Со бела кошула е класичен погодок, ама мислам дека и со бордо, темно зелена или виолетова би било топ. Нема утка , каква кошула/ролка и да носиш, само да е без дезени, во посилна боја и со неутрални ташна/обувки/палто и златен накит би било топ.Ако носиш бела кошула, би одело и со некој додаток во силна боја на пр.бордо чанта/чизми/палто
Јас имам вакви неколку модели и бои, ги носам најчесто со ролки. Можеш со бела, не знам каков ти е стилот јас не сакам монотонија па на ваква носам виолетова. Буквално секоја боја одговара, зависи како се носиш.
Јас би со боди на долги ракави. Бело или црно. Тенки црни хулахопки (15 DEN или 20 DEN), и црни високи чизми.