Модни критики за храбри феминки Лелеле Juicy истата ташничка вчера ја гледав овде во Штип сакам да си ја купам но ја немаше во црна боја па затоа не си ја купив сега се каам,ај после Нова Година А инаку ми се допаѓа комбинацијата
Женски...А да го носам џемперчево? Сакам да го носам со црн капут и црни високи чизми.Да го носам со црни или потемни фармерки? И каква чанта да земам? Вака пример дајте ми,боја,големина..
Ако имаш црни панталони, или потемни фармерчиња носи го со нив и земи од они чантичките плик што се (или нешто слично) со црни чизми, обетки, црна мармама или шалче и црни ракавички. Мислам дека ќе биде добра оваа комбинација за средношколска забава.
Аааа, жени, не ме советувавте, а јас си купив обетки и црни со циркони и црвени И сега кои да ги носам?
Стави црвен накит, обетките што си ги купила и некое црвено ланченце и црвен кармин. Мислам дека убаво би било, а на плавите им највеќе одговара црвената боја.
Феминки ајде малку помош ако може. За Нова Година ќе носам темно сини фармерки, кафени чизмички, кафеав каиш и темно маслинеста блузичка во V отвор и 3/4 ракави. Е сега, не знам каква боја обетки, ланче и алка да земам. Што мислите? Јас мислам нешто дрвено кафено, голема округла алка и обетки, ланче да не е премногу.
Срц дрвен накит сакаш или? Ако сакаш така, можеш кафенко ете, и со цветчиња некои зеленки, маслинасти. Ако не, бронзено-кафенко, нели, со камчиња зеленки. А ланчето со зеленко маслинасто камче, големо, зависи каков каиш ќе носиш, сепак ти си знаеш.
ВАјлд Чајлд, супер МНогу секојдневна комбинација, а и боите ми се супер искомбинирани. Ти препорачувам да ги искомбинираш со дрвен накит Алка и обетки или ланче Убаво да си поминеш
И јас сум за дрвен накит! По можност комбинација некоја од кафеавко и темно маслинесто.Некои нијанси кои што ќе одговараат,секако.. А ланче зависи какво,на V блузка баши незнам како би стоело (Ако сепак не носиш ланче,стави поголеми обетки и повеќе алки )
Вака мислам. Ќе си земам три алки вакви дрвени (малку посветло кафенки), Или една голема кафена округла алка. И вакви обетки: Фала ви.
Ако сеуште си немаш купено,мој совет,купи си од тоа дрвенаријата во Рамстор што е тоа како тезгичка.Има исти вакви обетки и разни дебелини на алки
^каков рамстор бре, скапо е битпазар му е мајката за бижутерија....или зелено пазарче (со послаб избор) вака иде мало јас да ти кажам.....без разлика на алката.....поситни обетки + ланче, а ако се погломазни и впечатливи тогаш без ланче се носат
Гоу бе немој да го предомислуваш малото! Таман се реши! Поскапички се во Рамстор ДА,али стварно се преубави.И сите алки се со преубави бои,меѓусебно сите можат складно да се комбинираат. Јас додуша за 300 стотки си се скоцкав со обетки и 3 алки! (Ама и направив реклама на тетката )