Можеш да си ги носиш, зошто да не? Јас жолти балетанки комбинирам со црно, бело, некогаш зелено ама внимавај ако сакаш зелено да носиш со нив тешко се комбинира, со сино играј си.
Денес си бендисав една корална рамбовка, ама се подзамислив пред да си ја купам. Немам никаква идеа со што би можела да ја комбинирам за вечерно излегување Почнувајќи од рамењата па до средина на грбот беше со памучна,како плетена чипка. Ени ајдија? Спојлер Ваква боја е
IndieGirl убаво ти рече Марама , играј си со боите , ама пази со кои бои . Не носам ништо жолто ама ако ги имам пример ете твоите балетанки би искомбинирала со нешто кремасто , бело , сиво , сино Не мораш целата жолта да бидеш или повеќе парчиња облека да ти се жолто , можеш и само некое парче накит , или марама Ноеми , многу ми се свиѓа бојата на блускава што ја стави , ама ептен Мислам дека можеш со некои неутрални бои да комбинираш . Можеш да комбинираш со фармерки , јас така би . Или па со некоја сукња со висок струк
Можеш со кафеаво , со сиво , со црно. Можеш само некој моден додадот во друга боја да ставиш и оваа една бојна маичка и ќе бидеш топ.
Ноеми јас би ја носела со бели кратки панталони. Вака нешто Сандали на плута во таква корална боја Некоја типска ташничка. Мх Мх
Девојки!! Само што купив фустанче, без прерамки не можам да најдам слика знаете како за градите дел и одоздола ластик. Е сега горниот дел со се ластикот се црни надоле е шаренко, ама без прерамки прслукот ми паѓа, а со тоа и целото фустанче помалиот број ептен ме стегаше не можев да дишам, а овој очигледно малкуцка ми е голем. Ќе биде ли екстра без везе ако си го носам прслукот со прерамки, нормално црни? Проѕирни прерамки мразам, мн ми се лизгаат и лепат ептен ми се незгодни. Ве молам совет некаков, или кажете некој трик било што за утре ми ееее, немам време да го носам да го стеснат или да зашијат прслук внатре
Ај кажете ми со какви штикли , палто и накит да го комбинирам фустанчево. Ново ми е многу ми беше убаво морав да го купам ај помош плссс. еве ви сликичка
Со црни немаш утка и онака самото фустанче по себе е шаренко. Само не можам да видам дали е црно или сивкасто, али како и да е ќе одговара супер со црни штикли и палтенце.
можеш со светло (бледо) розеви.. а и мислам дека со што и да го искомбинираш подобро ке биде без каишот некако тоа со свети ептен боде во очи
И мене некако ми е темно за со црно да го комбинирам, а со розеви па светло .со сиво дали би одговарало?
Aко е посветло сиво секако може, да не е ептен темно накај црно нијансата. Или крем или розе или сини чевли, сеа знаеш идеална комбинација тешко се прави зашто дома немаме секаква боја чевли. Одбери посветли некои, немој да ја затвараш со црна чевла зашто така го затвараш целото цветно фустанче кое ептен ми се допаѓа. Стави обетки прстенче и шибај
јас би го ставила на розво нежно кратко џемперче со исто таква боја штилки со отворено прсте или истата комбинација на сива боја ако случајно се немаат тие варијанти би играла на кожно кратко палтенце и црна сандалка или со прсте отворена чевла мислам дека ќе изгледаш светски
Дечки да ве папаат мечки Ајде девојки мои креативни дајте по некоја идеја, екхм, плис Значи фустанот кој го сакав за на свадба, не го најдов (извини Роси, не можам да ти го дадам, шмрк, го распродале ко алва) па го земав овој со тоа што целиот е нежно розев со црна лента под градите. Сакам да носам црни чевли и црна плик ташна. Е сега накитот ми е знак прашалник. Имам секакви обетки и алки, посвечени, само де кажете ми што мислите дека би идело на ова? Јас се мислев за долгнавести, впечатливи сребрено - црни Ама.... А бојата е точно ваква со црната лента.
Пирамида, можес да носис такви обетки само да не бидат многу гломазни, зосто гледам нежен е фустанот, гердан никако, може исто така понежно прстенЧе. Убав помин