Сиво одговара со црно,розево,може и со кафеаво (зависи до нијансата на сивата боја),со крем,(ама потемна крем боја)
Можеш слободно да си играш со боите, но зависно за која пригода ти е. Ако си посмела облечи чевли во јака боја, нешто што нема да е дежа ву. Сини или розеви чевли одлично би изгледале.
Драги мои феминки ХЕЛП Имам едно вакво како на сликава подоле, убаво е и многу убаво ми стои ама муката е дека е цело црно!! Баш ваков е моделот топче горе па паѓа пошироко кај стомакот автоматски нема можност нешто да разбијам со каиш...а неќам така цело црно да го носам и само црвени штикли на пример досадно ми е веќе! Некоја друга идеја?
^^ Морам да се согласам со Сефора. Комбинирај со накит, во ведри, весели бои. Ако имаш и друга боја штикли, супер, ако немаш накитот и чантата барем нека се двојат.
Денес си ги купив онака не планирано ми се допаднаа па ги зедов со што би ги носеле вие ? во дневна комбинација или за ноќно излегување ? Воопшто би ги носиле ли ? Мене ми се слатки удобни се ем..
Кенди за дневна комбинација се совршени . Преубави се , ми се допаѓаат . Можеш со некоја сукња , само немој целата цветна да се облечеш , многу натрупано ќе е . Можеш некој цветен додаток . Можеш и со фармерки да ги искомбинираш , убаво би дошло Со здравје да си ги носиш
Имам исто црно само малце пошироки во долниот дел (пошалварски се моите) и полесно за комбинирање не сум имала никогаш! Каков сакам накит таков ставам, во различни бои, јас ги носам и со римијанки и со штикли и со ниски сандалчиња...баш со се! Понекогаш носам и болеро во друга боја одозгора и накит во таа боја! Значи играј си со накитот и со тоа ќе го ,,разбиваш,, црнилото на овој прекрасен комбинезон!
Исто и јас, имам вакво слично и си го комбинирам со најрасличен накит а најмногу сакам да го носам со римјанки
девојки црни ’’полу-шалвари’’ (така ги викам оти скоро ич не се растресени) со што да ги искомбинирам? мислев со некое тесно маиче.. а на нозе, што ? фала од напред
Зависи каде планираш да ги носиш,мене ми се допаѓа со римјанки,ниски сандалчиња или па со балетанчиња за по кежуал комбинација или па со топ и со штикли за вечерно излегување.
За полуматура ми е па затоа прашав,но решив да го исконбинирам со некое розево или црвено ланче Сепак,фала ви многу.
Супер се. Жолта ташничка, жолта блуза, жолто венче, жолто ланче.... изгледаат и за удобни да ги носиш ич не му ја мисли. Не мора да си пчелка се во жолто, само еден мал жолт детал или жолта блуза рамбовка.