Еве едно лилавко фустанче јас мислам дека ке ти оди (го комбинирав со штикли исти како твојве но лаковани) ,но можеш и да си играш со боите твој избор
Јас најдов уште нешто од мајка ми Панталонките ќе ми ги стесни бидејќи ми се широки. Предложувајте ми со што да ги носам посебно панталонките и елечето бидејќи заедно нејќам да ги носам оти ќе се осеќам како првооделенче во комплетче. Дај те и слики за да биде посликовито
srcki ako moze pomosh od vas? idam na maturska vo petok sea i sum taka po krupna da kazam debelka sto da nosam nz ,sakam da se doteram a da licam poslabo pls help
Скај, и јас имам од мама слични панталончиња. Црно-бели се така? Зошто и како тегет малку ми делуваат. Јас ги носам со црна кошула, со подвиткани ракави, црн каиш и зависи од расположение со црни или црвени штикли. Елечето би го носела на фармерчиња, со балетанки и обична маичка(црна или бела). Или пак со хеланки и долга кошулка и повеќе ланчиња. Missy16 црно секогаш прави да делуваме потенки. Така да, ако имаш црно фустанче би завршило работа. А со црно имаш и слобода во бирање накит.
Црната облека прави да изгледаш послабо,така да купи си црно фустанче и искомбинирај го со друга боја накит,ташничка,чевли...само да не е со црвено зошто веќе таа комбинација е здосадена,може само црвен кармин... позз се надевам помогнав малку
еве предлог црна боја не мора и фустан да биде нека бидат панталони или фармерки во потемна боја акцентот стави го на горниот дел можеш кошула или маича во посветла нијанса и стави некое герданче или марама или пак од овие сукњите цветните со коланче и маичка да не биде се во црно
Тегет се Старфиш. Проблемот е што јас немам еднобоја кошула. Сите ми се вакви во коцки. Missy16 Можеш да облечеш некое пошироко фустанче , сега таквите се носат и на половината стави тенко каишче. Не ставај дебел каиш бидејќи ќе се стегнеш ептен.
Во понеделник сум на матура кај најдобрата другарка, во кафана, меѓутоа бидејќи паралелно учи во две средни, не сакам да бидам нешто специјално облечена за оваа матура (во едното е втора, колку што има и години, во другото е четврта, каде не посетува редовна настава, но полага). Идејата ми е ова фустанче, кое го нема повеќе на страната во нијансата во која го имам: Ова е чипката: Од позади: Тоа што е тука црно на моето фустанче е бело, прљаво бело, а тоа што е бело на сликата е на моето фустанче бледа розева боја. Делува многу префинето и отмено, тамам за моја возраст. Имам дебел кафен колан од Мона кој е преубав и го ставам на вакви едноставни фустанчиња кога има потреба, а сега не сакам да ја уништи убавината на чипката и самата едноставност која следува со фустанот. Како и да е, мислите ли дека треба? Другото прашање е какви чевли...Планирав кафени, многу ги сакам овие бои мешани во комбинација. Имам едни од Бершка кои не можам да ги најдам на нет и се нешто вака: Малку пониски, односно околу 6 цм се високи, имаат машничка напред, многу убава на косо ставена. Штиклата е ваква само поубаво изгледа бидејќи се и повисоки од овие на сликата. За крај, каков накит, коса..?
Фустанчето морам да кажам дека е многу убаво, ептен. Јас колан не би ставила бидејќи како што гледам горе е како корсет. Ако го носиш со кафените штикли стави си кафен накит, иако јас би го носела со бели или бледо розеви(нејќам многу мешање на бои). Косата можеш по твој избор, иако јас би ја носела како пунџа со некои дискретни и нежни менѓуши.
ehrgeizig123 ако одам со чевли во розеникава, бела боја ќе бидам како деверуша/принцеза што не сакам. Пробав и така пред огледало ама што е многу, многу е. Барем мене ми беше. Благодарам за фустанчето. Во Модни критики (за не толку храбри феминки) имаше предлог да се пише што од каде е. Фустанчето е од Pimkie, секако го спуштиле откако јас го купив. Не можеа порано.
Сефорче и од мене пофалби за фустанчето Е сега вака Мислам дека не би одговарал каиш ,фустанот иако е едноставен сепак си е доволен сам по себе и би било Ту мач ако се додаде каиш. Можеш да го искомбинираш со кафени чевли и таков накит.Или па црни чевли и таков накит. За мене лично,незнам колку си таков тип ако сакаш нешто по нежно,најубаво би ми дошло со златни сандалки и златни дооолги менѓуши ,на пример ,кои супер би му парадирале на откриеното деколте на корсетот на фустанчето. Шмиката,што понежна-тоа поубаво.Можеш некој по не-драстичен смоуки ајс со кајсијаст или бледо розев сјај.Ма ти со шминката знаеш најубаво,во тоа нема сомневање Косата пуштена брановита.Или пак доле брановита и горе малку фатена.Знаеш што мислам да не постирам слики
Така и си мислев, и мене не ми одеше со колан. но викам ајде да прашам, сигурно да ми е. За косата така ми е најубаво, ама толку мразам како ми стои тоа е чудно едно.
Девојки, утре сум на апсолвентска забава, и ми треба ваш совет ... Фустанчето што го одбрав е во морнарски стил - бел корсет, тегет сукња и црвено лаковано коланче. За да изгледа поелегантно, одбрав тегет салонки со отворен прст и тегет плик ташна да одговара на нив. Е сега, ме интересира каков накит да ставам - бидејќи фустанчето е едноставно и не трпи огромни обетки или циркони и штрас ... за да ми одговара коланчето, одбрав црвено панделче кое ќе го ставам на косата и бидејќи не ми е по вкус премногу накитено, планирам да носам мали обетчиња (од бело злато) со едно камче, речиси незабележителни се ... Ме интересира дали да побарам некакви обетки или да ги носам овие маливе...
Да, нешто така. Тоа доколку фустанчето е кежуал. По тоа јас како си го замислив во глава дека изгледа ми изгледа фино на тој начин да е носено.
Сефора многу ти е убаво фустанчето. Но, јас би носела посветли чевли (кремасти) бидејќи фустанчето е многу нежно. За шминка не ти се мешам а косата ти е многу убава во пунѓа и би ставила ланче или големи обетки, алка, ташничка во јака боја за да разбие монотонија