@FlirtBerry За огрлица, Срцевидното деколте заедно со бисерниот детал веќе го привлекуваат окото на набљудувачот нагоре и создаваат природен jewelry moment сам по себе. При што ако носиш по-кралски обетки, крупни, немаш потреба од огрлица. Во случај да сакаш огрлица, може да функционира, само треба да внимаваш бидејќи може да биде tricky. Односно, лесно може да испадне огрлицата да се натпреварува со бисерното деколте, наместо да го надополнува. Во тој случај, ако носиш огрлица, мора и обетките да се помали и таа поедноставна/помала/пократка/нежна. Пример:
@Polyincognito + секој друг добронамерен човек што сака да ми помогне. Ситуацијата е алармантна, ми треба за вечерва аутфитов. Значи вака, бринета сум со подолга коса (не знам дали ви е битно нема везе). Сакам да го носам конкретно овој фустан и конкретно овие чизми. Значи истиве работи ги имам, тие се. Е сега кажете ми дали да носам сребрен или златен накит. Од накит претпоставувам само обетки (обавезно), можеби ланче ? Часовник или алки претпоставувам не бидејќи ракавите паѓаат и баш има ластиче доле кај зглобот за да не се лизга нагоре тој лелеавиот дел да ти дојде во врат. Не знам поправете ме. Јас бев убедена да носам првично златен накит и златна ташничка (и како clutch и на сиџирче може да се носи ептен е малечка). Ама другаркава вика доле нитните на чизмите се сребрени па затоа треба и накитот да е сребрен а ташна црна. Ај спобудалев, кажувајте за петок вечерва ми е. Фала женски
@$ophia Значи да не ја случајно сега отворев темата, тагот немаше ни да го видам Сосема извини, не ми стасала никаква нотификација, немој да мислиш намерно не сум одговорила Енивејс, иако веќе поминало излегувањето, јас пак ќе дадам одговор, па ете за друг пат Носењето златен или сребрен накит не зависи само од бојата на косата и аутфитот, клучна улога игра и твојот тен. Инаку, вака земајќи го вајбот на аутфитот, би рекла најдобро е микс: златно + сребрено. Бидејќи ми е рок, ама истовремено honey-flowy. Само со златно би било ептен out of place, а само со сребрено би ми било too plain. Ако сметаш дека нема да умееш како и колку од кое да избереш, најдобро и полесно е со накит кој веќе си е така направен И уште еднаш извини
Нема гајле Се одлучив за сребрено ланче и обетки, а ставив златно прстенче пошто ептен брзав (како и секогаш нели), и во паника тој го земав Ташна црна носев. Битно помина, ама фала ти за одговорот сепак, аутфитов ќе го носам пак во некоја прилика сигурна сум, и фала на одговорот. Фала и на @IRBBB
Здраво девојки, може ли да ми дадете идеи како да ја искомбинирам сукњава за на свадба? Слична ваква имам само црна боја, може не е за на свадба ама немам стварно идеја што да носам, а свадбата е викендов.
I need help поканети сме на матура во кафана дали е ок да носам фармерки светол џинс со висок струк ѕвонасти и кошула со штикли наидов на критики срамота било така требало посвечено од 18 часот е настанот еве незнам ваше мислење
И ја би рекла не бидејќи е светол џинс, тоа е ми е повеќе за денска шема. Исто така зависи од кафаната, пр. Скопски мерак е едно, кафана Ка е друго...
супер. Не си ти матурантката. Важно е како ќе си износиш. Значи секој со свој стил. Кошула и штикли топ
Уште тој 3тиот од зимски попусти да го имаш ко мене и ептен ќе сме исти, во иста нарачка ми беа, тој претходниот, овој и еден со "модра боја" мислам го имаа опишано Убава Чевли и чанта сакам да видам
@Paula123 Не знам дали сега е префрлено мислењето од другата тема, го немам забележано воопшто Иако свадбата поминала, јас пак ќе одговорам, па ете може ќе ти послужи за во иднина Бидејќи е чипка и претпоставувам без постава оздола, најдобро е да се комбинира со подолг горен дел. Е сега, бидејќи е за свадба, треба да биде поелегантно, при што јас би рекла вака: Со кратко црно фустанче одозгора, за да крајниот резулат изгледа вака: Со фустан-сако (не оверсајз сако), за да крајниот резулат изгледа вака: Како трета опција, секогаш одоздола може да си облечеш беж слип сукња, па одозгора да си носиш краток елегантен топ, пример свилен халтер или корсет Топот или корсетот не мора да биде строго црн, може пример шампањр халтер топ или пак дури и елегантен цветен корсет.
Го пиев фустанот пред седум години за свадба на другарка и сега имам фруга свадба за месец дена па се мислам дали е уште модерен за да го носам?
Ако тебе ти се допага и е твој стил да си го носиш. Се што е модерно не значи дека е убаво и дека на секој му стои. Инаку овој модел сеуште го гледам на некои страни ако тоа те мачи, јас да сум на твое место би го носела.
@Witchy-style Според мене, Бојата е безвременска, но дизајнот does read as модата од тој период. Не е грд или несоодветен, но доколку имаш други понови опции, би рекла да ги избереш нив. Aко фустанот ти е единствената опција, би рекла, тогаш гледај да го стилизираш на модерен начин. Под модерен начин мислам на косата стилизирана модерно + модерна шминка + соодветни модерни чевли. Без свадбарски локни или косата натапирана - не ти треба таков додатен волумен одозгора. Бидејќи тоа баш ќе го направи фустанот повеќе демоде. И бидејќи фустанот е општо едноставен, треба да го следиш тој mood - едноставен накит, сандали со тенки ременчиња, шминката да не биде "потешка" од фустанот т.е не прегламурозна/претемна/предраматична, туку да се вклопи соодветно елегантно
Здраво, ве молам за совет што да носам на интервју за работа како келнерка? Не се работи за некое луксузно или елитно место, нормален кафич со игротека. Дали е срамота да одам во фармерки или обични панталони, блуза и кожна јакна со патики?
@LibreGirl Не е срамота, сосема е океј комбинацијата за таа позиција и место. Најдобро е средно кон потемни фармерки, обична бела блуска без никакви натписи, патиките чисти, косата и ноктите исто така средени. Односно, најважно е да изгледаш уредно и пристојно. Со среќа
Не, почудно би било да се појавиш во сако и штикли. Облечи се најнормално, без многу тракатанци и додатоци.