. Фала на предлозите.
Јас мислам дека подобро би се вклопило со сребрени штикли или сандали на штикла, вака нешто како на сликиве и плус сребрена ташничка / плик. А ако баш сакаш крем, тогаш вториов модел што го имаш постирано мислам дека повеќе ќе одговара.
@arwen93 Според мене, Доколку не е проблем, кога ќе биде готов фустанот, постирај го финалниот резултат Also, ако може да споделиш каква боја на коса и каков тен имаш, плус свадба во кој период? Ова сето заедно ќе одреди каква боја и каков дизајн на чевли највеќе ќе одговараат
@Thirlwall<3 Според мене, вака Спојлер: Предлози Блуската е прилично лесна за комбинирање. Нека не те буни дијамантскиот/геометриски принт или дека е шарена. Бидејќи е во неутрални тонови, можеш да ја комбинираш како сакаш. Јас само би рекла да избегнуваш да ја комбинираш со црно, бидејќи би било утепно. Идеја 1 Ова може да се носи на работа (доколку е некоја канцелариска или од тој тип, пример адвокат, поформална функција и сл). Но може да се носи и на поелегантен настан/вечера. Може да се и комбинира со чизми над колената. Сукњата може да биде и сива волнена или пример, темнозелена кожена. Може и до колена/малку над, не мора строго миди. Идеја 2 Ова како кежуал варијанта може да се носи на кафе или факултет. Или викенд getaway на планински ресорт, тој фазон. Доколку сакаш да е уште полежерно, може и со ugg чизми или општо рамни Идеја 3 Ова можеш да го носиш буквални секаде што ти е од секојдневен карактер. Од вршење обврски низ град, лежерно кафе, дури на факултет. Идеја 4 Ова може да се носи и на работа и на факултет. Идеја 5 Ова може да се носи на излегување, на некој настан, накаде каде сакаш да си подотерана Ако јакатр горе е поширока, може да вметнеш и бела кошула одоздола.
Оваа боја повеќе оди со сјајни штикли, сребрени, плус сребрени додатоци, чанта, обетки. Имам иста боја на фустан и го комбинирам со таква боја на штикла и додатоци. Крем повеќе одговара на црвена комбинација. Барем мене така ми одговара.