знам дека ке бидам ограничена со црвени штикли,но сепак јас сум за нив.Имам уште со неколку работи во плакарот што ке можам да искомбинирам така да дефинитвно црвени.Е сега најверојатно ке купам и црвена ташничка за да можам да можам и после тоа да си комбинирам со штиклите. Кога ке завршам се ке се сликам и ке постирам слика да ме видите Ви благодарам на сите
Анелија денес го видов фустанечето во Ламас, ама баш истото. Ако те мрзи да шиеш ссеа знаеш кај да си го купиш
Мене поубаво ми стои како топ Сефорче.. Спојлер А патем прашано..што јадеш ти девојко ..Еве ти рака за телцето
Со што се хранам? Лесковачка ми е втора љубов. А и јас не знам како сум се спуштила за 2 недели на 52 кг, кога имав 56. Диети не држев, на исхрана не се ни обидов да пазам.. goddess.Of.chaos сукњата е од Страдивариус, 10тина, 12 евра. Ќе пробам со топ и такви големи обетчиња, ми се допаѓа на Старфиш замислата.
леле Sephora што нема маж ми еден брат, да те правев јетрва ем згодна ем убава, ем јас ќе си бев се убаво нашминкана
Не носам толку ниски штиклички јас лично, но ми делуваат супер. Носи си ги, убави се, стандардни се, не им поминува мода на овие обични штиклички. Со долг шарен фустан мислам дека би биле супер
Модни критики (за не толку храбри феминки) Денес си купив еден корсет кој ептен си го бендисвам еве од напред каков е....цел е со чипка... а еве каков е од назад Планирам да го комбинирам со пантолони исто ваква боја со бели сандали.. овие обетчина исто денес си ги купив и ова чанте или можеби ќе си купам поголема чанта од LV имам забележано дека има бела со крем.... Што мислите вие? P.C.Се извинувам за лошиот квалитет на сликите
Те молам само не купувај пазарска чанта од Луи Витон, мене ми се најгрдите чанти тоа Ова што си го сликнала е ок, само јас не би идела на иста боја панталони, зашто не сакам еднобојни комбинации, монотони ми се, ама тоа е се вкус. Јас би го носела на тесна фармерка со многу темна нијанса или црна панталон тесна ако сакаш посвечено
Модни критики (за не толку храбри феминки) Не не ,корсетот не е бел а и панталоните не се бели,крем боја се...и не ги комбинирам со црно туку си бело... кога ќе се облечам ќе се сликам и ќе видите дека убаво седат...
Lover јас мислам да ги смениш менѓушите, го уништуваат некако корсетот.Тој е толку нежен, а овие ми се пластични и груби.
Мое мислење....какви чевли таква ташна...за да е покреативно некој амблем или машнична можеш да ставиш во др боја да дели....на пр ако ти се крем и панталоните црни чевли или некои интересни впешатливи и различни обетки дефинитивно...да си одговараат со чевлити или ассесоарот на ташната
јас имам вакво фустанче не маичка, го комбинирав со крем ташна и штикли а за менѓушки така кратки можеш како дијамантчиња ќе ти одговараат