Последни да се, црни никогаш не би носела со ваква боја... Одма ќе кажев сребрени, ама видов си пишала сребрени не, така да... Крем исто некако ми е онака 50/50. Особено не со крем ташна. Хм, можда црвени, burgundy ? Али па шо боја да биде ташната тогаш. Али сребрена ти е "најбезбедна опција" според мене.
Планирам да носам бели (повеќе накај крем) панталони и темно плава кошула. Кафеав каиш дали да искомбинирам со бели или црни патики? Кафеави патики немам, а црниот каиш ми се скина сега тоа жалцето. Или едноставно да ја спуштам кошулата да не се гледа каишот, не знам дали би ми одг во било која комбинација.
Апсолутно можеш, бели патики, кафен каиш, сакаш да се гледа, сакаш не. Мене црн каиш и црни патики, во таква летна комбинација на бои, не ми оди. Е сега читам-темно плава ти била кошулата, ама небитно, плаво оди со кафено.
@Mr.Limonko Дали може да постираш слики од парчињата, од кошула до чевли (може и од Интернет ако не сакаш лични). Воедно, што е пригодата?
Панталоните вакви Кошулата обича темно сина Патиките белите овие Црните како овие, со бел ѓон Пригодба не е специјално ништо, за во кафана...
@Mr.Limonko Кошулата е ист модел/крој/материјал како на сликата или е поопуштен модел, како ленените вообично што се? Воедно, панталоните. Каков крој се, долги до долу и класични/прав крој или онакви потесни и до зглобовите?
Поширока од таа на сликата, како на сликата кај Biljarkata, а панталоните до глужд се, ама не се претерано тесни ниту многу широки.
@Mr.Limonko Според мене, Земајќи го во предвид тоа + твоите физички карактеристки, тогаш би рекла: кошулата одозгора + класични темнoсини долги фармерки + црните патики. Носењето каиш + вметната кошула во панталоните бара носење кондури надолу, а и друг тип на кошула. Панталоните едноставно не, особено со патики. Со тоа, ќе дадам најдобронамерен совет иако не го побара Спојлер: Совет Искористи ја облеката во своја полза, не против себе чедо Божјо . Особено при изградено тело и висина. Ова ти е огромна предност. Пример, бидејќи си висок, обиди се да носиш панталони со прав крој кои се долги, до долу, не кратки до зглобовите и над. Ако паѓаат баш под зглобот, но не долги, тогаш со чизми е подобра опција, не со патики. Семи-елегантна пригода како одењето во ресторан без повод: Ако носиш панталони, не мора автоматски кошула. поло џемпер може често пати поелегантен и позгоден да те направи. Ако носиш кошула, не мора автоматски панталони. Со класични фармерки може да испадне пошармантно. Не мора да носиш претесни кошули и блузи, особено ако е поелегантен повод во прашање, ама и нема зошто да се криеш под прележерни/широки дизајни. Сумирано, постојат милион начини како да постигнеш модерен и младешки изглед, а тоа да не биде како што сите носат: кратки светли панталони до зглобови и патики Еве некои идеи за инспирации што мислам дека супер би ти се вклопиле и на карактерот и на физичките карактеристики: Пример бр.3 и бр.5, како и последното, се совршен аутфит за одење во ресторан без повод
@arwen93 Каква боја на коса и фризура е во план, воедно тенот каков е? (Доколку не е проблем да се сподели) @Hortenzija Бидејќи фустанот ти е со прерамки, нема потреба да носиш некои силиконски што се лепат. Туку: Во случај да не најдеш по продавниците, ѕирни ги @mamacita_activewear на Инста. Таму имам гледано такви градници/бодиња за ептен отворен грб
Темно кафеава/костенлива коса, праска боја тен (се размислувам дали да правам spray tanning ама не знам немам правено до сега). Фризура ponytail високо или sleek пунџичка долу со два прамена виткани напред (може и за ова совет што подобро ќе стои). Формата на лицето ми е oval. Ова се некои од штиклите што ми фатија око (не сум за сандала-штикла). Може и некој друг предлог ако имаш. Нискичка сум па не знам дали да земам со малце повисока штикла инаку ми е за денска свадба.
@arwen93 Според мене, вака Спојлер: Предлози За elevated модерен изглед: Оди со класична шпиц салонка - лакована или мазно кожена. Можеш скроз затворена или назад само отворени. За боја, темно црвено како фустанот или неутрална (било кој тон кој највеќе ќе ти легне на тенот) За висина што ти најмногу одговара, тоа. Иако убаво би било малку повисоко, да те издолжи. За фризура, висока snatched пунџичка - sleek bun. Но, во зависност од косата секако, може да пробаш и високо коњско опавче.