неодамна си купив штикли со чипка, нешто слично на овие, значи бела е основата, и со чипка одозгора. Е сега да ве прашам со кои бои би било убаво да се комбинира освен црно- бела комбинација? омилена комбинација ми е црно-бела, но многу ми е монотоно некако, сакам да сменам малку
Прво,ги знам штикливе многу се убави Е сега јас па не би ги комбинирала црно-бело зашто малку досадна варијанта ми е со циклама можеш и многу убаво ќе стојат со сиво,со лила.После можеш ти пак во црно да си се облечеш и штикливе и накит и каиш да разбиеш во др боја .Според мене со се можеш да ги комбинираш.
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) И патем, дали би ги носеле штиклите и со што?Имам таква зелена блуза како штиклата.
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) Jaс не би ги носела.. незнам некако не се мој стил, не ми се свиѓаат
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) Фемина јас би ги носела, не знам што се имаш по дома, пророшкај по плакари и искомбинирај...не ме бива за модни совети па затоа не предлагам ништо. Штиклите се супер...
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) ^ И јас би ги носела ,баш ми се необични и типски
Јас би ги искомбинирала штикливе со црни панталони или суќна и горе некоја сива или бела маичка. Исто може и да се искомбинира со нешто дреч црвено како каиш, кармин или накит )
Мислам дека добро би одело со нешто виолетово и сиво.. на пример сиви плишани штикли виолетово болеро, каиш, накит и слично.. а за косата мислам ако имаш долга коса можеш исправена во ниско репче на страна )
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) Не е мој стил ама да имам зелена блуза , би облекла некои панталони и би ги носела . Финтата е тоа , да бидеме различни . Можам да замислам комбинација со штикливе и искрено супер ми изгледа
Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа) Би ги носела да, обожавам се што има благ шпиц,како што и сами можевте да видите
wow преубава е ...претпоставувам дека е со висок струк па би ја искобминирала со бела одична маичка, нешто како Јана од идол кога ја носеше цветната сукна ( добро може фустанче било ама во тој стил ) а доле црни штикли што се горе продолжени ( на врзување горе )...ланче не би носела само црни висечки обетки...
Со било каква само не со тиркизна или црна.Со бела ,розева,сива или како овие сега со цветчиња ( рамбовче или на кратки)
Со црн корсет, по можност горе во срцевидна форма Сукњата крената негде до под градите, зависи од должината, бисери бели, од тие долгите завртени 2-3 пати околу врат, и црни високи штикли по можност со отверени прсти. Убаво сукњиче.
Охооо колку многу комбинации можеш да направиш Како што се осеќам у моментов би ја носела со едноставна маичка во шеќер боја (онаа боја меѓу црвена и розева) Со едно убаво сако што го имам во плакар и кремасти високи салонки со отворено прсте И мала кремаста плик ташна. Само сукњата нека биде на струк ако имаш тенко црно каивче може да и ставиш, ма да и не мора вака си е доволно украсена. Еден впечатлив краток гердан, косата фатена ниско и лабаво во пунџа и нежна шминка... Филмски.
Па би можеле да се искомбинираат со нешто по едноставно, зошто самите по себе си се комплицирани.. Некои црни панталони на пример, со зелена маичка, а може и со сиво- сребрена и црно палто..
Девојки ајде малце помош, сакам да купам некое сако или некоја поелегантна јакничка не знам како да објаснам :/ и да искомбинирам со црно, тесно уз тело фустанче, црни лаковани штикли и црна лакована плик ташна. Ми треба предлог каква боја да биде сакото?? Знам дека одговараат скоро сите бои, ама ми треба конкретен предлог за нешто што го има низ продавнициве и не е екстра скапо