Комплет сако со пантолони во светла розе боја, планирам да го носам со корсет и штикли ама каква боја помош?
@Youknow Дали може да постираш слика каков костум и боја поконкретно, исто какви чевли ти се во план? Може и од нет, за појасна претстава
На вакви фустани што одозгора? За сако не се мислам... Општо и идеја за комбинирање и со патики и поелегантни со штикли?
Со бели патики (старки) или рамни сандали беж боја. Со црно-белиот фустан повеќе стои посветла тексас јакна. Може со кожна јакна ама да не е oversized. Вака некоја на пример: Спојлер За со штикли мислам дека крем, беж, кожа боја штикла убаво ќе стои со двата фустани или сандала штикла како на сликата со
@m.bt23 Според мене, Бидејќи станува збор за обични памучни летни фустани, само носење со рамни влечки. За одозгора (само за црниот), земајќи го во предвид неговиот дизајн, евентуално можеш опуштено, не струкирано, тенко тексас палто
Дали е океј комбинацијава за на свадба вака без сако? И дали поубаво, поелегантно би било со тегет кошула? Кондурите се исти како каишот.
Мене оваа комбо ми е повеќе за преку ден на свадба. Сепак за вечерта ми е повеќе со сако. Инаку во глобала комбинацијата е многу убава. Баш погодена за овој период. За кошулата ваква повеќе одговара отколку потемна.
Не знам дали е најпогодна тема, ама мислам тука најдобро ќе ме советувате. За неколку денови имам интервју ( второ, првото беше со видео разговор), па ме интересира дали има посебен дрес код? Дали можам да носам фармерки со некоја покласична маица или попогодно би било класични пантолони? Прв пат во живот имам интервју, се работи за менаџер на поголем ресторан.
Какви фармерки и каква маица? Јас сум повеќе за панталони и кошула.. А ако се одлучиш за маица немој спортска, земи чисто бела или чисто црна зависи што имаш да искомбинираш, и добро би било палто плус.. Исто со бела маица можеш и од оние оверсајз кошули (не знам како се викаат точно) откопчана, ако е претопло за палто.. Исто можеш и штикли и патики.. Ама фармерки и обична маица не ми оди со работа како менаџер. Оди облечена така како што мислиш да одиш кога ќе работиш..
Да, дрес код секогаш има. Јас би одела со класични црни (широки) панталони и најдобрата кошула што ја имаш (без дезени, да не ти проѕира одоздола; ниту претесна, ниту преширока). За фармерки и маица огромно НЕ од мене. Тоа за на кафе со другарки. Ти ја посакувам сета среќа.
Искрено, според мене фармерки и маица не се баш соодветни за интервју за работа како менаџер. Јас би одела со класични панталони и кошула или комплет сако со панталони.
@FlirtBerry Според мене, Зависи од самата тебе (тен, боја на коса) и каков точно е фустанот (ако може слична слика од нет за дизајн и боја). Воедно за каде, што е пригодата и како ќе го комбинираш - чевли, чанта
За невестинскиот фустан ми е. Корсетот е со ред бисери, како и пределот на половината. Ваков дизајн е корсетот, сличен.
@FlirtBerry Според мене, вака Обетки во комбинација од каменче + бисер во ваков некој дизајн, за да одговара на бисерниот детаљ, ама и да се вклопи со остатокот од фустанот. Покрај обетки, можеш и нараквица во тој стил. Спојлер: Понежна варијанта Доколку целта ти е да постигнеш понежен изглед, може и вакви: И секако честитки
Благодарам многу, да си жива и здрава. Дали ќе одговара и некоја огрлица? Планирам да земам или од тему или од Зара/Манго.