Јас би ти рекла да разбиеш монотонија малку. Ако си похрабра би ти предложила некои панталони во јака боја на пример црвена или шеќер боја. Ако не тогаш искомбинирај ги со црни цевка панталони ама разбиј со балетанките и чантата во јака боја (црвена, шеќер,зелена убава..). За пуфче за коса би одела со нешто што ќе се слага со цветчето на маичката. Бело-црно точки така нешто..
Кате не ми изгледа толку долга блузава за хеланки, јас би со темни фармерки или црни пантални. А за летово може и крем/маслинести како долниот дел од блузата. А ако сакаш можеш и со црвени или жолти ама тоа е вкус не секој би го носел тоа. Инаку јас не би носела пуфче, зашто едно веќе имаш на блузата. Долги обетки, алка, прстен тоа би одбрала од накит. Боја на чевли и ташна можеш црни или крем или па можеш и бело дека имаш горе кај пувчето.
Кате јас би го извадила пуфчето и би го носела со црно, бело или пак со фармерки. Не знам зошто никој не ги спомнува, па мене со се ми одат фармерките. Можеш и со кратки панталончиња. А за боја не може некој да ти каже со таква точно затоа што секој има различен вкус. Ете јас со фармерки/ панталончиња би го носела и со црни или како другата боја од блузата обувки.
со што би можела да комбинирам едно фустанче(не баш фустанче нешто како туника незнам ама пократко е до задникот е)кафеаво на балонче за на гости?
Девојки како да искомбинирам вакви пантлони .... Значи каква блуза (тесна,широка ) и какви ч евли .... Дали штикла,плута,балетанка....
Можеш топ цветен или некој едно боен , на пр корална боја ,црвена , кафеава , сива. И доле можеш сиви балетанки , или салонки и сива ташна , или пак некоја друга боја што ќе ти одговара на каишчето.
Зависи каде ќе одиш. Ако ти е за дневна прошетка со балетанки и маичка на куси ракави. Ако ти е за вечерно изглување со штикла и топ, или пак по мој вкус, штикла и кошула(можеш од оние пошироките, а и тесна). Ако ти е за на кафе може со чевли на плута и кошула. А што боја се?!