Што има врска посветли потемни фармерки? И што мора бела блуза без никаков натпис? Значи, фармерки, блуза, патики какви што има. Битно да е уредно и добро искомбинирано.
Вајда не мислиш со искинати фармерки на коленици да се појави на интервју? Или со оние глупине кринџови од маици со принтови Сепак е интервју, треба да си уреден, но и претставителен на соодветен начин.
Има. Не може какви било алишта. Ќе оди на интервју за работа, не на гости. Облеката и обувките не смее да бидат искинати или светкави. Мора да бидат професионални и по можност во потемни бои затоа што членката може да се извалка на пат до таму. Инаку нема да остави добар впечаток.
Не мислам на искинати, ама бојата небитна. Ниту пак бела мајца треба, на физичко ли ќе иде Ајдее, какви светки или искината облека побогу. Битно, пред се е да нема трема и добро да се претстави.
Здраво. На свадба сум во Италија( досега не сум била). Свадбата ќе е на некој замок со мешавина на трева и плочник. Јас ќе имам бело цветно фустанче до под колена. Незнам какви штикли да земам? Дали на полна пета или висока штикла. Ете го фустанот.
@Kjutche Да, сосема е океј. Баш делува софистицирано, младешки и свежо поради кројот и пастелно розовиот тон Што значи, не е многу едноставен. За дневна летна свадба е супер избор Само треба да биде убаво и соодветно стилизиран
@Kjutche Дали може да споделиш каква боја на коса и тен имаш? Доколку не е проблем секако. Исто така, каква ќе ти биде фризурата?
Темно кафеава боја на коса, планирам да ја соберам или во пунџа или во висок реп. Во однос на боја на кожа не сум многу бела, нешто како девојката на сликата, само малку посветла
Дали овој фустан може да пројде за летно вечерно излегување? Како би го комбинирале? Ко го порачував мислев едноставен е ама сега гледам дека е "тежок" за комбинирање. Или сепак да го зачувам за взима? Другата опција е овој подолу, меѓутоа не сум задоволна како ми стои после пораѓај, го купив за мотивација и оти мислам "не губи од мода" или многу мислам . Костенлива коса до под рамена, потемен тен со жолт подтон. Евент: Свадба
@Kjutche Нежно златни или сребрени со тенки ременчиња + мала заоблена чантичка. Ти составив колажи за инспирација Класично Фенси Романтично-уникатно @Harper Првиот фустан, на каталогот ми изгледаше Армани вајб и баш за некои летни гламурозни забави. Потоа го видов онака на нет и изгледа поедноставно и од тоа, па, во секој случај, може да го носиш. Најдобро со кломпи, но можеш и со поелегантни рамни влечки. Косата средена, но опуштена (исфенирана, ниска пунџичка, плетенка или зависи како си ја носиш). Аксесоарите исто така кежуал вајб, но семи-елеганти. Ти составив колажи за инспирација, како да постигнеш опуштен елегантен изглед. Boho glam Urban night out Вториот фустан е елегантен и модерен, qipao-то секако е моментален тренд, но и без тоа, не излегува од мода. Но, јас би се подразмислила воопшто за него од 2 причини: 1. Самата велиш дека не си задоволна како ти стои. Е сега тоа може да значи дека навистина не ти стои, но може да значи и дека ти стои, но ти не се чувствуваш удобно во истиот. Што значи, кое и да е од двете, it's a no. Бидејќи покрај да ти стои, треба да можеш да го изнесеш самоуверено. Ова е особено важно за таков специфичен фустан. 2. Втората причина сe твоите карактеристики наспроти фустанот, which got me thinking. Ти си топла - костенлива коса, потемен тон, жолт подтон. А фустанот е во таа vert d'eau/бледо морско зелена што повеќе е icy т.е ладна палета. И ова дефинитивно може да биде tricky - или ќе стои или не, nothing in between. Може да биде одличен контраст, но може воопшто да не се вклопи и да испадне посебно ти, посебно фустанот, наместо сето да биде синхронизирано. Лесно може да создаде утепен изглед. Нормално вака од прочитаното не можам да кажам строго вака е или така, бидејќи друго е да видам на слика. Секако, тоа подобро ќе си процениш сама Ако ти требаат идеи како да го стилизираш за свадба, ќе додадам секако