Едит: Аха Епа јас мислам може со црни чевли и плик ташна (таман да дојде контраст малце на розевата), а за накит предлог бр.1 некои висечки сребрени менѓушки со камчиња розеви или така некоја по неутрална бледа боја, или немора со камчиња, може да бидат и другачие, или пак по бледа златна, исто висечки Спојлер или и можеш алки сребрени (или зависи која боја ќе ја носиш) тенки да наредиш и меѓу нив некоја ко со камчиња. или предлог бр.2 Ако несакаш висечки, можеш некои малечки ама впечатливи исто во некоја неутрална боја Спојлер и да ги комбинираш со многу бисери околу врат. Инаку Едит2 - Многу ти е убаво фустанчето
Ла Чика, значи моделот е идентичен со фустанот од првата слика, односно тој е фустанот, но боите се идентични со фустанот на втората. All clear Houston?
Убав е фустанот Пирамидо,многу.И јас би носела црни кондури и ташна ,а за накитот кај мене Помалку е Повеќе. Само обетки некои сребрени,бело злато или црни, убаво си пиша. А алки,ланчиња не би носела.Само некој убав прстен,повпечатлив. Спојлер Ама имам едни обетки што би ти одговарале
Пирамитке и овој фустан ми одговара Шала на страна црн накит секаков иде, алка или прстен и обетки се доволни. Јас би одела со ваков модел обетки, со камчиња црни http://www.facebook.com/pages/Delfinas- ... =1&theater
Па углавно ми беше идејата со висечки, да не вриштат затоа што сепак сум едноставно облечена, а сепак да се впечатливи а не незабележливи. Плус затоа што планирам ваква некоја фризура. Виткана, растресена, па потфатена или позади или странично. Ла Чика фала за опширниот пост, ооодлични идеи! Фала на сите - знаев јас дека треба тука да се обратам...не е дека немам ич идеи но неодлучна сум бре. Водолијското во мене проработе и тоа за тривијалност ко накит Ќе искомбинирам се можно и неможно па ќе се решам белким за нешто. Фала уште еднаш Ах да, Роси, епа штом ти одговара, ајде. На аукција го давам после веселбата
Пирамитке идејата за фризура и фустанчето ти се супер. Да треба јас да го носам не би ставила црн накит за да не бидам целата во розе-црна комбинација. Што и да решиш да ставиш нека биде гооолемо бидејќи фустанчето е едноставно, бојата е нежна и имаш простор да ставиш нешто нападно И убаво да си поминеш
А да пробаш со некоја по жиш боја Со корални обетки ама не нападни како на Жаде или Доринда туку онака скромнички И прстен таков некој голем впечатлив. Или сина боја ...јас сум некако оваа лето по боите Убаво да си поминеш !
Девојки ми треба ваша помош. Ископав една блузичка од плакар, ама не знам како би ја искомбинирала. Блузичката е нежно розевка, со цветчиња. И сега баш дека е цветна, имам и каиш кафен дали тие две работи заедно да ги искомбинирам, да биде нешто Vintage style или не? И што накит би идело со ова?
Каишт ми изгледа подебел,мислам дека поубаво би стоело со некој потанок кафеав каиш,иначе супер ке стои.
Незнам како планираш каишот да го носиш, мене едина идеја на памет што ми паѓа е да ја носиш внатре во фармерки (бидејќи некако пократка ми изгледа ) и каишот да го ставиш обично на фармерки... Иначе одат заедно (во однос на боите океј ми е мене) Накит можеш едноставни тенки алки да ставиш, ланче не ставај да не дојде натрупано горе... И на коса можеш некое венче( трака, шнолка) така светло исто
Веќе кошулата е пресечена со врвци кои се стегаат затоа за вакви кошули не е каиш. Најдобро е да заборавиш на каишот, никако не го ставај врз кошулата зашто ем е дебел ем ќе има така кошулата 2 каиши. Имаш опција само во случај да ти е долга и тој делот кај што се стега да ти е во фармерка, па на гајките од фармерката да го ставиш каишот. Иначе девојки кое фустанче од овие две ви е поубаво? Глејдате го моделот, на второто сигурно нема да ставам плиш него друго материјалче и тоа во јака летна боја претпоставувам крем и корална. 1. 2.
Мене повеќе ми се допаѓа второто,само како што спомна и ти смени ги боите,кои суптилно ќе ги изразуваат на пр. твојата боја на очи,или твојот тен или нешто што посебно знае да те изрази.... Ова првото ми е некако веќе видено...
Росоњерче мене искрено првото ми е поубаво..Само тоа што виси надолу да не е толку долго.. Инаку поубаво ми е и пограциозно некако...
Росонерка јас се заљубив во првото,искрено ептен ми се бендиса посебно горниот дел кај рамото а долниот дел убаво ја истакнува фигурата.Значи првото
Росонерка ги гледам и двата веќе 5 минути и не знам кое . Убаво кажаа првото е некако видено ама па многу е убаво . Ств не знам кое .. Второто за нијанса ми се допаѓа повеќе од првото
Пирамитка и КрејзиЛејди и јас сите ги сакам, ми помогнавте Meне па второто ми е веќе видено, зашто низ град видов слични со појас, нешто во тој стил се, а и посвечено е, пола матурантки носеа такви фустани со појаси. Сепак мислам дека првото ќе е, а мене па ептен ми се свиѓа тоа што виси а и таман е летно, плус јас имам тело песочен часовник па тоа што е доле собрано ќе ми ги намало колковите, а горниот дел ќе ми изгледа плус поголем со карнерот на раката. Фала сепак на одговорите
Роси може јас? Бидејќи не знам за што настан станува збор, ама ќе го земам во предвид фактот што иде лето, би се одлучила за првото. И тоа во иста боја! Некако ми делува по лепршасто, лесно за носење, со многу можности за комбинирање. А и посимпатично ми делува. Плус олеснителна околност е тоа што ќе ти кажам дека во Матекс 100% го имаш истиот материјал.