Видов дека некои ми рекоа дека убаво одговара корсетот со предходните панталони, а некои не, така да сеуште се двоумам дали да ги носам заедно или не. Туку место тоа решив да пробам да видам со друго да искомбинирам... Дали е подобро овој корсет со овие кратки панталончиња?
лично мене не ми се допаѓа поарно панталоните да ги инскомбинираш со светла блузичка или нешто др а ако сакаш панталони куси нешто некоја потемна боичка
Дефинитивно подобро Секси Ич не се мисли, вака е супер комбинација и се разбира со истите чевли (од модни критики каде што ја постираше првата комбинација )
А со црни кратки панталончиња добро би било или многу обично ќе биде? Се во паметот ми се врти дека имав некои црни кратки панталончиња...
Еве поразбуричкав низ плакарот и ги најдов. Црни се, само од телефонот дека ми се сликани и бојата е грдичка на сликиве. Инаку вака изгледаат: И сеа... со кои? Многу сум неодлучна... само се двоумам....
Ако може помош дали би ми одговарало кратки панталонии тесни крем боја , корсет избледена црвена и вакво ланче ( само ланчето е градирано од потемна сина на средина кон посветла на краевите )
И јас би комбинирала со светло розе рамбовка и исти такви штикли/сандали/балетанки Спојлер Да ја сликнеше, па да не просветлеше