ти благодарам лин би сакала мислење за фустанчево, се двоумам дали да го носам на свадба, што мислите? инаку во комбинација со сандалки кремаво-црни
фала ви на предлозите, за накитот добар предлог лин може и со дрвен, инаку највеке се двоумам ради тоа што е малце краткичко, да не е несоодветно за на свадба???
Па тоа зависи колку си висока, сликни се облечена со него ќе ти кажеме Инаку, ако имаш што да покажеш, зашто да не
ете прееска баш позирав и се глеав едно пола саат, еве слика само квалитетот не баш сјаен со телефон е сликано
се заљубив во ова халинче.Кога го видов 1 пат мислев дека е сукња со корсет.....ама како и да е преубаво е.Е сега сакам да го шијам за свадба,па ве молам да ми дадета предлог какви сандали т.е боја да купам.....ја сум за црвени а вие пишете ваш предлог ПООзззззз
Преубаво е само без додаток етикета Мислам дека супер ќе изгледа со црвени лаковани штикли како каишот, со отворени прсти
благодарам многу,се недевам дека ке најдам чевли по мој вкус.....се рзабира црвени(лаковани) заборавив да напишам за чантичка,дали да барам иста црвена како чевлите или може и бела како на сликата што е
Како и сите претходно шо искоментираа мислам дека црвени штикли би биле најдобар избор. А и фустанот е баш..
Јас мислам црвени или тегет. Какви и да купиш ташничката нека остане бела За накит можеш некое нежно прстенче и нежни мали обетки, од бело злато или слично. Да не биде нешто црвено или бело за да не дојде ко униформа
Ова си ти на сликава??? Wow какво тело!!!!! Да не бидам офф топик фустанчето е сон,мислам дека доволно би било само црвени штикли,црвен лак и некоја белезика за на рака,не мора друго ништо од накит
Е па јас контра од сите...бели чевлички.. Види каква гардероба имаш по дома, дали ти преовладува на пр. црвената ...Да не се лажеме колку толку црвена боја те ограничува и не секогаш ќе имаш можност да ги носиш чевличките (плус треба и чантичка да си купиш)...па мајка му криво ќе ти биде да ги гледаш како си стојат во плакар. Се зависи што и како имаш по дома, колку имаш можности за комбинирање. Значи јас кога купувам нешто гледам да е што попрактично и нели да можам и почесто да го носам...сега како ти си сакаш, сепак одлуката и изборот се твои.