Бидејќи и самата кажа дека може со секоја боја,али бидејќи сакаш некоја попристојна цена,отиди до Купи евтино имаш сакоа за 450 денари. Има црвено,бело и кремасто. Јас кога би купувала би земала црвено
Јас би ти предлозила да земеш кремово со тричетврти ракавцина подвиткани, подолгичко но струкирано баш исто такво забележав низ продавнициве во Прилеп околу 1800 ден е мислам супер би одговарало
Јас би ја искомбинирала со едноставна црна блузичка на топ, црни сјајни (но не многу) штикли, и не би ставала многу накит зашто самата сукња доволно е впечатлива, така да акцентот на целиот изглед паѓа на неа. Мислам дека доволно би било само висечки црни обетки и прстен и црно или црно-бело ташниче.
Со што можам да ја искомбинирам сукњичкава? Знам дека квалитетот на сликата е лош, но се надевам дека ке ми помогнете.
Овие сукњички се баш хит сезонава и многу ми се допаѓаат. Би можела да ја носиш со бела рамбовка , бели балетанки и бел впечатлив накит . Е сега зависи од твојот стил , јас би ја комбинирала така и можеш мало ташниче од оние што се носат на страна (не знам дали имаат посебно име) Edit Нешто вака, само јас би избрала без јакната
јас би ја искомбинирала со бела мајчка и некој интересен шарен наките косата пуштена и можеш да ставиш некоја цвет
Лавли, ако може намести ја со висок струк и стави широк каиш за да држи и со некоја кошула и штикли какви имаш од боите на сукњата.
Девојки вечер ќе одам на матура кај другарка, ќе слави кај неа дома, сакам да го носам , што да облечам на нозе?
Многу ми е спортско сукњичево, не ми е ко за на матура. Инаку ми одговара баш со патичиња за дневна прошетка. Подобро нешто друго да облечеш за приликава.
Ептен ако сакаш да одиш во тоа суќиче јас мисла дека најдобро ќе одговара со балетанчиња ( иако мислам дека е спортско за на матура )
се двоумам меѓу сукњата и црно фустанче... изгледа ќе треба фустанчето да го носам ама се плашам да не бидам само јас пресвечено облечена, сепак дома е...
Ако сте помало друштво и дома можеш да ја носиш суќничката, но со балетанчиња. А зошто не се облечиш во некои панталони или фармерки и некоја маичка што ќе одговараат на штикли и така нема ни да си елегантно ни да си превише спортсо а и нема да ти е неудобно.
Е јас не се согласувам, сметам дека другаркати е матурантка а не ти, па што и да облечеш нема никој да ти замери, сепак ти си таму за да и покажеш колку само таа ти значи, да бидешдел од убавите моменти од нејзиниот живот , а дали ке носиш патики или елегантен фустан не е важно, важно е што ке бидеш таму. Да сум јас другаркати не би ти замерила никогаш, битно е да се чуствуваш супер во тоа што ке го носиш и да бидеш весела и насмеана и секогаш до мене. А најдобра комбинација сепак се балетанките за ова се сложувам со останатите
Вечерва планирам да идам на предматуска забава во еден кафич сакав да носам фармерчиња од ваква слична нешто малку посветла нијанса на боја и тегет салонки се мислам што да облечам нагоре,некој предлог ?