Девојки вака сега јас да ве прашам нешто : Имам корсетче нежно розево , иизвезено со монистри бели и прозирни мн убаво ми стои но ми се гледа малку и стомачето е сега за 1 месец сум на веридба па сакам тоа да го облечам но со што да го искомбинирам (стомачето насакам да ми се гледа )??? ме мрзи да го сликувам сега покасно ке ви доставам и слика
Со сукња со висок струк, или панталончиња со висок струк. Ако не си љубител на облека со висок струк тогаш врз него облечи сако или некое палтенце што ќе ти биде закопчено и малце подогло.
Да јас се помислив на сукња со висок струк , со панталони топло ке ми биде сред лето е , ама дали оди корсет со висок струк ?дет ис д куесчан ?
Оди зошто да не. Тоа ми е една од омилените комбинации што сакам да го носам. А инаку за панталони.. можеш да најдеш и кратки панталочниња со висок струк, но за веридба повеќе ми идело со сукња мислам.
можеш да го носиш со сукња со висок струк или шорцеви.. бојата може да биде и бела заради цирконите ама нека не те ограничува тоа.. пробај неколку бои пошто сега се носи доста шарено да се сликаш да ни покажеш како ја искомбинира
Jас би со темна цевка фармерка, и некоја штикла иста или слична боја како корсетов доле,или балетанка евентуално... Со сукња некако ептен разголено ќе ми е,и нога разголена и рамена,а тоа не ми е нај нај.
Феноменален секси изглед а при тоа гламурозе ќе постигнеш како што кажа Мацалов со темна цевка фармерка, некои посветли штиклици,или ако немаш посветли можеш и темни ама со светол каиш. А за нај нај изглед, добро со моливче или уште подобро туш потенцирај си ги очите, добро стави маскара и некој кармин што ќе остави впечаток. Стави некоја алка поголема, мини чантиче,големи обетки и ќе си топ. убаво да си поминеш кога ќе го носиш и на ни се пофалиш. Се најдобро Еве некој предлог Спојлер http://www.google.se/imgres?imgurl=...1&ndsp=26&ved=1t:429,r:8,s:0&biw=1366&bih=607
Луѓе вие читате дека девојчето пиша дека и се гледа стомакот малку, а несака да и се гледа. Зошто би изгледало вулгарно со сукња и корсет? Секако сукњата нека ти биде малце подолга до над колена негде и тесна. Еве ти комбинација со корсет и сукња
Мислам дека според зборовите на девојчето многу поубаво би било со сукња со висок струк, нормално не некоја многу кратка. Мислам дека би било совршена комбинација.
Девојки би го носеле ли ова,жолто е со ситни црни точки и сакам да го носам со црни хеланчиња до под колена и црни балетанчиња,ама некако не знам да не бидам смешна зошто баш е жолто јако,јас сакам жолта боја за лето ама да не сум смешна?
Јарец јас обожавам жолто. Само не сакам хеланки до колена. Носи го со долги хеланки или со кратки панталончиња. Инаку би го носела и те како.
jarec6 ако твоето е премногу жолто тогаш... јас лично мислам дека е баш модерно, инаку сликите се од новиот vogue
Јарец јас мислам дека убаво би изгледало на кратки црни панталончиња или пак тексас,со балетанчиња или некакви сандали
Со што да ја искомбинирам блузичкава? (тоа на горниот дел на блузата е цветче црно со бели точки и бело пувче ) Да го комбинирам со хеланки или панталони ? Каква боја? И каква боја на пуфче за коса да си земам (мислам дека ќе одговара со блузичкава) Накит? Хелп плис ,мене воопшто не ми оди со комбинирање бои