Скај мене ми се допаѓа, само не ги знам кондурките какви ти се, ама и со штикли ми иде, и со сандали и со балетанки
скај многу е убава комбинацијата , шорцевите се многу убави. Јас на нозе би облекла или некои сандалки на полна пета или пак римјанки или слично
И јас имам исти вакви баш оваа боичка така ми стојат некако немам храб рост да ги носам а и како што не сум мн. по комбинирањето со боите страв ме е да не правам утки
Од ниско имам само сиви балетанки, црни римјанки,бели сандалки на пуна пета...би можела со сиви балетанки, сива ташна и дрвени алки кои ќе ми одговараат на каишот Да Марамке на тие кондурки мислев
Бели патичина, бело блузе,наочари со бели рамки(или розеви уште поубаво би стоеле) и розева или бела чанта....прекрасно ќе седат
Кенди со што и да ги болечеш гледај да имаш повеќе додатоци во таа боја. На пример ко ова со белото што ти кажаа погоре. Со тегет, знааам дека имаш тегет штикли и некое тегет корсетче, маиче, стави розеви обетки, ланче или некој друг детал и спремна си
^ Јас би ги носела со бели, вакви патичиња + Бела обична рамбовка + ташна со некоја китеста апликација + очила за сонце. И спремни сте.
И јас имав исти вакви, и си ги убив од носење додека бојата не им избледи. Ги комбинирав најчесто со некои неутрални и посмирени бои, воглавно бела, сива и црна. Но сепак често знаев да си ги носам со зелено ама јака зелена, со жолта (омилена ми беше таа комбинација) вакви фармерки, жолта кошулка и жолти балетанки и розеви обетки и алки. Оваа нијанса на розевата ми е омилена и не е многу тешка за комбинирање, само бара храброст
Ај да ве прашам да ми помогнете малку. Си најдов едни сандали од пред 5 години и не знам дали уште се носат вакви, дали да ги носам или да си ги оставам кај што ги најдов? А може и некој предлог со каква ташна да ги комбинирам ако веќе може да ги носам Еве ги :
Ако сакаш да ги искомбинираш можеш тоа да го направиш со црвена ташничка или дискретно црвено каивче но јас искрено не би ги носела мислам дека се демоде поздрав
Мене не ми се демоде, ќе ги искомбинираш убаво и ќе си ги носиш А за ташна незнам, тоа би зависело од целата комбинација
Јас би ги носела, убави ми се. На црно фустанче најобично и дискретни црвени обетчиња. Или за на кафе, со тесна фармерка, и некоја маичка повесела. Јас не би ставила ташна црвена, некако ептен ми е... освен ако нема слични детали како сандалите.
Јас би ги носела сандалите. А за демоде, мислам дека денес кога толку многу може да се експериментира со стиловите, гардеробата, не би требало да гледаме што се носи во моментов, туку да го носиме она што ни се допаѓа. Комбинирај си ги со се. За чанта црвена, црна, кафена, или во некоја од боите со кои ќе ги комбинираш сандалите.
Супергрл јас би ги носела, не ми се демоде, баш се класични и обични. Можеш со се да ги комбинираш, само стави некое такво слично тенко каивче како ремчињата на сандалите, некој друг црвен додадот како обетки или алки во сличен стил, и фурај ги, со тегет, кафеаво, сиво, црно, крем... можеш 100 комбинации да направиш. Со едноставни фустанчиња, со фармерки, со кратки панталончиња... Зависи и од комбинациите можеш да експриментираш со изборот на боја на ташна... Ако си ептен во еднобојно одбери црвена ташна, ако носиш нешто пошарено одбери црна или во некоја неутрална боја Носи си ги, убавки се.
Ја имам добиено маичкава на поклон, би ја носеле ? некако мн. бебешка ми е а и + не знам со што би ја искомбинирала ..ја немам носено никаде ниту еднаш така ми стои.. Спојлер
Зашто бебешка бре Кенди? На прв поглед малце е чудна во делот кај половината (ластикот е чуден) ама што знам, за дневни прошетки со фармерчиња цевка и балетанчиња, или со тексас кратки панталончиња и со некои римјанки или балетанки зашто да не носи си ја
па заради ова напред кај градите со копченцата што е како карнерче мн. бебешко ми делува А и некако мн. не е мој стил...ретко носам вакво нешто па затоа чудно ми е
Еее Кенди воопшто не е бебешко. За секојдневна прошетка сега е супер. Можеш и со фармерки цевка, и со хеланчиња и со кратки панталончиња можеш со балетанки или со сандалки.
Супергрл и јас би ги носела . Не ми се воопшто демоде , класика се Можеш со фармерчиња , ете ќе ставиш некој додаток со таа боја и супер ќе е Ич не се двоуми дали да ги носиш Кенди , чудна ми е и мене на прв поглед ама кога ја загледав убаво , ми се виде убава Можеш со фармерки , или панталони кратки , со хеланки .. Лето на плажа можеш