@Polyincognito скроз затворени напред ќе одговараат? Избегавам да носам отворени бидејќи ми е крив палецот на десната нога
@Polyincognito Гуру Мислам дека само ми требаше "потврда" од уште некој за вториот фустан оти и онака бев повеќе за НЕ, барем засега. Се двоумев измеѓу- "чувај го за потаму ко ќе си позадоволна од својот изглед" и суфлирањето одстрана "е носи го зошто го купи, сега се се носи ". Ко ќе можеш би сакала да слушнам од тебе предлог околу комбинирање на истиот, и како би се нашминкала ти за да се ублажи тој контраст, ако се може.
Mи треба совет како да го искомбинирам комбинезонот за посвечена варијанта (прослава) на пример со штикли или сандали и пo-casual варијанта да го носам секој ден. По можност сакам да го носам со сако горе бидејќи сакам да ги скријам рацете. Би ми значело да ми предложите и соодветен накит.
@Harper Дефинитивно следи си го само сопствениот инстинкт и носи го само ако си 100% сигурна за истиот и во истиот За да го неутрализираш ладниот ефект на фустанот врз твојата кожа, остатокот од парчињата треба да бидат во улога на филтер aka to ground the dress. За оваа цел, најдобро е да одиш со богат кремаст беж или топол шампањ тон, односно тон кој е најблиску до тенот на твојата кожа. Ова ќе создаде мост меѓу топлата и ладна палета, целиот изглед ќе се избалансира и фокусот ќе бидеш целосно ти, наместо да дозволиш фустанот да те надвладее и да изгледате секој посебно во посебен филм За шминка, би предложила toasty makeup. Значи ништо класично свадбарско over the top драматик Ти составив колаж за инспирација: Бидејќи фустанот е жакард, држи го тој ритам fabric wise. Односно чантичката да биде сатен, не кожено. И сандалите да бидат поелегантни. (За сандали може да ги пробаш овие од Зара како ќе ти стојат на тенот - 1, 2 Од накит, keep it the simplest - и само едно парче аксесоар ќе биде доволно. Пример, tennis бразлетна или кратки обетки. Или пак еден прстен во аква тон. Вака држејќи се до неутрален тон кој ти одговара и минималистичка естетика, фустанот може да изгледа ем хармонично, ем elevated @Mrs.Precious Да, може, но зависи и од самата личност како ќе стои. Инаку, бидејќи фустанчето е сатен мора и самите чевли да бидат поелегантни, не класично кожени или антилопни. Пример за инспирација: Исто така можеш и поелегантни балетанки @lala15 Каква боја на коса и тен имаш?
@lala15 Според мене вака, Најпрво за одозгора. Бидејќи станува збор за ленен комбинезон, не гледам како сако овде би се вклопило. Ова не е комбинезон кој се носи со сако и класични кожени или лаковани салонки - тој фазон. При што, доколку ти е потребно рацете да ти бидат сокриени за некоја пригода, мој совет е едноставно да не го носиш парчето и да избереш нешто друго. Ти составив неколку колажи за инспирација како инаку може да го комбинираш: Поелегантни варијанти Со темни сандали со тенки ременчиња или антилоп кломпи + најдобро тип на pouch чантичка за да ја следи лежерноста на комбинезонот. Од накит, доволни се обични кратки обетки, а можеш и часовник. Ако си љубител на накит, може и некои покрупни но лежерни обетки. Кежуал варијанти Во кежуал издание за рана есен или пролет, може одозгора да додадеш тексас палтенце. Изгледот надополнет со антилоп елементи. За кежуал изглед во летната сезона, поелегантни влечки и мала чантичка. За аксесоари исто мали обетки се доволни.
Дали овој фустан е премногу за вечерно излегување? Планирав да го носам со иста боја штикли, ама дали би одел и со бели цветни converse или розеви патики? Исто не знам што би можела да носам одозгора?
Не ми е за со патики, повеќе за со некои сребрени штикли. За нагоре не мислам дека ти треба нешто - ќе се испозатвори цел фустан.
@Lucky22 Не е премногу, баш е супер за сезоната E сега, за чевли. Дали може да постираш какви конкретно штикли, Converse и општо патики имаш во предвид, со слики од нет, за појасна претстава. Воедно, за која возрасна група станува збор, доколку не е проблем да споделиш, отприлика
Идејата за чевлите се овие, повеќе се надевав за патиките дека не сум баш по штикли ама ако мора тоа е Инаку возрасна група 20 - 24; фала ти!
@Lucky22 Првите патики дефинитивно и само нив Тој тип на штикли апсолутно не, значи баш огромно не Самба патиките се по heavy за фустанот, што значи исто така не. И како што си супер млада, а и штикли велиш не се твој фазон апсолутно не мораш да ги носиш со фустанот. Судејќи по патиките, за поелегантна верзија, можеш и меш балетанки во боја која ти лежи на тенот, беж или нешто поживо. Можеш и меш цветни. За одозгора, можеш да пробаш тексас палтенце/тексас надкошула во светла боја, доколку мораш нешто одозгора
А да пробаш со друг фустан? Некако после возрасната група не ми штима едноставно фустанот (макар и додала нешто одозгора).
Не знам, еве ако е 20 години пример за мене е девојче и не ја замислувам (баш заради делов, а не дека фустанот не е убав сам по себе):
Зошто да не? Еве, не ми личи (кажав и зошто без да навредам членка). Носела или не - мислењето ми е тоа.
Не, не пробувам да наметнам комплекс зашто ниту знам како физички изгледа, ниту пак се концентрирав на тоа. Коментирав дел од фустанот за кој мислам дека не е баш погоден. А во принцип сам по себе си е феноменален и никаде не потенцирав за конкретна градба на тело, така што џабе пробуваш да ја водиш дискусијата во друга насока. Здраво е да се нормализираат издржани, различни мислења. Ама јас одвреме-навреме заборавам дека форумов не е тоа што беше.
@eliesaab А кој коментира за градба на тело? Освен самата ти што го вметнуваш сега во некаков контекст Јас коментирам исклучиво во однос на фустанот и неговиот дизајн. Нема ништо вулгарно или несоодветно, особено за млада девојка која истиот ќе го носи на ноќно излегување. I mean, го зумираш дизајнот и покажуваш дел кој опфаќа мал процеп од гол грб со гола половина? You do realize that, right? Значи грб и половина, не гол задник и гола интима