Мене овој фустан не ми оди со патики, премногу ми е елегантен. Кондурите со мала штикла одговараат перфектно. Ако не си тој стил сандали/кондури со штикла да носиш можеш да го комбинираш со златни, сребрени, беж рамни сандали. Балетанките предложени погоре се многу модерни ама мене ич не ми се допаѓаат.
@Adidas888 Дали може да постираш какви точно сандали и чанта? Може и слика од нет, нешто што е најприближно каков златен тон и дизајн. Also, за каде?
Овие сандали, а ташната уште ја неам купено прво да најдам некоја убава златна. Иначе за на одмор, за шетање низ градот, некој ресторан, шознам. Не сакам свечено.
@Adidas888 Според мене, вака Најпрво, не ти е потребна златна чанта. Сандалите, иако се златни, се комбинирани, многу едноставни/секојдневни и треба да им го следиш тој кежуал mood. Во однос на фустанчињата, бидејќи колку што во сеќавање ми останала некоја слика од катчето, си слаба, а сандалите се heavier, најдобро е да одиш со shift фустанчиња. Односно фустанчиња кои паѓаат рамно, може малку поцврсти, кои надолу даваат slightly boxy ефект на телото, за да рамномерно се вклопи изгледот со крупноста на сандалите. Исто така, би рекла не за фустани со тенки прерамки, туку најдобро да одиш со бродска јака, ракави или off-shoulder/голи рамена+ долги или кратки ракави. Пример: За поелегантно во некој ресторан, може и вакво. За чанта, најдобро рафиска/сламена/плетена, за да се вклопи во кежуал летниот дух, пример:
@Adidas888 мислам дека кошула-фустан со миди должина ќе изгледа прекрасно со тие сандали. Дури не мораш златна чанта. Можеш беж,кафена, сламена.
Многу мразам такви широки фустани, така да тоа отпаѓа Едино тој од шестата слика ми се допаѓа Фала ви женски, а каква боја да барам? Јас сакав нешто драч, например зелена боја, дали би одговарала со сандалите? Или портокалова? Беж и кафено знам дека ќе одговара ама сакам сега да драчам малку летово
Ако ја погодиш истата nude боја како на корсетот јас би одела со таква nude сатен миди суќна вака во овој стил.
@AlmaOculta Според мене, вака Поелегантно здолниште во зелена нијанса како таа на корсетот, приближно на тој тон. Вака, со се твоите карактеристики, сметам дека ќе изгледа по компактен целосниот изглед, наместо да те сече. Чевлите и акесесоарите во кафеав или крем тон, зависи што повеќе му лежи на твојот тен. Здолништето може да биде скроз долго, миди или кратко, зависи од колку е свечена свадбата, што претпочиташ да носиш и сл. Исто така, може да биде скроз свилено, свилено со чипка детали, целосно чипка, плисирано, костумско, лелеаво или повеќе уз тело, зависи што ти стои и што сакаш
Едно необично прашање, ако претерувам, pls disregard Имам 2 материјали да си сошијам нешто. Свила, потполно иста нијанса како на сликата. И овој сатен: Што би сошиле? Висока не сум многу, 1.62цм, настан свадба. Не обожавам многу "свадбарски" стајлинг, нешто сакам fancy, поедноставно.
@Harper Доколку не проблем, ако може да ја опишеш твојата градба, за кој тип на фигура станува збор? Воедно, комбинација и од двата мислиш или? Btw ти постирав комбинација за светлиот фустанот од Зара, што бараше совет, на претходната страна, во случај да не ти стаса нотификацијата тогаш
Нотификацијата е тука ама јас не ја кликнав да прочитам и така остана.... Фала ти многу, јас не би ми текнало никогаш да го искомбинирам така. Инаку, форма на тело имам правоаголник. Имам истакнати рамена, средна големина гради, слаба сум ама сега имам меше после царски што би сакала да го "покријам" што значи тесно во тој дел, big no. Инаку комбинација од двете мислев, што знам што мислам...
@Harper Според мене, вака Земајќи го во предвид типот на фигура, потребно е да се создаде подобра дефиниција, а тоа ќе се направи со создавање лажен струк и да се додаде slightly мал волумен во пределот околу колковите, за да сето дојде во сразмер со рамената. Тоа може да се постигне со фустан кој има повисок раб, а надолу или се раскројува како A-форма на здолниште или има насоберени фалти кои создаваат лажен елегантен волумен. Тесно секако нема да одговара, а на овој начин си во плус бидејќи секако сакаш стомачето да ти биде прикриено. Земајќи во предвид фактот дека станува збор за сатен/свила, еве неколку дизајни за инспирација: Spoiler: Предлози А можеш и вака, скроз целиот што паѓа Во односи на материјалите, секако можеш и двата, и зеленото и ладниот минт, само да не бидат искористени во 50:50 сооднос, туку едниот да доминира, другиот да биде во помала застапеност. Пример на што мислам, како да не се еднакви: Секако, се зависи од дизајнот. Може надолу да биде wrap effect здолништето во една боја, а од малиот дел од половината нагоре, градите - друга боја. Или пак основата во едниот тон, а странично или само половината - во другиот тон Земајќи ја во предвид твојата висина, мислам најдобро би било миди должина или евентуално долго до зглобовите