Апсолутно првото... Само ако шиеш или имаш најдено да купиш некаде јас би одбрала друга боја не сум баш по розевото иако оваа нијанса е нежна. Но тоа веќе станува прашање за личен вкус и стил.
Женски ми треба помош... на свадба сум за неколку недели и планирам да шијам ваков модел на фустан само долниот дел да не е ваков балон, туку право да паѓа. И oвој модел да сандали. 1. Како ви изгледа комбинацијава? 2. Ташната ми е проблем, не знам каква боја да биде сива, бела, црна? 3. Од накит што би ставила? Само алка, без огрлица/ланче? или?
^Не ми се допаѓа комбинацијата на фустанот со чевлите,од проста причина што ќе биде многу "Змијасто" Така да или еднобојни чевли или еднобоен фустан.Чанта ти одгвара било каква.Дури и некоја во јака боја да ставиш.На пример корална,тиркизна,љиљакова,зелена..Со таква боја накит Роси и двата се убави ,ама првото ми е по летно така И со се тоа доле што виси,обавезно Баш тоа ми го прави фустанот интересен
Па комбинацијава е ок, но јас не би одела така свадба, сепак не ми е свечено ич. Незнам каква боја планираш да ти биде фустанот, но ако тој е шарен, штиклите би требало да се еднобојни. Јас би си ставила и алка и ланче , а можеби и обетки некои помали. Сепак не препорачувам ваков фустан за на свадба
Вака сега Росонерке....вториот модел од минатото лето до сега го видов 1000 пати со секакви материјали и бои искомбинирано и искрено веќе ми се смачи од него Затоа јас би ти рекла првиот модел
Rainlover и јас мислам да го шиеш исто како на сликата зошто ако го направиш без тоа ќе биде многу обичен , јас барем така замислив . И можеш некои кремасти или маслинести па и зелени сандали
Епа вака. Дали би излегле надвор со вакви панталончиња? Овие се на мајка ми уште на времето, ама како што гледам ваквата мода се врати. Само не сум сигурна дали да ги носам, да не изгледам како кловн? Со што би ги искомбинирале вие? Ииии, дали да ги скратам кај ножичките или да ги остаам, дека подолгички се отколку што изгледаат на сликава.
Интересни се Мене прво што ми падна на памет кога ги видов е да ги скратиш да ги направиш како панталончиња со висок струк, или како обични панталончиња (така ќе имаш повеќе опции за комбинирање), ама ако несакаш остави ги и вака, ама извади го каишот (ако се вади), со друго тенко каивче поубави ќе бидат
женцки овај фустанов ви се допага ли? за крштевката го купив,е сега кажувајте идеална комбинација,ама не сакам да го носам со сребрени чевли
Па, би можела и со црни чевли салонки или сандали, црна ташна плик или слична, и црни обетки. Мислам дека би одговарало според моите модни познавања А тоа брошчето, нешто слично на цвет ти е, можеби можеш да го извадиш ако комбинираш со црно, зашто вака на бел ми личи
Cамо тоа не го сакам кај фустанчево,брошот сребрен е така нешто,ама не се вади никако,вчера пробував,ај после ке поставам слики со што планирам да го носам
Девојки си купив вакво фустанче слично само горниот дел е малце срцевидно.И е бледо розева боја со ситни сиви бели цвекина.Е сега проблем е со што да го искомбинирам со каква ташна,чевли накит.
Можеш со сиви или бели балетанчиња и ташничка преку рамо,слатка така како фустанчето. Од страна на накит,не се трупај многу бидејќи фустанчето е доволно шарено.Доста е некои мали обетчиња.Можеш и со штикли да го носиш летото,отворени сандали.