@mal.ecka Според мене, вака Бидејќи сандалите се таков дизајн, не треба да бидат потешки од фустанот. Односно, иако имаат летен кежуал вајб, нема да одговараат со тенки лелеави фустани, туку летни фустани кои се поцврсти на материјал, а воедно структурата да биде волумен во комбинација со струкирано. Значи ниту целиот тесен, ниту целиот преширок без никаква дефиниција. Пример за инспирација: Исто така, покрај фустани, можеш и вакви комбинаци: Кежуал, ама пак цврст материјал во комбинација со slight волумен во едно од парчињата Спојлер: +предлози
Што мислите за фустанов за на свадба, не толку блиска свадба. На попуст е во зара од божем 6500 на 1800, имам еден претходно сличен со реси, го отепав од носење по свадби. Инаку сум висока 168, М - величина. Што мислите како за жена во години (31)
Абе едни години што се 31, не зезај. Јас го имам фустанов, топ е. А тебе ако ти се допаѓа како ти стои, не гледам причина зошто не би го носела.
Хахаха ако си ти жена во години јас сум за во старечки дом. Може за свадба зошто да не. Свечен е. Ако си се допаѓаш во него и се чувствуваш добро земи си го.
@troublemaker94 Според мене, не. Од едноставна причина што фустанот на моделот стои како краток, но таа е 178 висока. При што, на пониска висина ќе дојде миди. А бидејќи паѓа надолу раскроено и волуменозно, без никаква дефиниција, како миди, сметам дека ќе стои чудно-широко. Воедно, би рекла не и поради типот на мајндсет. Фустанот бидејќи е специфичен, треба и да соодвествува на карактер кој зрачи со друга енергија, за да биде изнесен
Другарките ми го исхејтаа бил како елка новогодишна ради бојата и пулејките Мене па ептен ми е автентичен, поразлично од сите други што се слични едни на други. Искрено не знам каква е бојата во живо, дали е баш ваква. Ви благодарам за мислењата.
Ако тебе ти се допаѓа терај Мене искрено не ми се допаѓаат такви фустани, бар не такви шо се пошироки во половината. И дај не заебавај, жена во години на 31? Па животот само шо почнува на 30.
Сличен порачав од Тему,должината ми стои како на моделот од Зара,само е Роза боја,баш ќе сликнам,и јас го планирав за свадба
Ајде помош девојки Фустанов за свадба со какви штикли да го облечам? Во план бев друг фустан ама тој преголем ми беше и го земав овој ама другиот ми беше светло сина боја иза него се сребрен накит..е сега овој е златен што да правам дали да го ставам ланчево што е на сликата имам и долги обетки ама некако ми е натрупано.Имам и престен со нараквица што оди на рака со сребрени пеперутки или да си купам златни високи штикли и да не ставам ништо?
Можеш ли да ми пратиш слика од корсетов во лп? Сакам да нарачам а не сум сигурна дали стои е убав и цврст во живо
Крем сандали. Од накит златни обетки и евентуално златна алка. Сребрено мене не ми се допаѓа како стои. Со ваков фустан дефинитивно less is more.