добив поклон вакво исто ланче, само цветот е сив http://cgi.ebay.com/Europe-elegant-Roya ... 2929wt_905 мн ми се свиѓа , само не знам на што да го носам.. некако на ништо не ми одговара
Во сабота сум на свадба, кај не толку близок другар и имам фустан нешто како на сликата само што е со широки прерамки,не ракави и отпозади е исто на V. Памук со ликра е нешто материјалот, сакам да кажам не е нешто свечен. Е сега, дали да го носам, да не е глупо зошто е така пообичен, а свадба е? И ако веќе го облечам што аксесорис да ставам? Ташна и сандали во виолетова боја, може?
не е глупо носи си го подобро да бидеш по едноставна отколку накитена носи го со сандали и мала ташничка во било која боја и можеш ланче или некој брош да ставиш и хулахопки месо боја да не се познава дека носиш од оние за на сандали што се за да не ти бидат голи нозете и да ти зацрвуваат многу по културно е така поздрав
кога носиш нешто црно тоа значи дека за остатокот ташна и чевли можеш да си играш со бои. Што и да ставиш ќе ти одговара, се разбира ташната и чевлите да се иста боја. Јас бар уште се држам до тоа правило
Карак и јас така размислував, да облечам сандали и ташна во иста боја ама не црна, да си ставам накит или некој брош. Моделот на фустанот ми е ок, ама тоа материјалот ми задава главоболки. Повеќе како за преку ден е, а ова е сепак свадба Во секој случај фала
ако не си билиска мислам оној најблизок круг, а прочитав мислам дека не си тогаш оди така како што си замислила. Јас бар не сакам сите очи да се вперени во мене кога сум гостин на нечија свадба како гостин број 50 хехехе али затоа кога станува збор за најблизок круг тогаш сум де бест сепак близок се мажи и блештам и јас така да не се преоптоварувај лесно но убаво ти е права ствар
Девојки,да ви го доловам изгледот бидејќи немам слика Имам едно како корсетче со две танки прерамки,со копчина,тегетно е и со цветни дезени,копчината му се црвени.Дезените се некое бело,црвенкасто плаво.И сакам да го носам со црвена висока до под гради тесна суќна,да го ставам внатре тоа корсетчето како и да го речам.Дали би стоело?Ако сум во можност утре ке сликам и ке пратам слика.Но мислам дека имате претстава за што станува збор.Фала однаред
пааа додека читав очекував некаде на напишеш дека ќе биде внатре, многу нормално и јас така си комбинирам корсетчиња со сукњички и убаво изгледа како фустанче! носи го така без проблем!
Имам едно фустанче, слично како на сликава (без машна е моето и од поубав матерјал, од напред има мала чипка, ама тоа е дизајнот) и зошто немам пари да си купам ново за Апсолвентска вечер сакам да го искомбинирам со вакви слични сандали. И сандалите не се скроз исти, ама таков сличен модел се. И сеа прашањето ми е, дали да ги носам со скроз проѕирно хулахопк(тие што не им се познава затемнето за прст од напред или со црни темни хулахопки?) Ја би ставила и тиркизни хулахопки, и брош ама да не ме гледаат сите чудно Што мислите?
Носи ги со проѕирни,немој црни зошто многу ќе те затвори,а и некако презимска комбинација ми е,зошто толку да се затвараш?Нема потреба.Е сега јас не мешам многу бои таква личност сум,за ова со тиркизното нека ти каже некој друг.А помеѓу проѕирни и црни дефинитивно проѕирни
вечерва одам на матурска кај моја роднина па да ве прашам дали со сукњата или со панталонита да го искомбинирам сакото и блузичката,и дали да носам сандали или чевли??!? јас типувам на чевлите!
Со панталоните дефинитивно Инаку и јас имам исти панталони. Јас сум за оваа комбинација,со чевлите не со наланите.И без сако.