Имам и кафени сандалки што одговараат,ама да не е рано со боси нозе на 23ти мај?Што мислите?Тоа се мислам од прееска не знам....
Рано е за сандалки дефинитвно но ако си во сала некаде зошто да не носиш и јас сум на апсолвентска вечер на 18 мај и во план сум сандалки да носам затоа што ако носам чевли ќе треба да носам и хулахопки . Според мене можеш убаво би одговарале кафени сандалки
Мене па ми иде комбинацијава со фустанот и салонките (скрос исти имам ). Јас би го носела тој фустан со тие салонки,зошто да не?
Се согласувам со багуфче мене баш ми изгледа супер таа комбинација и ми изгледа поубаво со кафените салонки одколку со белите сандали. Сепак ти одлучуваш мене ми се допаѓаат бидејќи се едноставни и не привлекуваат некое големо внимание за да изгледа толку лошо. Баш се супер.
miss-bootylicius кога би избирала измегу двата фустани,не знам шо би одбрала навистина првиот фустан би го стеснала и одозгора би ставила чипка,бидејки сатенот ужасно ми е досаден....а вака со чипка ќе се долови поинаков ефект ,посекако сега чипката е и во мода .Потоа на половината можи да ставиш црна тенка лента(не сатенска) за да одговара со црните сандали посвечени...Мислам дека ќе изгледа супер п.с на свадбата пред некој ден каде шо бев,едно девојче носеше син фустан,слична боја на твојот и преубав впечаток ми остави... едноставноо кажано треба некој корекции,а бојата е супер! вториот фустан ми е пообичен,тука одговараат овие чевли шо ги имаш....но ,сепак и на овај фустан му треба некои мали измени долниот дел воопшто не ми се допага,па доколку си во план за корекции на шнајдер можиш да му ставиш тул,а на половината некој камчиња црни kate-the-great мене ми одговара фустанчето шо ти е за веридба и со сиво и со црно,иако јас би го носела со црно а сукњичката би ја облекла цела како фустанче и одозгора би ставила корсет jarec6 можиш и со црни сандали или чевли да го носиш фустанчето бели не одговараат воопшто... иначе почнаа да се носат и сандали на свадба,ич за тоа да не се секираш
Сакав да ве прашам за совет фустанчето за матура ми е тегет боја но има детали со црвено и бело,прерамките му се текни бели дали би изгледало лошо кога прерамките од градникот(бел) би ми се гледали ? бидејќи не сакам ич да ставам силиконски рамки глупи ми се ги мразам...
А прерамките каква боја се? Ако се прслуците со тенки прерамки во иста боја како прерамките од фустанот убаво ќе е. Сега видов, си пишала бели. Можеш бело прслуче, само гледај да не е од оние со дебели рамки ептен што се познаваат. Оние на кои не се вадат рамките се поубави.
Фала ви на одговорите девојки,инаку не знам зошто пишавте бели...нигде не спомнав бели,кафени се и салонките и сандалите,како и да фала на одговорите
^^ Јас спомнав дека убаво би стоело со бели сандали и затоа ги спомнуваат.... Иначе Easyyy слободно пушти Fashion TV или побарај на интернет.....па види дали воопшто не одговараат бели сандали со такво фустанче..... Ќе најдам линк од страната каде глеав комбинации пролет/лето 2011 па ќе ти пратам Ноу хард филингс...џаст мејкинг мај поинт
Оно од пред 1 месец низ град гледав со сандали на 20 степени. На 23ти мај некад било и 30 степени така да нормално е да се носи сандали. Се зависи од временската прогноза, ако е топ времето и топ е за сандали. Откако памтам јас се носат за матура сандали. А матурите се од 15ти мај. Така да јас би носела сандали во мај за свадба.
И јас имам таква кошула, баш како што ја опиша.. Јас ја носам со цевка фармерки, а кошулата ми е надвор(не ми е у фармерките)
plawa на фешн тв сВе и сВашта се прикажува,па голем дел од тие работи ги игнорираме...и не,не зборувам конкретно за мене,туку гледам дека на поголемиот број на женска популација не им се допаѓа,а уште помалку го практикуваат сето тоа шо ќе го видат на тв ете пример да земиме со чорапите кои се носат со сандали иначе мојот коментар е конкретно мое мислење ,не значи дека треба секое мислење во врска со модата да ми е исто со тие од fashion tv или уште помалку со некоја друга личност p.s.ако речам дека не ми одговара да носам чорапи со сандали,не значи дека не следам шо е модерно оваа сезоната
Ја ко што разбрав.. ти рече дека не се носат, а не дека мислиш дека нема да стои и објаснив дека се носат...Далеку од тоа дека ако не ти се свиѓаат не следиш што е модерно.... И ме зачуди твојот коментар дека на поголемиот број на женска популација не им се свиѓа и го практикуваат тоа што ќе го видат на тв. Јас скоро сите што ги знам ја следат ептен модата, и се трудат да го доловат стилот од модните писти или може такви се само жените околу мене... Али не ме слушај мене, ја сум опседната со мода и со тоа што се носи.... Како што реков Ноу хард филингс Секој си има право на свој стил и вкус За вкусови не се дискутира...
не не,пак погрешно ме разбра ....не мислев дека не ја следат модата или дека не се трудат да го доловат стилот од модните писти,туку дека се' шо гледаат на fashion tv не се прифаќа иако се смета за мода...со еден збор сакам да кажам дека не можи да се водиме за се' во врска со модата по fashion tv. има на пример некој модели шо презентираат некое парче облека шо е скоро невидливо,па колку сака да е во мода не би го облекла и не ми значи то дека е изработено од некој познат моден креатор има и многу други работи шо не ми се бендисале,а сум ги видела на fashion tv,а и со многу од нив тука да излезиш така, ќе те гледаат како да си од Марс,шо значи не е се прифатливо од fashion tv мислам дека доволно забегавме од темата sorry на off-топик
Те сватив што сакаш да кажеш и се согласувам со твоето мислење. Нормално дека неможеме да го носиме низ Скопјево тоа што се носи на модните писти. Али сепак има некои кои се трудат тоа што го гледаат на Fashion да го искомбинираат на начин на кој ќе биде прифатен од нашиот менталитет. И криво ми е што светската мода не е прифатена кај нас, али да не забегувам ЕПТЕН од темата... Биди ми поздравена
Хм...Кели мене лично тегет и црно не ми оди многу но ок..прашање на вкус е. А инаку како парчиња може да се искомбинираат на повеќе начини..Следејќи го морнарскиот тренд можеш да искомбинираш со бело-тегет маичка на риги и фармерки од темен тексас, тексас фустанче, црвена маичка и црни шорцеви, тегет сукња на висок струк и крем маичка...зависи и што имаш во плакар. Ако прашуваш за бои само мене тегет ми оди со црвено, златно, тексас, бело, крем, жолто..Ама еве убава комбинација со боите што ги бараш (само таков материјал шорцевите по никако )
Си купив сандали крем боја за апсолвентска, но незнам со каква бја на фустанче би стоеле, па би сакала да ми помогнете малку
Штом се крем можеш со било која боја да ги комбинираш. Јас лично би ти препорачала некоја посилна боја за да не изгледаш монотоно, а накитот направи го исто крем. Таа боја е неутрална па така да не треба многу мислење