Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Женцки, едно прашање. :makeup:

    Денеска, покрај сите продавници кои ги преорав, не си најдов никакво убаво, едноставно ланченце и си купив сребренко синџирче со црвен украс на него, минимален. Е сега, јас ќе носам темно сив фустан, со црни чевли и ташна, планирав ноктите секако да си ги лакирам црвено... Ама некако ме буни, не знам да не претерам со боите... :sweat:

    Да напоменам, чевлите и ташната ми се најобични, црни и лакирани, а фустанот си е свечен. Нема некои шари, само обична, темносива боја.

    Иии ?? :?:
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    јас мислам дека супер би изгледало со црвена нијанса да не бидиш цела во исти бои подобро е контра да си играш со боите да ги мешаш ;)
    позз :*
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Јас мислам дека е најубаво да постираш слики од се, затоа што вака секој ќе си направи своја слика во главата. :)

    Во секој случај црвен лак за нокти убаво би стоел, ако е комбинацијата онака како што мислам.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Јас мислам убаво ке биде така, нема да претераш со боите ;)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Нема да биде претерано, 3 бои се. Таман црвените нокти и привезокот ќе дојдат до израз ;)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    ЈАс би ставила златен накит..обетки,и алка некоја :)
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.396
    и јас сум за црвени ноктиња ќе изгледа супер ;)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Алка - тоа би било како белегзија, нели? :D
    Ако ги носам тие обетки, ќе ставам саат на рака. Не сум баш мерак по белегзии :)
     
    На Devojche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    504
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    малце помош :)
    ми текна една комбинација па не знам дали се се совпаѓа

    вакво слично имам без прерамките горе

    Сакам да го комбинирам со црни салонки и тегет палто ако може за другите работи малце помош се мислев за вакви и имам вакво слично прстенче
     

    Прикачени фајлови:

  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    затоа што рече дека е морнарско јас би одбрала дрвен накит со сламена (оние плетените) ташна е сега така ке добиеш по спортски или како викаат кежуал стил.....мислам дека морнарското така го сложуваат ...... :^) барем јас така те разбрав.....Важно е тебе да ти се свиѓа
     
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    јас би ставила и црвен кармин :*
     
  12. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    женски имам една дилема одамна, па ми треба ваша помош. Имам црвено фустанче кратко над коленици, тесно и без прерамки со малку деколте во вид на срце. Кај деколтето фустанчето има мал детал со циркони кои не се како сребрени него повеќе имаат онака дијамантски бел одсјај. фустанчето на лик е како на сликата на линков само што не е набрано, а бојата е како на вториот линк.

    http://www.google.com/imgres?imgurl...5&gbv=2&tbm=isch0,684&itbs=1&biw=1024&bih=605

    http://www.google.com/imgres?imgurl...=1t:429,r:9,s:74&tx=43&ty=34&biw=1024&bih=605

    е сега моето прашање до вас, со какви сандалки да го комбинирам, исто и ташничка? значи фустанчето ми е за свечена пригода и мн сум ограничена во избор поради светкавиот детал. накитот ми е минимален, убетчиња како циркони што одат дирекно на уше без висечки додатоци, за да не е пренападно. со шминка ќе одам нешто понежно, единствено сум во дилема што со обувките.

    сакам класична салонка само отворена во прстите и на платформа, но каква боја? дали црни, црвени или сребрени. сребрени салонки неможам да најдам, со црвени е посложено пошо мора истата нијанса да се најди и ако најдам се мислам ту мач да не биде се на црвено.... па се мислам за црни сосема обични и комбинирано со црно ташниче мало и тоа обично... :tmi:

    мислење....?
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Јас би за крем салонки. Црно-црвена е многу досадна комбинација веќе, црвени исти многу монотоно, сребрени лични мене не ми се допаѓаат.. мислам дека со кремасти би било убаво, земи си и таква ташничка, лак за нокти, кармин или сјај таков нежен... нека не те бунат тие цирконите ;)
     
  14. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    ох мимс, таа ми беше прва замисла и баш барав секаде такви месо боја салонки, па и прашував тука некој дали знае кај да најдам... па нема избор воопшто то е проблемот, неможам да најдам такви никаде :( зато се откажав од таа замисла и заглавив со црвено-црнава досадна комбинација :) ако имаш видено некаде такви месо боја салонки па и високи на платформа кажувај одма да си ги купам :P
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Во ГТЦ кога влегуваш од кај соравија од таа страна, на прв кат одма првата продавница, незнам како се вика, мн убави има 1800 се мислам.
     
  16. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    фала :) не сум од ск али ќе гледам што побрзо да дојдам и да ги најдам...
     
  17. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Мое мислење е да го искомбинираш фустанчето со класични високи салонки ЦРНИ и црна тачнишка, слободно можеш некоја во форма на плико, црвено лакче, а за шминката, црн туш со мат црвен кармин. преубава ќе бидеш.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    504
    имам ваква слична сукња само кај мојата боите се малце по темни се мислев да ја носам со црна рамбовка и црни хеланки ама не знам со кој чевли не знам дали ќе одговара обична црна салонка ?
     

    Прикачени фајлови:

  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Никако со хеланки. :)

    ..можеш да ја носиш со топ.
     
  20. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    со црна/бела рамбовка и црни салонки ако е оваа должина не ти требаат хеланки.